back_rest
ex mod coder
- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 1.590
- Поени од реакции
- 107
Фино е како поим. Футуристички. Идеално за премачкување очи и занесување чиниш оваа технологија од вчера е излезена па ете ние генетски сме гуруа. Па башка пак Министерство за Информатичко Општество, со некое мета-постоење, без некоја конкретна фунцкија и пред се остварени цели. (на страна ваучерите)
Да му почнам по список:
- бесплатни интернет кафеа. Во центар на Скопје. Ауф, промотивно. Џипси групис внатре, си гледаат клипчиња децата на интернет. Нека се радуват, океј.
- Компјутер за секое дете. Набавка на огромен број компјутери, мрежна опрема и дополнителни работи. Се од прилично брзо застарувачка технологија. Башка, не PC структура и ем тоа Linux. Едвај кадарот се обучи да работи на windows, сега некој ќе тераш да администрира линукс машини. Глупости. Резултат: компјутерите чмаат во училиштата, никој не ги користи. И да ги користат, ме занима што прават со нив.
- е-влада, е-образование е-се-друго. Ништо на крај. Целосната ни е-архитектура е катастрофа. Барем пред да почнеме да се занесувам со она е- пред било што, треба да размислиме дали имаме е-администрација. Бирократијата владее, софтверите се катастрофа, ефикасноста е нула. Нестандардизирани процедури, двојни резултати, конфузии, непотизам во државниот софтвер, грешки.
Што требаше, а за што абер нема.
- ФЕИТ и ПМФ. Двата по саглам факултети во МК кои колку толку ги бидува за изучување на ИТ технологиите. Веќе повеќе години се на дното на просветителското постоење. Со минијатурни плати, огромен број на студенти, пренатрупаност, огромна работа, нула време. Неможност за независно одлучување и функцинирање бидејќи се само дел од друг факултет. Прогрес, нула. Еј решение, универзитет за информатика. Абе пак фино звучи, ама на некој паметен му текна дека вака не бива, па ајде го одложија за една година (почеток на крајот).
- Студенти. Ајде ваучерите. Оправдано, добро и крајно потребно. Секоја чест. Јесте да има ќар кај приватните и ќар од данокче и ствари кој 90% ќе се врати, ама сепак, добро е офајдувањето. Ама останатото, катастрофа. Проект кај МИО, официјално промовиран во февруари месец како дел од познатото земја на информатичари. Реализација, нула. Студентите се приморани само да се снаоѓаат како знаат за интернет. Понудите од дистрибутерите се строго за физички лица со постојан престој и на база на договор врзан со локација која не е студентска соба. Заклучок, невозможно. Безжичен пристап, од скоро укинат. Е ајде бе, ИТ студенти, промовираната генерација, живее во студентски дом (настрана условите) отсечен од светот без интернет. Океј бе, ние ќе ги учиме ИТ технологиите офлајн, или во интернет кафеа со 128кбпс пристап. За жалење.
А никако не е. Еден месец работа е, потребни се само средства. Тим од 5-6 студенти ќе ја завршат работата. Бељата е што се е некаде изгубено во политиката. Фак'м.
- средно училиште. Учат една година, информатика, пола година програмирање, изборен (кај повеќето барем училишта кога јас бев средно). Професорите се прича сами за себе. Кој од комунистичка школа шо учеле фортран па потоа неуспешно се префрлиле на паскал, или останатите со завршен технолошки факултет и курс по информатика, па сега се гуруа. За жалење.
Колкуза споредба. Бугарија има навистина развиена широко појасна мрежа која е стварно за завидување. Тие не знаат за слаб интернет пристап, имаат ефтини домашни конекции од по 28мб и повисоки брзини, студентски домови ептен поврзани и што ли уште не. Еј а пазете, немаат кампањи. Ајјј....
Заклучок, демагогија. Редно е стручни лица да се уфрлат во тој сектор, и ако нешто се има намера да се прави, нека се прави, а не само да се демагогира и парите да се трошат на излични ствари.