- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.794
- Поени од реакции
- 15.819
Своевремено се отвараше и пдф за игрите, денес на три дена до официјален почеток нема никаква заинтересираност.
Така да, нека биде оваа официјална тема за игрите, па ако мислите дека треба да се отвори и посебен потфорум, отворете, ќе пополниме нешто од нешто.
Игрите по трет пат се одржуваат во Азија, по Сеул и Нагано, Пјонгчанг е третиот домаќин на зимски олимписки игри. Потоа се продолжува пак во Азија, така да во нормално време да гледаме ќе си почекаме после три олимпијади.
Овие игри ќе бидат и рекордни во бројот на спортисти и број на доделени медали и поделени кондоми по спортисти.
На програмата ќе бидат и три нови дисциплини.
Ние ќе настапиме со тројца спортисти, двајца со А норма. Еден во алпско скијање и двајца во нордиско скијање.
Знаменосец ќе е нордиецот Ставре Јада.
Официјален сајт на игрите
www.pyeongchang2018.com/en/index
Преноси ќе вршат овие телевизии кои ни се туку речи достапни на нас.
МРТ
EUROSPORT
ZDF/ARD
HRT2
RTS
RTVSLO
Преносите почнуваат од 02 часот, па се до 15.30 часот.
Свеченото отварање на игрите е во петок, неофицијално игрите ќе започнат веќе во среда со карлинг и уметничко лизгање.