Запишување и слушање на две академски години одеднаш

  • Креатор на темата Креатор на темата Dogbite
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 јануари 2014
Мислења
6
Поени од реакции
2
Возраст
29
Здраво
Сакам да прашам дали на некој факултет може да запишиш две години одеднаш (пр. 3та и 4та) одеднаш? Дали некој имал искуство или знае некој кој имал искуство со ова?
 
ЕКТС системот не го дозволува ова зашто постои максимум број на кредити што можеш да ги запишеш од семестар.

Сепак најдобро е да се распрашаш подетално за ова на студентски прашања и кај раководителите на смер.
 
Не е само ЕКТС системот, и во мое време мислам дека не можеше. Постоеа услови за запишување семестар: пример, во 6 семестар имаш, да речеме, испит Математика 3, а во седми имаш Математика 4. За да можеш да упишеш седми семестар, мора да ти биде пример, исчистен петти, и плус положено Математика 3 од шести. Скоро на секој факултет имаше такви или слични услови.

На мојот факултет немаше услови со испитите, зашто освен 1-2, немаше други испити со исто име кои се надоврзуваа еден на друг, ама услов за запишување академска година беше минимум: вкупен број на испити минус 2 положени од претходна академска година, од задолжителните.

Се извинувам за офтопик, знам дека дечкото или девојката го интересира за сега дали може нешто такво, ама јас искрено не верувам, зашто мислам дека никогаш не ни можело.
 
Знам дека за екстра кредити ако сакаш да запишеш (и тоа 5-6 кредити повеќе од што дава семестарот) мора да поднесеш молба кај продекан за настава или кај деканот, а за да запишеш 2 години во една верувам дека може да направат отстапка само и само ако си „чудо од дете“.
Најдобро ќе му пишеш маил на продеканот за настава или директива оди на факс ако работат.
 
2 години наеднаш тешко, ама можеш на два факултети наеднаш. Ех памтам јас кога имав 18 години, како по режимиските телевизии се збореше дека преку 99% од матурантите се запишуваат на факултет, и дека некои студентите учат два факултета истовремено. Толку многу високо образовани луѓе, не остана никој да ѓи чисти улиците, све директори и инжинери станаа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom