DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Ова е веќе друга работа..:) Значи според тебе Нортон го уништи Тајлер, за да почне од нула, доволно разбрал и научил, така што Тајлер не му е потребен повеќе? Ако гледаме од тој аспект, тогаш Нортон е апсолутен победник во филмот.
Па Нортон е „НИЕ“ обичен човек кој е заглавен помеѓу неговиот мизерен живот и неговото алтер его...На крајот не му останува ништо од тоа што го имал, ама ни алтер егото. И да за мене е апсолутен победник ако милуваш така да го наречеш...

Имам некога грешка во перципирањето?
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Се сложвам со Mad Man овде.

Мене генерално интересно ми е то шо секој нареден пат ко ќе го гледам, го гледам поинаку и ми станвит све појак и појак.
Жими све, најјак филм. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
I

Intex

Гостин
WARNING
If you are reading this then this warning is for you. Every word you
read of this useless fine print is another second off your life. Don't
you have other things to do? Is your life so empty that you honestly
can't think of a better way to spend these moments? Or are you so
impressed with authority that you give respect and credence to all who
claim it? Do you read everything you're supposed to read? Do you think
everything you're supposed to think? Buy what you're told you should
want? Get out of your apartment. Meet a member of the opposite sex.
Stop the excessive shopping and masturbation. Quit your job. Start a
fight. Prove you're alive. If you don't claim your humanity you will
become a statistic. You have been warned...... Tyler

Ова е предупредувањето на почетокот на филмот, а тоа е и целата поента барем за мене.
Во филмот е најреално прикажано како ние сме само ликови и како еден лик вообразено мисли дека живее вистински живот, и дека тој е универзумот. Сите ние мислеме дека ја имаме главната улога во нашиот филм наречен живот, а факт е дека сите сме ебани статисти, во однапред режирано сценарио со наслов МАШИНЕРИЈА.
Епик!
Има и едни сцени на јутјуб, нешто ко трејлер се средени каде има интервјуа и со Нортон, и со Пит, и се по некои 3-40 секунди, монолози од типот на: Oh Tyler, don't make me perfect, I don't want it/need it, курци палци.
Знаеш кое е најинтересното прашање, во контекстов што го наведе, дали Нортон е луд или сите други околу него? Зашто Тајлер е совршено алтер его, не рецка ништо живо.
Не постојат совршени и несовршени алтер-егоа. Тајлер е само идеја, ништо повеќе, не можеме да го гледаме како нешто материјално, нешто кое може да изменува и обликува, туку идејата Тајлер е материјализирана преку нараторот кој ја има можноста да обликува.:)
И што е најинтересно, никој после гледањето на филмов не вика Типов е луд, туку констатираме дека сите теории на Тајлер држат вода. Доколку човек го има впечатокот дека не може да земе за пример налудничав тип со подвоена личност, филмот ќе ја изгубеше смислата. Е сега другото прашање е, зошто Нортон си го убива алтер егото? Дали зашто сфати дека она што Тајлер го прави е неправилно или со тој потег само порекна се за што се бореше Тајлер и почувствува потреба да се врати на старото здодевно јас, заради кое му надоаѓаа смртоносни мисли за себе?
Тајлер е само свеста на нараторот, ништо повеќе, личноста која тој сака да биде цело време, но е роб на машината.
Крајот е одлично среден. Нараторот се упуцува (мање битно каде) и со тоа докажува дека е целосно подготвен да изгуби се, па дури и да умре, шо значи лузерот веќе го нема. Нараторот станува Тајлер.:)
Ова е веќе друга работа..:) Значи според тебе Нортон го уништи Тајлер, за да почне од нула, доволно разбрал и научил, така што Тајлер не му е потребен повеќе? Ако гледаме од тој аспект, тогаш Нортон е апсолутен победник во филмот.
Баш така го сфаќам и јас. Во цитатот над овој пишав мое мислење.
 
А

Антоние

Гостин
Ова е веќе друга работа..:) Значи според тебе Нортон го уништи Тајлер, за да почне од нула, доволно разбрал и научил, така што Тајлер не му е потребен повеќе? Ако гледаме од тој аспект, тогаш Нортон е апсолутен победник во филмот.
Се зависи од тоа како го разбираш Чак. Пораката во Fight Club не е толку кон уништување и хаос на се она што е, туку кон длабока промена на ниво на идентитет на протагонистот. Тајлер не би можел да умре, доколку протагонистот целосно не ја прифати својата реалност и својот живот, а со тоа и одговорноста. Значи ова може да се гледа и од една егзистенцијалистичка перспектива. Во една модерна смисла.

Мислам дека пораката овде е да не се отпишуваме самите како жртви на разноразни сили. Секогаш е наша одлука за тоа кој сме и што сме.
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
она шо си мислам како би бил прифатен филмот на пример нортон и пит да имаа обрати улоги...сигурен сум дека ќе имаше повиока отцена кај публиката
 
New Age

Lean Back
Член од
22 ноември 2010
Мислења
264
Поени од реакции
235
Ок Tyler Durden ultimate ephiphany of men. Ако Нортон бесе еден просечно исфрустриран лузер како најголемиот дел од модерната популација, според Таосим филозофијата која се експонира во филмот black & white, потребно е да се роди сила што ќе и парира на крајно мизерниот живот на Нортон па така се генерира поларитет максимално спротивни Norton & Tyler за да се добие баланс, главен атрубут на Таоисм филозофијата. Ако Нортон беше крајно духовно затупен и материјално заробен, Тyler беше тотална спротивност духовно просветлен, его-free, со тенденција на духовен ментор и желба да помогне пред се на мажите кои ја изгубиле својата цел и место во модерниот свет. Можеби и деструктивно, анархи-нихилистичкиот живот и нее е така лош можеби болката и страдањето е процес кој ќе ни овозможи уште поголемо духовно спознание и просветление, black & white зашто колку подлабоко одиме со деструктивност ( black) толку повеќе растеме и уживаме во сегашниот момент (white) а што може да биде подлабоко и деструктивно од предизвикување на смрта, hit rock bottom само тогаш може да се воздигнеш над се и целостно да се опуштиш и уживаш во моментот, transcendence, кога ќе го совладаш стравот од смрта. Шо би рекол Tyler just let go.

let the chips fall where they may
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.271
Поени од реакции
27.709
Тајлер ги знае истите работи шо Нортон ги знае, ама секој што Нортон го знае не смее да го знае кој е Тајлер, односно неговото алтер его.
Тајлер е сепак како што и самиот кажа она што Нортон од секогаш сакал да биде, тип кој на ништо не се потресува, за ништо не му е гајле, се оди онака како што он замислил.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не постојат совршени и несовршени алтер-егоа. Тајлер е само идеја, ништо повеќе, не можеме да го гледаме како нешто материјално, нешто кое може да изменува и обликува, туку идејата Тајлер е материјализирана преку нараторот кој ја има можноста да обликува.:)
Дискутабилна работа. Ќе ти кажам и зошто сметам дека постои такво нешто како совршено алтер его, во случајов Тајлер. Најди му ја маната и кажи ми која е ако ја има? Точно алтер его се обликува, во случајов тоа го прави ликот на Нортон, меѓутоа, контурите му се едни и единствени. Тајлер изгледа божествено, суперсамосвесен е, бестрашен, тоа е совршено алтер его, зашто од било кој аспект да го гледаш нема недостаток.
 
Муабетот преминува во психологија. Машала.

Тајлер е алтер-его, значи втора свест во некое тело, но сигурно тој исто така поседува и сопствено ID, его и супер-его. Немам некое големо познавање од психологија, но би требало да е така.

ID - одговорно е за задоволување на основните човекови потреби.
Его - егото се базира на реалност, го исполнува само тоа што е во граници на нормалата.
Супер его - баланс меѓу двете

Зар барањата на Тајлер беа во рамките на нормала? Зар тоа што Тајлер го правеше, основањето Фајт Клаб, не е лудо?

Океј е да го гледаме Тајлер како критичар на општеството, мачомен, ебачиште, и се тоа, ама совршен да е, не би рекол.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Муабетот преминува во психологија. Машала.

Тајлер е алтер-его, значи втора свест во некое тело, но сигурно тој исто така поседува и сопствено ID, его и супер-его. Немам некое големо познавање од психологија, но би требало да е така.

ID - одговорно е за задоволување на основните човекови потреби.
Его - егото се базира на реалност, го исполнува само тоа што е во граници на нормалата.
Супер его - баланс меѓу двете

Зар барањата на Тајлер беа во рамките на нормала? Зар тоа што Тајлер го правеше, основањето Фајт Клаб, не е лудо?

Океј е да го гледаме Тајлер како критичар на општеството, мачомен, ебачиште, и се тоа, ама совршен да е, не би рекол.
Прв болд, затоа и дебатата е позабавна нели?..:)
Втор болд-во првиот пост на темава, токму тоа го поставив како прашање, дали методите на Тајлер се оправдани, но има и една работа која му оди во прилог. Тајлер во ниеден момент не пропагира насилство, ништо не наметнува со сила. Тепачкиот клуб се основа сам по себе, има интерес. Тој не вика, ајмо дечки од денес правиме клуб. И друга работа, сите акции што ги прави се со согласност на останатите, а во зградите кои сака да ги дигне во воздух нема да дојде до човечки жртви. Значи не можеш да речеш дека Тајлер е луд. Повеќе може да речеш дека Нортон е излуден во филмот отколку неговото алтер его, кое точно знае што сака.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.334
Поени од реакции
57.902
Сте ја однеле темава на сосема поинакво ниво :)
 
I

Intex

Гостин
Прв болд, затоа и дебатата е позабавна нели?..:)
Втор болд-во првиот пост на темава, токму тоа го поставив како прашање, дали методите на Тајлер се оправдани, но има и една работа која му оди во прилог. Тајлер во ниеден момент не пропагира насилство, ништо не наметнува со сила. Тепачкиот клуб се основа сам по себе, има интерес. Тој не вика, ајмо дечки од денес правиме клуб. И друга работа, сите акции што ги прави се со согласност на останатите, а во зградите кои сака да ги дигне во воздух нема да дојде до човечки жртви. Значи не можеш да речеш дека Тајлер е луд. Повеќе може да речеш дека Нортон е излуден во филмот отколку неговото алтер его, кое точно знае што сака.
Тајлер случајно му текна да го запали станот на нараторот? Случајно го тера нараторот да го тепа, т.е. мава на празно, со што ќе привлече внимание?
Тоа со зградата, да, тоа со кинезот од продавницата, да, тој е анти-херојот на приказната. Некој кој го презира модерното општеството и тие кои владеат со него. Сепак, сите ние го презираме, и потајно посакуваме да се ослободиме од синџирите, ама сме лузери a.k.a. ликот на Нортон.
Нортон ти е само губитник без можноста да размислува јасно и да знае што сака. Да, немаше жртви од
Сте ја однеле темава на сосема поинакво ниво :)
Ако ги крши правилата на подфорумот, се враќаме чекор назад.:)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Тајлер случајно му текна да го запали станот на нараторот? Случајно го тера нараторот да го тепа, т.е. мава на празно, со што ќе привлече внимание?
Тоа со зградата, да, тоа со кинезот од продавницата, да, тој е анти-херојот на приказната. Некој кој го презира модерното општеството и тие кои владеат со него. Сепак, сите ние го презираме, и потајно посакуваме да се ослободиме од синџирите, ама сме лузери a.k.a. ликот на Нортон.
Нортон ти е само губитник без можноста да размислува јасно и да знае што сака. Да, немаше жртви од

Ако ги крши правилата на подфорумот, се враќаме чекор назад.:)
Ама пази, тој сам себе се предизвикува, го крева во воздух својот стан, не нешто туѓо. И друго, тој сама себе се мава, но од каде тоа дека сака да привлече внимание и од каде гаранција дека ќе ја привлече. Ако тоа му бил планот лесно можело се да пропадне во вода.

П.С Никакви правила не се кршат. Терај..:))))
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.357
Поени од реакции
25.051
А јас едно само се прашувам - дали книгата е озбилно толку глупа или до македонскиот превод е?
Пред некоја година прашав во Уметност и литература ама никој не ми одговори. Значи, ја прочитав дури пред година/две и бев тотално разочаран од книгата. Само 10тина реченици. Све друго матно, онака шаблонски напишано колку ради реда, ни малку замачкано ни ништо. Добив впечаток дека ако не го имаш гледано филмот пред тоа, книгата ќе биде многу нејасна и чудна.
Вчера купив уште една книга од Чак Паланик - Приспивна песна. Па да видам каков стил тера во оваа книга, дали е истиот како во Фајт Клаб, или едноставно е до македонскиот превод само... За жал Фајт Клаб не сум ја видел на англиски по книжарите, па за да споредам.
 
Добро е значи не го имам само јас тој впечаток. Јас ја имам читано книгава во македонско издание од издавачка куќа Три-полош превод амин!! Среќа што го имав два пати гледано филмот пред да ја прочитам, иначе немаше ама баш ништо да ми биде јасно. Тоа преведувачот се гледа, кај заглавил, кај не разбрал што се работи, па тресел од ракав зборови. Ужас. Се изнервирав додека ја дочитав.
А башка книгава во доста работи се разликува од филмов. На пример, Финчер многу паметно му дал сосем поинаков крај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom