Ај да кажам нешто за Кинектов.
Ќе бидам краток. Засега се е одлично. Сите игри што ги пробав се добро направени. Некаде може само да има некој мал проблем, да не распознае некое движење, но се на се одлично реализирано. На пинг понг дури и препознава ако сакаш од зад грб да удриш со палката. Kinect Sports е дефинитивно најдобрата игра засега. Сите игри се ептен интересни, само боксот малце не ми се свиѓа, подобар ми е тој на Motion Sports.
За сите гејмери што мислат дека ова е детско, и не е за нив и дека покрај сите други игри, ова нема воопшто да ги интересира, се лажете. Може и ќе ви биде досадно доколку цело време играте сами. Но со друштво, никогаш нема да ви се здосади. Доколку имате xbox и се мислите дали сакате да купите Kinect, јас го препорачувам. Нема да згрешите.
Donev брат ај пробаја виртуал тенис со кинект и кажи како е. Неможам јас уште да ја пробам а сакам да знам како е
Не сум го видел ова. Сега ја симнувам. Ама незнам кога ќе имам време да ја пробам. Можеби ќе чека викенд.
пс. Дали некој друг има проблеми со COD? Ниедна не ми се уклучува. Го чита цетето, и кога ќе ја пуштам, останува црн екран. Не сум на лајф.