- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.611
- Поени од реакции
- 38.949

Yellowjackets е американска трилер драмска серија креирана од Ешли Лајл и Барт Никерсон. Приказната следи група тинејџери кои преживуваат авионска несреќа во 1996 година и ги следи последиците и од несреќата, а и подоцна, кога преживеаните стануваат возрасни личности, во 2021 година. Улогите ги толкуваат Софи Нелси, Џасмин Савој Браун, Софи Татчер, Саманта Ханрати, Лив Хјустон и Кортни Итн како членови на групата тинејџери и Мелани Лински, Тоуни Сајпрес, Џулиет Луис, Кристина Ричи, Лорен Амброус и Симон Кесел како возрасните верзии на нив. Во главните улоги уште глумат Ела Пурнел, Стивен Кругер, Ворен Кол, Кевин Алвес и Сара Дежарден.
Серијата имаше премиера на Showtime на 14 ноември 2021 година. Првично имаше многу позитивни мислења од критиката и гледачите пред се за приказната и глумата, но мислењата почнаа да стануваат повеќе мешани во наредните 2 сезони.
Во 1996 женски фудбалски тим од средно училиште во Њу Џерси патува со авион до Сиетл за национален шампионат во фудбал. Додека летаат над Канада нивниот авион се срушува длабоко во дивината и преживеаните фудбалерки остануваат заглавени во шумата цели 19 месеци. Серијата ги следи нивните обиди да преживеат и на што се се способни во тие ненормални услови додека снегот и мразот покриваат се наоколу. Напоредно, серијата ги следи животите на преживеаните 25 години подоцна, во 2021, кога случувањата од дивината некако чудесно се враќаат во нивните животи и влијаат за тие да можат да продолжат со нормалниот живот, многу години откако се спасени. Приказната е некој амалгам на филмовите Alive / Society of the Snow и романот на Вилијам Голдинг - Господарот на мувите.
Yellowjackets е најстримуваната серија на Showtime во историјата на сервисот. Според нив, предпоследната епизода од првата сезона ја следеле 1 милион и 410 илјади гледачи ширум светот, а финалето 1 милион и 300 илјади гледачи. Серијата заработи и многу номинации и награди меѓу кои се 10 номинации за ЕМИ (меѓу кои и за најдобра драмска серија) и една за Златен Глобус (за жал, без да освои награда на тие 2 манифестации).
Третата сезона во моментов се уште излегува, што значи актуелна е во моментов. Кај нас може да се гледа на SkyShowtime. За сите кои сакаат survival серии и филмови - препорака! Сигурен сум дека ќе ви се допадне.