ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Недела 33: 1995 - 02.06-08.06.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.049
Поени од реакции
34.732
Рекордни десет филма од 1997! Браво @McLovin и @Џонтра Волта ! :bravobe: :bravobe:

Одиме на следното патување низ времето:

1712506414307.png

Недела 25: 1951 - 07.04-13.04.2024

Родени се: Фил Колинс, Курт Расел, Стелан Скарсгард, Џефри Раш, Анџелика Хјустон, Робин Вилијамс, Мајкл Китон, Марк Хамил, Кетрин Бигелоу и многу други.

Починале многу актери меѓу кои не најдов некое многу познато име.

На филм дебитирале: Џеф Бриџис, Чарлс Бронсон, Џон Касаветес, Леонард Нимој, Вилијам Шатнер и многу други.

1712507062274.png

1712507013553.png

LB листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/24th-academy-awards-oscars-1952/
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.858
Поени од реакции
11.057
25. 1951

Strangers on a Train

strangers_on_a_train_-_h_-_1951.png

Како што е споменато во насловот, филмот е за двајца странци кои се среќаваат во воз. Едниот професионален тенисер, другиот психопат и фанатик, кој се обидува да му ја продаде идеата на тенисерот - како да убиеш без да бидеш фатен? Тенисерот ја мрази својта сегашна жена, во процес на развод. Психопатот го мрази својот татко. Тука гледа одлична прилика за совршено убиство, замена на убиените, т.е тенсерот да го убие таткото, другиов да ја убие жената. Тенисерот, нормално не се согласува и си заминува, но работоте излегуваат од контрола кога фрикот ќе реши сам да ја земе инцијативата во свои раце и да го започне планот.
Интересен плот има филмот, убава идеа. Ама времето во кое е правен, не ми е по ќејф. Ако беше правен во 90тите ќе беше одличен

3.5/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.049
Поени од реакции
34.732
Имам јас уште еден од 1997 што го гледав неделата кога бевме таму, но не стигнав да пишам, зашто прошлата недела ми беше busy as hell.

41. Anastasia - Gary Goldman, Don Bluth (1997)
1712601799163.png

Гледан во детството, ми оставил впечаток како еден од поубавите цртани што сум ги гледал... Но, ова е outdated as hell! Сега го гледав со сосема други очи. Не само заради анимацијата која на моменти е навистина лоша, споредено со денешната компјутерска, на пример, туку и самата приказна: во 1997, кога е направен филмот, се уште постоеја мислења дека Анастасиа Романовна можеби преживеала и филмот е што би било кога конечно би се појавила, но за жал, некаде на почетокот на 2000-тите беа пронајдени нејзините посмртни останки и со ДНК анализа беше потврдено дека сите ќерки на последниот руски цар биле убиени, некако тажно ми се виде се ова. Иако, мора да се признае дека во филмот има навистина голем број историски факти кои се неоспорни. Друго: бледо ми беше се, невпечатливо, не нешто што би го памтел долго. Затоа не можев да му дадам повисока оценка од 6/10. И тоа 6 на стаклени нозе.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.490
Поени од реакции
9.470
Ace in the Hole (1951)

34-facts-about-the-movie-ace-in-the-hole-1687265383.jpg
Bad news sells best. Cause good news is no news
Овој Ќе го предложев следен во клубот ако дојдев некогаш на ред.

Кариерата на еден циничен, арогантен и бездушен новинар е тргната по долна линија и како кец на десетка му се погоди во тој момент случка во која човек е заробен под карпа и злоупотребувајќи го настанот за своја корист, манипулира со информациите и ја претвора целата несреќа буквално во циркус и панаѓур. Човекот што е заглавен под карпата и очајно што побрзо му е потребна помош е тотално небитен.

Луѓето од туѓите несреќи си прават забава, панаѓури, гледаат да извлечат нешто ситно за своја корист и на крај покрај цел тој пазар се заборава вистинската причина зошто се тоа се случува. Тажно, ама и вистинито. Не можам јас да раскажам толку добро колку што Били одлично објаснил, а Кирк Даглас одглумил во филмов. Ова треба да е лектира, да го изгледа секој. И по втор пат истото мислење, една деветка!
9/10 или 4/5 како е оценувањето.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.156
Поени од реакции
56.471
Ace in the Hole (1951)


Новинар што не може да најде постојана работа, доаѓа у Албекерки и се вработува во локалната новинарска куќа. После година време му станува досадно и бара нешто поинтересно да се дешава за да има за што да известува. Сосема случајно дознава за еден човек заглавен во рушевини и оди да го посети. Тоа го користи за ексклузива на насловната страна и набрзо целиот настан добива огромно медиумско внимание, доаѓаат туристи, се собира народ и сите се интересираат околу спасувањето на човекот. Новинарот добива на популарност и влага у шема каде ја користи туѓата несреќа за да напраи пари, да се врати у Њу Јорк на старата работа, да добие на уште поголема популарност.

Ова горе што го збори Хоуп.
Све е у ред само што некаде на самиот почеток ја сфатив идејата и целта на филмот и во продолжение ми беше досаден да бидам искрен, ова е безвременски филм пошто еве и после 70 и кусур години ние како народ а особено таа најкурвинска професија новинарство сеуште не сме мрднале од мртва точка.
Не ми треба филм од 51ва за да ми го потенцира ова. Своевремено бил прејак филм верувам.
Кирк Даглас одигра маестрално, опасна фаца е ликот, не знам зошто нема бар номинација за Оскар.

7.5/10 оценка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.049
Поени од реакции
34.732
42. An American in Paris - Vincente Minnelli (1951)
1712772333339.png

Уште еден Оскаровец смачкан. На 79% сум, остануваат само уште 20 филма. Ама ова беше убер - досадно. Приказната ОК, ама песните беа невпечатливи и неинтересни, а како такви и не остануваат врежани во сеќавање како некои од други мјузикли како: "If I Was a Rich Man" од Fiddler on the Roof или "Singin' in the Rain" од истоимениот филм. Кореографиите беа добри, ама сцените со танци беа предолги и тотално непотребни. На крајот оваа цурата (која патем беше грда ко кур) го напушта, тој 20 минути танцува во мислите со неа, чиниш ќе се жени. Или тој пријателот пијанистот кога сонува како има концерт - пролив ме фати. Од цел филм дали 20 минути се филм. Се останато е пеење и кореографија што беше тотално непотребно, неинтересно и лесно да се заборави. Еден од полошите Оскаровци кои сум ги гледал - 5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.049
Поени од реакции
34.732
43. A Place in the Sun - George Stevens (1951)
1712866710642.png

Изненадувачки добар филм! Зошто изненадувачки? Зашто никогаш немав слушнато за него, а го гледав зашто бил номиниран за најдобар филм за Оскар, а освоил и 6 други Оскари, плус е екранизација на еден импозантен роман од американската книжевност: „Американска трагедија“ на Теодор Драјзер. Се работи за еден млад роднина на богат индустријалец кој полека се наметнува во семејството на вујко му и се искачува на хиерархиските скалила во неговата фирма откако пораснал во многу сиромашно семејство. Џорџ (Монтгомери Клифт) се заљубува на прв поглед во богатата наследничка Анџела Викерс (Елизабет Тејлор) и се чини дека сите желби полека му стануваат реалност кога за чудо неговата љубов ќе биде возвратена. Но постои само една препрека на патот кон таа љубов: неговата бремена поранешна девојка. Одлично сценарио, режија, глума, уживав во секоја секунда од филмот. Кинематографија, костимографија, сценографија - се беше врв. Ако веќе мора да му се најде замерка, за мене тоа беше што кон крајот, некаде во четвртата четвртина од филмот, ко да го ставија на fast forward и се се случи некако пребрзо. Не може еден колосален роман од преку 1000 страници да се смести во само 2 часа филм, изгледа. Или можеби тоа беше само мојата желба да трае подолго, зашто навистина уживав во филмов. Најтопла препорака! 8/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.156
Поени од реакции
56.471
A Streetcar Named Desire (1951)


Една жена доаѓа на гости кај сестра и, и се запознава со нејзиниот маж кој е сељак и пијаница. Она е фина културна дама со манири со све и планира да остане кај нив пошто и пропаднал семејниот бизнис нешо и сеа нема што да праи. И од сам старт не го мириса Стенли и ја убедува сестра и да го напушти. У меѓувреме ќе се запознае со еден другар на овој, Мич, и одма ќе се заљуби у него. И после ќе почне да се одмотува клопчето на лаги, вистини, минато и слично и ај да не навлагам у спојлери ќе сопрам тука.

Тоа што го збори Сусаро 200 години на форумов. Ќе се курва, ќе праи хаос у животот, ќе ужива, ќе се глупира и на стари години ќе и текне да се скраси и ќе се врзе за првиот што ќе и покаже ронка внимание.

Ок е, ама е многу досаден, 2 саати муабети и муабети у тоа распаднатиот стан кај што живеат.
Трет филм од Казан, трета мехара.

5/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.049
Поени од реакции
34.732
1713040888023.png

Недела 26: 2021 - 14.04-20.04.2024

За прв пат одиме во тековнава деценија (секако, ако ги исклучиме тие 2 недели кога ја „повторувавме 2023“, за Нова година.

2021 е годината во која кино салите повторно почнаа со работа по пандемијата. Но токму како резултат на пандемијата, многу филмови имаа премиери по стриминг сервисите, наместо во кино.

Во 2021 во вечноста заминаа: Сисели Тајсон, Кристофер Пламер, Олимпија Дукакис, Рафаела Кара, режисерот Ричард Донер, Роберт Дауни Сениор, Жан-Пол Белмондо, Жан-Марк Вале и многу други.

На филм прв пат ги видовме: Даниел Дурант во CODA, Џад Хил во Belfast, Пол Мескал во The Lost Daughter (а веќе следната година добива номинација за Оскар) и Рејчел Зеглер во West Side Story.

Верувам дека се родиле и многу нови филмски ѕвезди за кои допрва ќе чуеме.

1713041908238.png

1713041968167.png

Оскарот за најдобар филм го освојува нискобуџетниот победник на Sundance (за прв пат во историјата) - CODA, според мене еден од подобрите Оскаровци во последните 10 години.

Листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/94th-academy-awards-oscars-2022/
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.156
Поени од реакции
56.471
Detective Story (1951)


Полициска станица, влагаат луѓе, излагаат, инспектори минспектори натака навака гужва, секој со својот уапсен. Доаѓа еден адвокат и поставува услов дека неговиот штитеник ќе дојде да се предаде ако инспекторот МекЛеод нема допирна точка со него. А МекЛеод е мадафакерот Кирк Даглас, строг полицаец, силеџија, нема многу многу муабет со него, нема милост. Доаѓаат уше некои ликови, пуна станица народ, па се ствараат сплетки и расплетки каде централен лик во приказната е МекЛеод.

Интересен филм со интересна завршница, прелазна оценка има само што мене ми е ова некој проблем со црно беливе филмови каде има многу ликови, што тешко успевам да ги распознаам кој е кој, некако ко сите да ми се исти и многу муабетат и често знае да ме изгуби приказната.

6.5/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.156
Поени од реакции
56.471
A Hero (2021)
Ghahreman


Затвореникот Рахим е на дводневно отсуство и за тоа време пробува да го отплати долгот поради кој лежи затвор за што користи една добронамерна ситуација на која тој е, да речеме, директен учесник. Наоѓа торба во која има златници и наместо да ги продаде и парите да ги искористи како дел од отплатата тој одлучува да ја врати торбата на тој што ја изгубил. И за тоа добива медиумско внимание, добива наклонетост од затворот, од една хуманитарна акција но тоа не е доволно да се убеди оној кому му дужи пари и поради чија тужба тој лежи затвор.

Добар е филмов само што овие иранциве односно арапиве ми се, као да кажам, нејасни малце, имаат сеуште затуцани размислувања и сфаќања. У втората половина од филмот ко у шпанска серија да се претвори, така малце поише долгичок е и спор, али има добра поента и е океј филм. Ашгар Фархади е режисер кого го знаеме по стилот и темите кои ги раскажува.

7.5/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.156
Поени од реакции
56.471
CODA (2021)


Руби е тинејџерка која живее со мајка, татко и брат кои се глуви и имаат семеен бизнис ловење риби и продавање. Нејзе ја исмеваат у школо, ја заебаваат и има проблем со самодовербата. Меѓутоа има страшен талент за пеење при што се приклучува во училишниот хор и професорот и нуди шанса да напредува и да створи кариера, арно ама семејството и бизнисот не можат да функционираат без неа и така таа се наоѓа на животна раскрсница.

Тинејџерски филм, предвидлив до немај каде, вакви пред 2-30 години се правеа. Ништо посебно, тоа семејството беше све освен актери, уопште не ми се свиѓаа и ни малце не сочувствував со нив. Ако добро памтам од муабетиве тука коа беше актуелен филмов мислам дека не се ни актери. Небитно.
Тепаше на Оскарите во и онака мртвата конкуренција, али јасно беше дека ќе победи, сепак малцинство застапува.

6/10 едвај
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.858
Поени од реакции
11.057
26. 2021

Pig

MV5BNDg4ZGY4ZDItYzk5OC00NTljLThlZDYtMmQ5YzBjZmU4NDI1XkEyXkFqcGdeQVRoaXJkUGFydHlJbmdlc3Rpb25Xb3...jpg

Робин (Н. Кејџ) е осамен човек кој живее во шума, заедно со неговата свиња. Тој е специјалист по барање на трјуфели и заедно со неговиот миленик, го прават секојдневно. Една вечер доаѓаат крадци и ја земаат свињата со себе. Роб мора да се врати во градот за да ја пронајде.
И тоа е. Филмов го избрав заради г-н Николас, ама зажалив. Класичен филм од последните години, драма, бавен, со малку дијалози филм што те убива од депресија. Морам да признаам дека премотував, не издржав.

2.5/5
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.156
Поени од реакции
56.471

Kajgana Shop

На врв Bottom