Зошто никогаш не е направена игра со ракомет ?

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.653
Поени од реакции
14.624
Баш ме интересира ова. Ракометот е доста популарен спорт, но никогаш не се произвело игра со Ракомет. Има некоја Handball Manager, но тоа си е само да бидеш Менаџер, а никаде нема да играш. На Facebook веќе се покрена група, и треба да се соберат 500 000 членови, и ќе се прати апел до Конами за изработка на Pro Evolution Handball. Tука може да погледнете http://www.facebook.com/group.php?gid=62606765995&ref=ts ...
Ваше мислење за ова ???
 
И јас одсекогаш сум се чудел зошто нема игра Ракомет ај да се надеваме дека ќе направат во иднина
 
Некако не е толку популарен спорт како што се автомобилите, фудбалот и кошарката. Зошто?

Затоа што има минимално медиумско внимание.
 
Некако не е толку популарен спорт како што се автомобилите, фудбалот и кошарката. Зошто?

Затоа што има минимално медиумско внимание.

Мое мислење е дека во Европа е доста популарен спорт Ракометот, а во Светот не многу.

Рагбито не е кој знае колку популарно во Светот, освен во Америка, па има игра за рагби.
 
Мое мислење е дека во Европа е доста популарен спорт Ракометот, а во Светот не многу.

Рагбито не е кој знае колку популарно во Светот, освен во Америка, па има игра за рагби.
Да, ама ако видиш дека 70% од IT индустријата е во Америка нема да те зачуди тоа што има игри за рагби и бејзбол.

Ракометот е слабо популарен во Америките, EA Sports се од америка, а никој евро-азиец не се сетил да направи игра. Ајде, можеби ке видиме и таква.
 
Jaс се би дал да го има тоа :vozbud: Колку би бил јак само Кире Лазаров :vozbud:
 
Баш ме интересира ова....... Ваше мислење за ова ???

Сакаш да биде реално нели? Лиценци, лиценци, лиценци... Тоа ќе ги уништи уште на самиот старт.
 
Ами незнам и да направат како би се играело не е како фудбалот со еден па да дриблаш и рагбито не ми е јасно него ајде.
 
не сум сигурен колку беа успешни ама знам дека имаше обиди порано да се напраи...
бтв иди на www.hand-ball.org имаш менаџер и шутирање пенали можеш да играш
 
Би било интересно да се напрајт игра со Ракомет...Па со Кире да почниш да ги газиш на другите...:wink:
 
Хмммм, убаво би било да направат, али каков ќе биде гејмплејот :S
 
Во секој случај би била добро продавана игра посебно во скандинавскиве земји каде ракометот е одма после фудбалот, проблемот е како да се направи и како ќе се игра тоа е малце комплицирано. Али дај боже и такво нешто да видиме.
 
Пошто е невозможно да се игра, ако се земе предвид дека ракомет е малце не реален спорт.
 
Пошто е невозможно да се игра, ако се земе предвид дека ракомет е малце не реален спорт.
Што сакаше авторот да каже? Не сфаќам во која смисла нереален спорт.
Инаку ако се земе во предвид дека најуспешните компании за игри се американски, а таму ракометот мислам дека воопшто не се ни игра ете ја главната причина зошто нема игра. Конами е јапонско, а тие исто така не се многу по ракометот така да глупава иницијатива на facebook. Ако веќе некој се нафати, тоа би било некоја европска компанија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom