Зошто мртвите ги ценат повеќе?

  • Креатор на темата Креатор на темата KohlBass
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што ни е таков глуп менталитетот, еве на пример со Тоше порано многу не го поштуваа, викаат таков- ваков бил и се срамеа да кажат дека го слушаат, а еве денес сите му ги пеат песните и се најдобро зборат за него
 
Не знам која година точно беше, мислам негде 2002/03 кога пејачот на drowning pool беше убиен. Познат бенд песните им ги вртеа на mtv беа на скоро сите топ листи. Зошто не се дигна прашина за него?

Прво Џими Хендрикс е најдобар гитарист на свет(кој знае да свири гитара знаеш зошто) Џон Петручи секоја му чест па и сатрјани и сите тие гитаристи што се екстра квалитет. Но ако земеме фактот дека прво фатиле гитара па почнале да одат и дека цел живот некој часови им давал а Џими бил самоук тогаш не знам баш. Се разбира денеска можеби во некоја соба има 16 годишен тинејџер што свири побрзо од него или има подобра техника или whatever. Ама знаете како Винс картет има повисок одраз од Мајкл Џордан ама Џордан засекогаш ќе остане летачот а картер нема никогаш да биде тоа.

Морисон бил невиден поет и според мене на некој начин вовел поезија во рок музиката, сите знаеме дека рокот не би би тоа што е денеска да не биле дорси морисон и otherside light my fire и така натака.

За Кобејн хехе...затоа што е најфакинг добрата работа што воопшто некогаш се има појавено во музиката воопшто. Затоа што не е џон петручи со гитара, затоа што не може да ја испее child in time, затоа што не е убав како ексл роуз, затоа што не е јак и висок и заебан како џејмс, затоа што не ги ебе сите цури како томи.

Ама затоа знаел да излезе на сцена подгрбавен искинат со мрсна коса и да изгледа срамежливо како некој што цел живот сите го заебаваат-да отсвири 3 акорда со дисторзија од кој што ќе ти распарчи срцето кога ќе ги чуеш, и исто така знаел да се раздере од дно на напатената душа и во тие моменти да ја почуствуваш убавината на цел универзум во неговиот несовшен глас.
Затоа Курт до ден денеска и до крај на времето ќе биде икона и никој нема да може да биде како него.
 
E bas dobro prasanje,no kako sto napisal STARTER takov ni e mentalitetot zatoa ne gi cenime dovolno dodeka se zivi i prepukuvame za niv gi vregame a koga ke umrat pocnuvame da gi sakame i da gi pocituvame
 
па јас мислам дека незнаеме што имаме додека не го изгубиме..
 
Зашто човек од кога го нема ќе видеш колку вредел нажалост:(
 
Џими Хендрикс,ако не бил немало многу работи да постојат!!Џими Ако не е добар гитарист,незнам кој е добар.Џими е бил напред со времето,тоа што го правил уште никој го нема направено..Little Wing 1967 година,ако не е добар зошто сите познати гитаристи ги свират неговите дела ?Стив Ваи на скоро секој концерт ја свири Little Wing...И зошто на сите гитаристи им е ИДОЛ...Затоа што е најдобар. Joe Satriani почнал да свири гитара од смртта на Хендрикс...
 
нештата се подраги и поценети откога ќе се изгубат

Зашто секогаш треба да изгубиме некој за да сватиме колку вредел .

Koga izgubis neso sfakas kolku vredelo.

maca PINK напиша:
nikogas nema da svati deka imas nsto se dodek ne go izgubis

па јас мислам дека незнаеме што имаме додека не го изгубиме..

za toa sto pokvareniot narod tek svakja sto e imal, koga ke go snema!

Зашто човек од кога го нема ќе видеш колку вредел нажалост:(

Прво, wow! Второ, bullshit.
Иако сеопфатен е насловот, темава завзема интересен агол за дискусија.
Познатите музичари, актери, шоубизнис икони..

Да не земам пример за Тоше, ќе стане втора форумска војна, еве Мајкл Џексон.
Лицемерието е толку транспарентно што смешно.

Пред да почине имаше тема за него каде го исмеваа. Баш неколку денови пред смртта.
Потоа истите ликови плачеа и жалеа по R.I.P темата со постови **~ЧАО ЛЕГЕНДО~** a постарата беше избришана.
И кога некој ќе се обиде да ја потенцира целата хипокризија, кога некој ќе го спомне името негово, кога некој ќе го спомне починатиот тие убиваат, колат, палат. За само да се вклопат во околината. Воопшто не е страшно да се има различен став и мислење од останатите. Не треба да се третира како девијантност. Да, владее некоја својствена епидемија. Не е ценење. Никој не ги цени повеќе како мртви повеќе отколку кога биле живи. Фолирање е. Глумење морал е. Патетично е.

И да. Јас не сфатив што изгубив одкога почина. Не ми беше по вкус, нема да глумам дека ми бил.
 
Не е само до музичари , до све е така. Пример земи Мустанг ГТ од 70ти е по ценет него некој нов, или некоја друга класика кола. Значи не се произведува и цената му расне. Исто и со музиката ако некој музичар прави музика и после некгова смрт е по ценета зашто нема да се произведува повеќе музика од тој пејач или свирач.
Или виното... хаха што има врска виното. :)
 
За мртвите само добро. Најверојатно затоа.
 
Не е се во тоа дека кога ќе се изгуби нешто се сфаќа неговата вредност. Гледано од друга перспектива, со смртта на некој начин и се прославуваат музичарите.

Кога некој ќе издаде нов албум, песна, спот, ризикува со тоа дали ќе успее да го задржи вниманието на публиката, дали ќе се искачи на врвот на топ листите, дали за брзо време ќе биде заборавен или пак дали ќе добие негативни критики oд страна на критичарите. Со смртта, автоматски се појавува во медиумите, и доаѓа како сопствен come-back, со што повторно од почеток се купуваат албумите и станува слушан.

Лошо е што многу луѓе до сега го користеле овој метод за да стекнат популарност со лажирањето на својата смрт, што е надвор од границите на нормалното размислување.
 
А што толку ги љубиме мртвиве некрофили мои драги?
Тодорче што не му купувавте ѕвезди додека беше жив,
сеа баш и не му е до ѕвезди додуша до ништо не му е,мртов е знаете:smir:
Dead people don't give a fuck so leave them the fuck alone:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom