YouTube ќе доделува музички награди

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
25.073
Поени од реакции
61.296
Лејди Гага, Еминем и Аркејд Фајр се наоѓаат меѓу музичарите кои ќе настапат на првите музички награди кои ќе ги организира YouTube, пишува Mashable. Настанот ќе биде пренесуван во живо (секако преку YouTube) на 3.ноември.

Шоуто ќе трае час и половина, а ќе бидат доделени награди во шест категории кои ќе бидат откриени во средината на октомври. Пред самиот настан кој ќе биде прикажан во живо, ќе претходат настапи снимени на локации како Сеул, Москва и Рио, а главниот настан ќе биде одржан во Њујорк.

Главниот пренос ќе вклучи настапи на ѕвезди кои се добро познати во светски рамки, но и такви музичари кои имаат голем број на следбеници на својот канал на овој сервис.


Извор:
Кајгана
 
Треба да му се додели една награда на PSY за најгледано видео :):D
 
Доделени првите YouTube награди

Првото доделување на YouTube наградите, во режија на Спајк Џонс, се пренесуваше во живо од Њујорк, а водители на шоуто беа Џејсон Шварцман и Реџи Вотс.

Музичарите номинирани за наградите доделени вчера вечер беа одбрани според статистиката на YouTube, добиените лајкови, коментарите и претплатените канали, додека добитници станаа оние со најмногу споделувања на Facebook, Google+ и Twitter.

На доделувањето настапија Лејди Гага, Аркејд Фајр, Линдзи Стирлинг, Еминем и други. За најдобро видео беше прогласено „I Got A Boy“ од јужнокорејската група Грлс Џенерејшн.

Како YouTube феномен беше прогласена „I Knew You Were Trouble“ на Тејлор Свифт, награда за Иновација на годината освоија Де Сторм за „See Me Standing“, додека наградата Одговор на годината ја добија Линдзи Стирлинг и Пентатоникс за „Radioactive“.

Еминем беше прогласен за музичар на годината, а како најдобри нови изведувачи беа прогласени Меклмор и Рајан Луис.

Инаку, најголемо внимание на доделувањето дефинитивно предизвика Лејди Гага, овој пат со необичните додатоци на забите.


 
:eek:

dodeleni-prvite-youtube-nagradi-157231.jpg
 
Според тоа каква беше организацијата и нивото, овие награди можат вода да му носат на Цветници. Катастрофа. Само на Еминем настапот нешто вредеше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom