Пред одредено време, поодамна, мислев дека сакам типови кои ќе ме осипуваат премногу со внимание, комплименти, ово - оно, бидејќи ниедно машко не ми пристапило така, па мислев дека е нешто којзнае колку посебно. После одморов годинава, сфатив уствари колку не сакам да ме гуши некој постојано со осипување комплименти, колку сум ваква таква или не знам да ми симнува ѕвезди.
Сакам убав, природен пристап, да се нашали, да ме насмее и онака да биде поспонтан и да се однесува како што се чувствува во моментот, а не да глуми нешто што не е.
Не сакам ниту пак да биде тотално ладнокрвен и да се однесува како да не му е ни гајле за мене.
Сакам нежност, внимание - ама во границите на нормалата. Се' што е под и над таа граница ми создава одбивност, почнувам да се гушам и да бегам од типот. Доволно е кога ќе ми пристапи да биде она што е. Ако ми се допадне таков каков што е - тогаш супер, ако не никому ништо.