Храна и пијалоци од нашето детство

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.841
Поени од реакции
8.941
Возраст
35
Темава е за храна и пијалоци кој сме ги јаделе и пиеле како деца. Небитно која година сте се родиле, растеле како деца со нивното конзумирање и дали денес сеуште постои тој производ или пак храна и пијалоци кој нашите мајки ги гприготвувале.


Јас сум роден 90та година и тоа што во мое детство имало од производи скоро и ден денес го има (можеби со променет дизајн на амбалажата и нова современа технологија на правење) а од храна кој го готвела мајка ми и не е нешто премногу сменето.

Сега во моментов се сеќавам на пијалокот Step drink/Step max или како и да се викаше тој прашакот на растворање од лимон, јагода, праска... Деца во школо кога бевме го лижевме на суво, вкусот малку горчлив на суво .
476000063_1l.jpg




Гумите за џвакање Shok center кој имаа кисел вкус при гризење истекуваше кисело а забите партали од киселото.
maxresdefault.jpg


Доколку се присетам на уште нешто ќе пишам.
 
Ехее, тука има да се пишуваат доста ствари. Иста генерација сме, така да сигурно ти текнуе на некои од ствариве.

Рафаело, киндер буено, животинско царство, дракула мастики/чунга лунга, хуба буба мастики, пез бомбони, оние топче мастиките што беа у различни бои, тие што пукаат во уста со вкус на кока кола и други вкусови, лики кул сладоледи (ептен беа хит кај нас у маало), гумени бомбони со вкус на кока кола, дигимон наполитанки со картички „Дигимон“, оние благине у форма на цефка со вкус на јагода (у црвена опаковка) и најбитно:

61aVSyqoofL._SY450_.jpg


Степови и ние ги стаавме на јазик, па некој ни кажа дека можеме да фатиме рак и се упрпавме едно два дена. После тоа продуживме со истата пракса.

Ако ти текнуе, за фанта шоката имаше муабет дека ќе станеш стерилен ако ја пиеш многу. :D
 
Наместо кусурот 5 денари кај чичко комшо во малското продавниче една мастика (гума за џвакање)
Плус сликички со љубовни пораки Што е љубов
$_3.jpg
 
Ви текнуе едни сокчиња од киви газирани што беа у стаклени мали флаши? Хемија невидена.
 
Ви текнуе едни сокчиња од киви газирани што беа у стаклени мали флаши? Хемија невидена.
Да бе, ги пиевме тие многу. Кај мене у маало, ама тоа само у една продавница сум го начекал, ептен мал бев 95-та негде, имаше сокчиња во пластични ќесиња. 10 денари сокче, ќесето беше 15 cm големо и сокчињата беа у различа боја. Исто така јака хемија, ама ептен вкусни.
 
Имаше едни газирани сокови во мали шишенца, барав не најдов кој ги правеше. Пред 20години ги имаше по продавниците, дури 6 денари коштаа :pos:
 
1. Леб, мајонез, кашкавал, кечап секој божји ден ова го јадев.
2. Пржено лепче со еурокрем.

Имаше и многу деца од маалото јадеа леб, вода и шеќер врз лебот, ама мене никогаш не ми направи некој ќејф...
 
1. Леб, мајонез, кашкавал, кечап секој божји ден ова го јадев.
У малоо со другарите заигран не ти се иде дома мајка ти вика од балкон по тебе да си идеш дома да јадеш ти упорен Абе уште малку!! НЕ ти вика мајкат ти. На крај завршува со сендвич еден ваков ти го даваат од врата и со сендвичот трчање да се продолжи играњето у маало.

Ја немав маало ама затоа идев кај другар по цели денови киснев таму па знам како беше
 
Млеко и јогурт во кеси.
Леб со дупчиња :)
Евтини газирани сокови, полнети во разни подруми и гаражи.
Минерална кола „Скопјанка“.
Афри-кола, Пел-кола.
Се сеќавам кога во секоја поснабдена (а и во оние со помал асортиман) продавница имаше машина за мелење кафе. За многумина беше поисплатливо да им сомелат.
Сладолед „Снежец“, чоколада „Колумбо“, одвратни сендвичи од Метропол (Генерација М) или од кај Чичко Стоилко...
 
Кај мене у маало имаше таква "сокара" баш у подрум :D ми текнува дека се прскавме со нив, цена ич ни па вкус ми текнува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom