Фан Клуб: Брајтон и Хов Албион

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.367
Поени од реакции
85.272

Брајтон и Хов Албион е фудбалска екипа базирана во градот Брајтон и Хов кој што се наоѓа во Источен Сасекс во Англија. Клубот е создаден во 1901, a влегува во фудбалската лига во 1920.
Најголемите успеси овој тим ги има во периодот од 1979 до 1983 кога играа во фудбалската Прва Дивизија во Англија и после 2 меча го изгубија финалето во ФА Купот во 1983. Бидејќи нашите галеби не се замараа со мики маус лиги и се сконцентрираа на купот, истата таа 1983 година, Брајтон отпадна од првата дивизија.



Овој клуб во периодот помеѓу 1997 и 1998 беше на работ на ликвадација. Сепак на крајот се заврши добро за клубот кој што со пар брзи промоции успеа да стигне на чекор до Премиер Лигата. А таму и остана богами долго време. 2017 беше годината каде што фановите на галебите за прв пат после 34 годишно отстуство се пласираа во најквалитетното англиско натпреварување. Односно, ова беше деби за Брајтон во Премиер Лигата под овој концепт.


Екипата на Брајтон успеа да обезбеди опстанок во Премиер Лигата и следната сезона и докажа дека местото им е во врвот на англискиот фудбал. Сепак, духот на галебите не е лузерски и овој тим докажува дека има квалитет да се носи и со сите квалитетни екипи од врвот. Распоредот за Брајтон беше брутален па така во рок од 9 дена требаше да се соочат со Јунајтед, Сити и Ливерпул, притоа победувајќи една од двете манчестерски екипи. Без разлика како ќе заврши мечот во недела, едно е јасно - галебите имаа фантастична сезона и сигурно позитивните резултати од годинава ќе бидат мотивација и следната година да успеат да останат во премиерлигашкото натпреварување. И на крајот на краиштата, зошто да не се затвори оваа сезона со победа?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.367
Поени од реакции
85.272
Што екипа е ова бе, да не може да победи европски финалист на нивен терен???????
 

Kajgana Shop

На врв Bottom