Ханг - звукот на третиот милениум

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Кога двајцата заљубеници во перкусии (ударни инструменти), Швајцарците Felix Rohner и Sabina Schärer, во 2000. година добиле визуелна и конкретна реализација на првиот ханг од квалитетен челичен лим, не наслутувале ни најмалку дека покренуваат револуција во светот на музичките инструменти.

111.jpg

Иако денес, поради големата заинтересираност можат да се најдат и поефтини т.р.г алтернативни облици на ханг, сепак добрите познавачи ја знаат разликата меѓу оние кои произлегуваат од масовното производство и оние кои идат ко шо е редот од хепи швајцарската PANArt работилница.

Страдивариус и виолината нема никогаш да ги осетите со се јајца од фабрикус. Тоа добро го знаат и познавачите на овој нов звук, па затоа трпеливо чекаат и по неколку месеци на листата на нарачатели кај Феликс и Сабина.

222.jpg

Шо е друго занимливо? Па тоа што доколку сакате оригинален PANArt-ов ханг, нарачката морате да ја остварите лично со доаѓање во работилницата на Engehaldenstrasse 131 во Берн или со писмо. Со восок. Или со гулаб.

Лажам и за восокот и за гулабот, но замислете не постои никаква веб комуникација, првенствено пред се заради оневозможеноста на творците да му се посветат на овој вид на медиум.

Елитизмот кој го форсираат не е заради подигање на цената на нивниот производ, туку пред се заради фактот дека хангот е инструмент во еволуција и развој и на чие усовршување и модалитети, работи и понатаму добар тим.

333.jpg

Од тие причини сакаат лично да го запознаат купувачот, притоа да му понудат да испроба повеќе видови на ханг – оргиналниот, интегралниот и слободно интегралниот (најновото дете во генерацијата). Кога купувачот ќе го почувствува инструментот, го одбира секако оној кој нему најмногу му одговара и се враќа дома со празни раце. Дури после неколку месеци, му стига неговиот личен ханг, конструиран по неговиот сензибилтет.

Постојат урбани легенди зошто практично е невозможно да најдеш PANArt-ов ханг во слободна продажба, во продавниците за користени инструменти или на купи - продај сајтовите. Иако многу веројатна е верзијата дека штом еднаш човек се дочепа до него, тешко да дојдат до адио –ред –слози – ред – мрс*** моментот, кружи и приказната дека кога го купуваат потпишуваат договор со кој не смеат да го продаваат по повисока цена од онаа по која го купиле.

Послушајте го магичниот, вонвременски звук на овој инструмент, кој како неко кој меџу нама није наш да го спуштил на планетата земја на почетокот на третиот милениум.
Истражете се себеси, без зауздување.

 
Creepy, ми личи како вонземјански музички инструмент. Како и да е ептен јако за слушање.
 
Forrest Gump се имаш сретнато негде со инструментов? ... т.е каде може да се купи макар и копија...бидејќи овакво чудо е грев да не се има дома.
 
Ова е уствари нешо слично на челичен тапан, сличен принцип, „обратна“ форма :) али многу добро звучи :)
 
Ми се допаѓа на прв поглед
edit: и слух :D
 
Forrest Gump се имаш сретнато негде со инструментов? ... т.е каде може да се купи макар и копија...бидејќи овакво чудо е грев да не се има дома.

Биди сам свој мајстор :icon_lol: Мислам дека од овде им е и инспирацијата
Barbeque.jpg
 
Преубо звучи, и јас сакам...
 
Forrest Gump :cuc:
нит сум чул нит сум видел нешто вакво. секоја чест за темава, .. звукот е HIGH, помилозвучен и од харфа. а и типов одлично госовладал инструментов. деновиве ќе гледам да преслушам што е можно повеќе ствари.
 
Ептен јака ствар, од прееска го слушам, секоја им чест.
 
King B Зема ми га Пост од Уста : ))))
Текна ми дека Шпогнл имаф траку сс овј инструмент, укључују Јутуб, скролам надоле и глеам ти си гу постирала траку
Срам да ти е крадеш ми лајкови hhhhhhhhhhhh
Ja увек се ежу на овуј траку !
 
Taман си најдов албум за слушање денес, ќе треба да се префрлам на Hang Massive.
Опуштена, искулирана музика, баш каква шо ми треба за читкање.
Фала Гамп (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom