Во тоа време претседателот на државата ги имаше тие ингеренции Трајче, очигледно ти си „копиљ“ па не се сеќаваш...
Тоа онка зошти ти така мислиш или според устав?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во тоа време претседателот на државата ги имаше тие ингеренции Трајче, очигледно ти си „копиљ“ па не се сеќаваш...
Neznam kako da gi okvalifikuvam vakvite komentari:
Tesenje,
Opravduvanje,
Samozalazuvanje ili nesto cetvrto...
Varijanta na kamenite crtezi moze da bide samo togas koga tie ke bile zemeni vo predvid koga se kreiralo znameto , a ne koga posle 10 godini na neko mu teknalo "E vidi naseto zname e slicno na crtezite ..."
Koga go menuvaa znameto SDSM ne se spomnuvaa ni kameni ni bakraci, tuku se izmisli nesto sto ama bas na nikoj vo drzavata ne mu znacese nesto, nitu pak imase nekakva simbolika..
Tuku ete taka kolku da ima nesto i da lici kolku tolku na sonce...
стар господине да те прашам кај беше брат Љубе изминативе 4 години и кај е Тарчуловски сега?
а за кредитите дај пример на кредит кој сме го добиле а да не бидиме уценувани за 300 други глупости јас незнам за таков ти како постар ако си постар незнам тоа па подучиме
Тогаш зошто имаме избори, избираме влади, пратеници, министри претседатели градоначалници, се само крвопијци кои убаво си живеат од маката на граѓаните. Од мојот и од твојот друд. Некогаш е потребно да носат и не толку популарни одлуки кои се од големо значење за државата како ќе се развива и понатаму. Ако е така како што викаш ти тогаш они нас не ни се потребни. Власта ќе ја извршуваме сами непосредно и за се ќе одлучуваат граѓаните.
И не знам зошто ова со знамето се изнесува пред секои избори или во недостаток на аргументи ќе се отвараат стари рани. Тие кои го сменија (незаслужуваат ни името да им се спомне) дебело платија и тоа неколку пати, казнети беа од народот. И дај веќе еднаш да го оставиме минатото позади нас, подобро би било да разговараме за иднината ако воопшто постои.
Тогаш пријателе мислам дека си во голема заблуда или ајде ќе бидам малку помек па ќе ти кажам дека многу грешиш.Не сум избрал јас некого да ми го смени името.Не го избрав јас него да прави што ќе му прдне на таквоото.Ова со знамето не се изнесува само пред избори и не се отвораат старите рани бидеќи тие никогаш на зараснаја.Во демократскиот свет постојат референдуми кога треба да се праша својот народ.По тебе значи Французите се глупираа кога го прашаја својот народ на референдум.Исто и Холанѓаните?Ирците исто а?Не не тука многу грешиш.И кредитите што ги спомнуваш се голема заблуда.Кое добро на Македонија и се4 случи од кредитите.И уосталом кој ги видел тие кредити?Каде завршија ?Знаеш?Во џебовите на ДРЖАВНИКОТ со неговите криминалци.Ете таму.Рани?Кога зараснале раните што и ги направи СДСМ на Македонија?
Јас се согласувам со тебе за скоро се што имаш напишано. СДСМ е сега таму кај што е, и не знам како поинаку да ти објаснам на што мислев кога реков дека ги казниле. Иначе во врска со кредитите само објаснував што значи членството во ООН. И да, ООН не е некаква унија или федерација, или пак некаков сојуз кој се формира за некаква намера. Членството во ООН значи и принавање на државата како суверена. Без членство во ООН, суверенитетот над територијата не ти е признат.
Трајче, твоите љубимци има ДВЕ години на располагање за да ја зачленат Македонија ов ООН. ЦЕЛИ ДВЕ ГОДИНИ пред уште Грдсија да да помисли да прави проблеми. ПОД НАШЕТО УСТАВНО ИМЕ И СО ЗНАМЕТО МАКЕДОНСКО.
Нема оправдување за обезличување! А како што кажа и членот погоре, ЈУНАЦИТЕ во МАКА се познаваат...Киро, Бранко...и останатата багра се покажаа како ЛИНГУРИ.
Ај ти објасни ми го ова:Еве и за тебе истото прашање.Објаснимиго начинот на кој беше променето знамето?Кој им даде право?Прашаја некого?Требаше да прашаат?Што сме ние овци?
Како прво, не ми одговори на прашањето: дали е можно една штотуку формирана држава нормално да се развива и функционира без членство во ООН и останатите меѓународни институции, кои се нужни заради меѓународно заокружување на легитимитетот на било која новоформирана држава.
Како второ, објасни ни на сите овде, кога првпат Македонија аплицираше за членство во ООН ?
Дел од интервјуто на Васил Тупурковски за овонеделниот број на Фокус....
...Да се вратиме на нашите маки.Вашата теза е дека клучни грешки се направени меѓу 92 и 94 година.Зошто Македонија веднаш на аплицирашево ООН?Имаше ли Глигоров стратегија?
Тупурковски:-Со Глигоров разговаравме и градевме стратегија.Со кога тој понатаму ја пласираше како претседател на РМ беше негов избор. Во таа стратегија ние прво во март 92г. издејствувавме писмо од претседателот Буш сениор дека ќе ја признае РМ. Претходно,од 15 јануари,веќе го имавме позитивниот став на ЕУ преку Бадентеровата комисија која се однесуваше само на Словенија и на РМ.Значи,тоа можевме да го ставиме во игра околу нашиот прием во ООН.Дури во јули 92г. на смитот во Лисабон,ЕУ формулираше став како израз на единствена и задолжителна политика во полза на позициите на Грција.
Фокус: Зошто тој период, од јануари да јули 92 г. не се искористи за нашиот прием во ОН?
Тупурковски: Напротив, во мај 92 обезбедивме работна средба со генералниот секретар на ООН. Таа беше така подготвувана пто ќе го дадеше процедуралниот патоказ за влез на РМ во ООН под нејзиното уставно име.
Фокус: Кој го спречи тоа? Или зошто не се искористи?
Тупурковски: Никој друг освен КИРО ГЛИГОРОВ кој не го покрена прашањето за нашиот прием во ООН на така организираниот состанок на 18-ти мај 92 г.НИКОЈ ДРУГ!
Јас бев на тој состанок,јас го организирав, а освен мене и Глигоров беше присутен и министерот МАЛЕВСКИ и шефот на кабинетот на претседателот. Никој ништо не спомена бидејќи не можеме ние да зборуваме во присуство на претседателот на државата. Според тоа претседателот Глигоров одбра да не го покрене прашањето. Јас можев само да паднам во несвест. Ќе беше апсурдно во негово присуство јас да покренувам прашање што е сосема спротивно или поинакво од тоа што Владата го третира во тој момент.
Фокус: Дали потоа го прашавте зошто?
Тупурковски: Не го прашав, туку поднесов оставка истиот ден, на 18 мај, на позицијата претставник на претседателот на РМ во САД. Мојот став беше јасен, беше политички, но никогаш не се дозволи да се расправа за тоа во собранието на РМ.
.......
Фокус: Околу оној фамозен разговор со Алојз Мок. Ви било ли понудено за промена на името, Македонија да добие 3 милијарди долари, но и брза асоцијација во ЕУ?
Тупурковски: Пакетот што ми го пренесе Мок беше во времето кога јас веќе имав дадено оставка. Мок само ми ги пренесе пораките од Мицотакис кои што му биле дадени нему бидејќи тие се партии од иста политичка ориентација.
Фокус: Кое име беше понудено?
Тупурковски: Немаше разговор за конкретно име. Никогашне сум преговарал за името. Јас верувам дека има други формули и ги понудив. Пакетот предвидуваше економска поддршка, бидејќи на секој му е јасно дека само низ економски развој ќе се стабилизираме и легитимираме. Тој предлагаше гаранција за безбедност од Советот за безбедност, значи една избалансирана поддршка од Исток и од Запад.
Значи уште тогаш че се ослободевме од проблемот на територијалниот интегритет и неговата несигурност и конечно асоцијација во ЕУ како сигурен пат за влез. Таа понуда во 92 ќе беше крајно корисна за РМ, а ја жртвувавме за само некој да биде прогласен за предавник.
Првата апликација на Република Македонија за членство во ООН беше на 30-јули 1992 година, веднаш по донесувањето на одлуката од страна на парламентот:За ова веќе еднаш беше дискутирано ама...
И пак, јас не спорам членство во ОН, туку Глигоров го ПРОДАДЕ името заедно со БЦ затоа што НЕ партиципираа на време за членство во ОН како што тоа го направи Словенија!
Тоа не е точно :wink: Првата апликација беше пратена, ама утната беше адресата кај што требало да стигне :smir:Таа апликација беше блокирана од страна на Грција, а твоите заговори паѓаат во вода.
Тоа не е точно :wink: Првата апликација беше пратена, ама утната беше адресата кај што требало да стигне :smir:
Ти дрнко или имаш тотални елементарни непознавања или менторот ептен си го утнал. Како и да е во голема заблуда си. Не ми се веруваше дека ќе чујам АКО СМЕ АПЛИЦИРАЛЕ ПОРАНО ЗА ООН ГРЦИЈА НЕМАЛО ДА НИ ПРАВИ ПРОБЛЕМ. Или како што кажуваш по примерот со словениа, нив не им правел никој проблем зошто навреме се сетиле да аплицираат. ГЛУПОСТИ НА КВАДРАТ. Немаме ни една допирна точка со словенците и нашиот проблем со грците. Проблемот не е нити од вчера нити се појави 93та. Проблемот е од секогаш. Најголем заговорник против Македонија во тоа време е Мицотакис, кој е татко на Бакојани, и кој заедно со милошевич долго време имаат ковано планови за поделба на македонија и лоши сценарија. Кога и да сме аплицирале Гејлада секогаш ќе била против и ќе не обструирала. Нашиот проблем е што ние не се обидуваме прашањето да го решиме од надвор со стекнување на пријатели и силно лобирање, него трошиме време и пари тука внатре. Од внатре прашањето не се решава. Само си правиме проблеми и делби меѓусебно, а сето тоа оди во прилог на еден друг наш драг сосед кој сака и јазикот и азбуката да ни ја приграби.

Па кај ќе лобираш надвор од ГЕТОТО во кое не стави СДСМ со младата олигархија своевремено,за да продолжи ДПМНЕ со сега веќе постарата но иста таа олигархија.Имаш шенгени,бариери,визи,ора пред амбасади и сега ми каѓуваш требало да лобираме надвор,како телепатски ли или со ултразвук?А приказните на Киро дека Србија и Грција сакале да не поделат,одамна веќе се само приказни за деца.![]()
Ама сега ако немаш одговор не одговарај на прашање со прашање.Јас се сложувам дека знамето кога тогаш ќе претрпеше измени заради причините кои предходно ги спомнав.Но многу е битен начинот на кој беше сето изведено.Знаеше некој оти се спрема такво нешто?Кој кур фактор е па лицето Б.Ц. или К.Г?Без разлика што имаја тогаш мнозинство немаја никакво право тоа да го направат.Тука гоп вклучувам и името.Тие пријателе го направија најголемото злосторство што може да му се направи на својот народ.Го оставија безимен.Јас навистина незнам која е твојата политичка опција но слободно прекрстисе НЕРЕАЛЕН 07.Како прво, не ми одговори на прашањето: дали е можно една штотуку формирана држава нормално да се развива и функционира без членство во ООН и останатите меѓународни институции, кои се нужни заради меѓународно заокружување на легитимитетот на било која новоформирана држава.
Како второ, објасни ни на сите овде, кога првпат Македонија аплицираше за членство во ООН ?
Ај ти објасни ми го ова:
Зошто Хрватските власти, и покрај само 23 процентната подршка од народот за влез во ЕУ, и покрај спорот кој го имат со Словенија, упорно сакаат Хрватска да ја внесат во Европската Унија ?
Сигурно нема јас и ти да лобираме. Многу погрешно го сваќаш тоа друже. Лобирање не е одење од врата на врата и молење кој ќе стигне. Се знае кој лобира. Странски почитувани експерти, дипломати, кои треба дебело да се платат и да завршат работа. Можеш само да го погледнеш примерот на гејлада која пара ја фрла за стекнување пријателства. Денес никој не те сака зошто си убав и паметен и во право, туку ради интерес. место да градиме шмизли мачки и восочни фигури можеме порационално да ги искоординираме работите.
И да според тебе ако не ни коваа завери србите и грците можеби добро ни мислеа. од секад ептен се поддржувале и си имале пријателски односи.
