Закинтос

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Закинтос исто така наречен Занте (неговото италијанско име), е третиот најголем остров во Јонското море, лоциран на западното крајбрежје на Грција. Островот го добил своето име според Закинтос, синот на легендарниот аркадиски владетел Дарданос.
Додека островите Иос и Кос се поврзуваат со добра забава, а Родос и Крит за семејните одмори, Закинтос е нешто помеѓу. Поголемиот дел од плажите, градовите итн. се лоцирани на јужниот и источниот брег, додека западниот и северниот е претежно планински, често со карпи кои се спуштаат стотици метри во длабочините на морето.
Главниот град Закинтос, се наоѓа на источниот брег. Ова е единствено место на островот каде во екот на туристичката сезона има повеќе мештани отколку туристи. Поголемиот дел од островската популација која брои околу 35.000 жители живее токму во овој град. Во градот постојат мноштво хотели околу пристаништето, но плажата тука е многу мала и карпеста, па најчесто Закинтос не се наоѓа на туристичката понуда на агенциите, туку соседните градови. Градот е културен центар на островот со голем број импресивни музеи, а еден од најпопуларните е Музејот на византиската уметност.

Аргаси - гратче на полустровот Василикос одалечено неколку километри јужно од Закинтос. Има помали плажи и се состои од неколку улици со хотели. Тука ќе најдете барови и клубови, но не премногу. Вистинската забава е во Лаганас.
Лаганас e главниот град за забава на островот. Главната улица се состои речиси во целост со ноќни клубови, барови и ресторани за брза храна. Лаганас е популарна дестинација за помладите посетители и оние на 18-30 годишна возраст. На самата плажа има добри барови и ресторани по целата нејзина должина.
Доколку својот одмор го поминете на Закинтос, добро е да ги посетите:
- Сините пештери кои се наоѓаат источно од 'ртотСкинари, на северниот дел од островот. Серија од геолошки формации го создаваат ваквиот пејзаж. Природните сводови кои се влез во пештерите се дело на ерозијата, но овие пештери се најпознати по азурната боја на водата која е најубава наутро кога светлото е најсилно, па оттаму и го добиле името Сини пештери. Кианон пештерата е најголема. За да стигнете таму потребно е да изнајмите бротче или да отидете на организирана обиколка. Посекако ќе ги забележите рекламите на тур-операторите. Всушност, има Сини пештери на три локации околу островот ('ртот Скинари, Пештерата Кери и Порто Вромим)


-Плажата со остатоци од брод (Навагио)
Бродот се смета дека бил криумчарски и се засукал на прекрасниот мал залив во 1981. Како што стои во грчките реклами, тој се наоѓа на западниот брег и најдобро е да се посети тргнувајќи од Порто Вроми. Одете таму или рано наутро или попладне (после 15:00ч), бидејќи во меѓувреме плажата е преплавена со бродови и туристи, па неретко се случува таму да се укотват и по 20 бродови кои носат по неколку стотина луѓе одеднаш на копното.






- 'Ртот Скинари е најсеверниот раб на островот. Одовде имате панорамски поглед кон морето, а на локацијата има и рушевини од големиот земјотрес во 1953.

Oд плажите, посетете ги:
- Агиос Николаос - најдобрата плажа на островот, мал залив во прекрасно природно опкружување во регионот Волимес, 30km од градот Занте. Оваа плажа го добила името според малата капела која се наоѓа во непосредна близина. Од овде можат да се изнајмат бродчиња до сините пештери. Песокот на самата плажа е со црвенкаста боја, а плажата најмногу е наменета на младите луѓе кои сакаат да испробаат разни спортови на вода.


- Аликес/Аликанас - ова е долга песочна плажа и една од најпознатите на островот. Се наоѓа на 18km од градот Закинтос во близина на истоименото место. Името го добила според фармите за сол кои порано биле главен извор на приход за островјаните. Туристите на оваа плажа доаѓаат исклучиво заради кристално чистата вода и убавиот песок. Регионот околу оваа плажа е интересен за љубителите на археолошки испитувања бидејќи нив ги има многу во околината. На самото место Аликес има мноштво ресторани, барови и продавници. На оваа плажа можете да научите скијање на вода и да изнајмите педалинка. Аликанас е продолжение на Аликес плажата. Плажата е песочна и на крајот се наоѓа мало пристаниште за бротчиња кои доаѓаат овде за риболов. Од овде се организираат посетите на сините пештери.




- Дафни - Убава песочна плажа каде сообраќајот е забранет. Ова е тивка плажа со само неколку локали на плажата, таверни за храна и пијалаци заедно со лежалки.


- Геракас - Ова е една од поубавите плажи на островот и се наоѓа на самиот југ на Закинтос. Дел е од националниот парк, има 30-тина чадори за сонце, но не смеете да поставите свој чадор за случајно да не погодите гнездо од заштитениот вид морски желки кои тука ги положуваат јајцата. Од истата причина нема ни барови на плажата за бучавата и вештачкото осветлување да не ги вознемируваат желките. Над плажата има голем паркинг и на влезот на самата плажа се наоѓа штанд на кој волонтери делат летоци со упатства кои мора да ги почитувате во текот на престојот на плажата. На плажата е јасно ограничен просторот каде желките положуваат јајца и тука пристапот е забранет.






Сте го посетиле островов? Кои места се најубави и вреди да се посетат? Како се движат цените за престој и за јадење?
Сите впечатоци, искуства и коментари се добредојдени.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Најдобрите 10 дена во животот........:love:
 
Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123
Убаво место, меѓутоа британците го уништуваат до максимум. (проверено) :/
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Се пијанчат, се тепаат, кршат флаши/шишиња, ко морони се однесуваат...итн. :)

Прво Лаганас таков каков што е,е само поради нив.На такви места кој не се пијанчи?Демек Срби,Македонци и други странци не пијат таму?Не ме смеј Србите највеќе почињаат тепачки Англичаните ретко кој се замара во врска со тоа затоа и ептен не игнорираат нас и Србите.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Страва е :D ! Пред две години бев јас, супер поминав. Додека има сонце - шетајте ги плажите и заливчињата низ цел остров и уживајте Јонското моренце. Падне ли мрачка - тушот и правац на главната улица во Лаганас, која навечер се претвара во Лас Вегас. Енглезите се понашаат крајно неизживеано, како глутница хиени пуштени од зоолошка на 10-15 дена. Калакурница се прават, уште во 9 можеш да ги видиш колабирани по тротоарите. Иритираат со самата појава (а не па поднапиени), ама пичкици се и ако им ржнеш малце, одма mission aboard прават :icon_lol: ..

Супер е Закинтос, вреди барем еднаш да се види. Си има свои уникатности кои се гледаат само таму и не се забораваат. И никако не ја испуштајте турата за Ship wreck bay - една од топ 10те плажи во Светот. Врвно бањање ве чека, втор пат немам видено таква боја на море :гик:. И знам дека повеќето се стационирате во Лаганас, обавезно одете БАРЕМ ЕДНАШ на дневен српски роштиљ во некој од бич баровите - супер забава се прави ! (y)

ПС - А на кој му се гледа малце повеќе околу енглезите, еве едно видео од Крф. Истото се дешава и на Закинтос.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
ова сликава од Лаганас е од 10 саат изглеа жив човек нема,а накај 1 ти е ко на панаѓур со бонус повраќање.А да и за таа плажата Наваџо,не не застанаа ради брановите и би ги дал тие 20 евра пак само да не се возев,мислев ќе изгинам.Кој нејке да губи цел ден и да се ака по отворено море моја препорака да не иде,не вреди за една слика на фб.
Дека англичаните го упропастуваат мало морген,Лаганас ти е населба без жители со ништо посебно на неа,створена специјално за журкање преку лето и на некој начин ради Англичаниве и нивната атмосвера се иде тука.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
10 дена утепав тука ни желка не видов ни ништо:icon_lol:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
10 дена утепав тука ни желка не видов ни ништо:icon_lol:
Како бе не виде, си немал среќа...Баш јас видов кога идевме на крстарење околу островот и тоа на 2-3 метра од мене, замисли огромна желка.
Желките во сезона се плашат и бегаат од гужвата, така да поголеми се шансите да се види желка во подлабоко или навечер.
И кога се бањав во длабокото ќе ми се причинеше нешто и гитла со цела брзина накај плажата :D
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
Како бе не виде, си немал среќа...Баш јас видов кога идевме на крстарење околу островот и тоа на 2-3 метра од мене, замисли огромна желка.
Желките во сезона се плашат и бегаат од гужвата, така да поголеми се шансите да се види желка во подлабоко или навечер.
И кога се бањав во длабокото ќе ми се причинеше нешто и гитла со цела брзина накај плажата :D
Видов делфини ако ништо друго:pos:имаше специјална тура со такви бродови со стакло одоздоле,само кој ќе отиде..
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Ајде да ја надополнам темава и да напишам еден патопис за моето летување во Закинтос во 2011 година.
Отидовме преку агенција и тоа на местото Лаганас, гледам кај нас повеќето агенции го нудат истото место плус некои и Аргаси. Помеѓу овие две може да направам една споредба:
- Лаганас е центар на сите збиднувања(журки, дискотеки, пена парти, пијанчења и што уште не ;) ) и е полно со млада популација од 15 до 35 години додека Аргаси е тивко мирно местенце со еден два кафичи и плажата и е полно со повозрасни луѓе( фамилијарни луѓе ).
Од Скопје до Закинтос се патува околу 11 саати, 10 саати со автобус и 1 саат со траект од пристаништето Patra до Zakynthos.
Еве некои слики од Главниот град на Zakynthos кој е воглавно пристаниште Zante.
1.jpg
Ова е поглед од траектот при пристигање во Zakynthos.
Кога пристигнавме во Лаганас пријатно се изненадивме, се осеќаше мирисот на маслинки, лимони и иако беше пред-сезона 04.07.2011 имаше еден куп луѓе, Лаганас е преполн со луѓе кој воглавно се Англичани (околу 80 %) и Македонци,Срби (20 %). Ме изненади дека Грци воопшто не ни видов освен сопствениците на продавници, бутици и рестораните :D
2.jpg
Еве ја плажата во Лаганас која мене и не ми се допадна, повеќето луѓе идат на оваа плажа зашто е одма до сместувањата.
4.jpg
Еве слики од Banana Beach која се наоѓа 3 км после Ag.Nicolas плажата. Според мене плажа бр.2 по убавина во Закинтос.
banana-beach.jpg banana-beach-zakynthos-zante-11365494395.jpg
marathonisi-zakynthosaa.jpg
Во позадина го гледате островот Маратониси-островот на желките, подоле ќе ставам слики од истиот кој го посетивме со брод :)
6.jpg
Oва е сликано од бродот, може да заприметите десно има плажа која навечер и вон сезона желките доаѓаат и несат јајца. Од другата страна на Маратониси има уште една плажа која е мн. поубава и кристално чиста ама таму беше строго забрането да се посети бидејќи имало јајца од желките кои беа оградени со дрвца(ова го видовме оддалеку, и водичот ни го објасни)
Следува слики од плажата Ag. Nikolas или како што ние и србите си ја викавме плажата Свети Никола која всушност се викаше така зашто имаше и црква на крајот од плажата.
7.jpg

8.jpg 9.jpg
Ќе го надополнам постот...................................................................
 

Attachments

  • 398,8 KB Прегледи: 45

Kajgana Shop

На врв Bottom