www.mojprostor.mk - Бесплатен огласник

Член од
25 март 2021
Мислења
5
Поени од реакции
1
www.mojprostor.mk - Бесплатен огласник

Почитувани, ова е мојот нов сајт за огласување. Ја отварам оваа тема бидејќи ми треба ваша помош. Кој има време да направи еден review и да ми каже што му се доапаѓа, а што не, би му бил благодарен. Иначе, сајтот е бесплатен за регистрација и дозволува бесплатно 60 огласи во рок од 365 дена кои истите се зголемуваат за уште 60 во секоја наредна година. Останатите цени се ставени со цел да можат да го покријат одржувањето на сајтот и годишниот закуп на домен и хостинг, ова е втора година како што сам го финансирам. Цените можам да ги корегирам и да ги намалам доколку мислите дека се прескапи за нашите услови. Исто така ме интересира дали некој знае или може да ми помогне како би го промовирал сајтот за поголема посетеност? Однапред ви благодарам!
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Со оглед на големината на пазарот, мислам дека тие 2-3 огласници што за сега функционираат се доволно, ако не и премногу - со оглед на тоа што 90% од огласите се повторуваат меѓу страниците. Во суштина, секој гледа да го огласи својот предмет на страница што има голема посетеност затоа што - чуму бесплатен оглас ако е на страница која има 50 посети дневно од кои мојот оглас би имал 0-2 прегледи? :) Попрво би платил 50-100 денари на огласник каде ќе има добра видливост, отколку на бесплатен огласник - каде што никој нема да го види.

Да не бидам Captain Ovious, ама ако сакаш да го тераш сериозно, инвестирај во промоција и привлечи поголем број огласувачи во исто време. Ако ја развлечеш кампањата и повремено доаѓаат огласувачи, ќе видат дека е празно и нема да го остават оглас :)

Околу промоција, мои совети:
1) Види ценовник кај нас
2) Пуштај ПР објави / банери
3) Види цени на радио
4) Сними и пуштај радио реклами

Facebook рекламите речиси и никаков ефект немаат во последно време, а цените се до плафон...
 
Последно уредено:

Ќе ги земам во предвид советите во врска со промоција на сајтот. Бидејќи сакам да го терам сериозно, затоа и ги побарав советите од вас како потенцијални огласувачи. Имам во план да го рекламирам на Вибер, бидејќи ФБ не се покажа а и прескап е, претпоставувам дека ќе одам на картата со маркетинг агенција, но ќе треба да направам истражување и за тоа, бидејќи не планирам да дадам 1000 евра за реклама а за возврат да ми донесе 100 евра. Доволно е да ми донесе приходи колку за одржување на сајтот. Ти благодарам на одвоеното време.
 
Дали знаеш кои се цените за Вибер маркетинг? :) Можда само Twitter и LinkedIn се поскапи.
 
Член од
25 март 2021
Мислења
5
Поени од реакции
1
Дали знаеш кои се цените за Вибер маркетинг? :) Можда само Twitter и LinkedIn се поскапи.
Искрено немам појма, имам видено на сајтови на трети провајдери што нудат услуги за вибер рекламирање и цените се движат отприлика од минимум 100 еур па нагоре. Мислам дека тоа би било поефективно за разлика од ФБ. На ФБ имам потрошено повеќе од 200 еур (и ова е малце за реклама ама толку е силата :) ) но имам добиено само лајкови на пејџот и 2-3 огласи :) Бидејќи не се наоѓам во маркетингот, а имам желба да го работам огласникот, затоа барам совети во врска со промоција на истиот.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.554
2021 година во која мојата желба за постоење огласник кој ќе забрани цени 1 денар или цена по договор нема да биде исполнета :)
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.925
Ја не ги сваќам тие со 1денари и Цена по Договор.
Кога пребарувам Автомобил или Стан пишувам ценовна рамка. Пример за кола 2000-3000€. Мене огласникот никогаш не ми ги дава огласите од 1ден. а уште помалку тие што сакаат да се договараат. :) Али идиотлукот мора да се одржава.
 
"батица, ја на зијан не излегувам, 500е го купив, 700е ќе го продадам"
"продуктот чини 'x' пари, му додава 'y' пари, ај можи ќе се надени некој"
"немаат што да прават во текот на денот па му е интересно постојано да дремат на телефон и да се ценкаат за 50 денари"

Кога ќе погледнам таков оглас знам дека прво ќе си изгубам драгоцено време, второ дека има голема веројатност или да има проблем со продуктот, или цената да е напумпана повеќе отколку што треба. За жал, поголем дел од огласите се такви, па не само што би губел време на ценкање, туку губам време и во пребарување на добар оглас.

Кога би имал огласник, не само што би забранил цена 1ден, туку и би овозможил коментари, рејтинг, статистика како за продавачот, така и за купувачот, нешто што ќе понуди поинакви опции и нема да биде копија на р5 и п3 со можеби подобар дизајн.

До сега пример никаде не сум видел категорија итно. Некој да сака да продаде нешто во најбрз рок и по пониска цена.

Да се завлезе во оваа проблематика има идеји за да се дискутираат до сабајле, дури и ме чуди како од првиот дизајн пред 15 години што е излезен, нема никаква промена освен тоа што некаде плаќаш по оглас а некаде претплата за цела година.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.925
Вистински огласувачи беа тие што купуваа М Експрес и Огласник М па да пополниш купонче и истото да го однесеш до пункт на кој стои кутија која ја збираа еднаш неделно. Па наредната недела да го купиш Огласникот од трафика и да му се радуваш на огласот со надеж дека некој ќе го прочита таа недела и ќе ти се јави за да правите пазар.
Е тоа беа Огласи. А не денешниве преваранти кои пуштаат огласи за да тепаат време.
 
Член од
25 март 2021
Мислења
5
Поени од реакции
1
"батица, ја на зијан не излегувам, 500е го купив, 700е ќе го продадам"
"продуктот чини 'x' пари, му додава 'y' пари, ај можи ќе се надени некој"
"немаат што да прават во текот на денот па му е интересно постојано да дремат на телефон и да се ценкаат за 50 денари"

Кога ќе погледнам таков оглас знам дека прво ќе си изгубам драгоцено време, второ дека има голема веројатност или да има проблем со продуктот, или цената да е напумпана повеќе отколку што треба. За жал, поголем дел од огласите се такви, па не само што би губел време на ценкање, туку губам време и во пребарување на добар оглас.

Кога би имал огласник, не само што би забранил цена 1ден, туку и би овозможил коментари, рејтинг, статистика како за продавачот, така и за купувачот, нешто што ќе понуди поинакви опции и нема да биде копија на р5 и п3 со можеби подобар дизајн.

До сега пример никаде не сум видел категорија итно. Некој да сака да продаде нешто во најбрз рок и по пониска цена.

Да се завлезе во оваа проблематика има идеји за да се дискутираат до сабајле, дури и ме чуди како од првиот дизајн пред 15 години што е излезен, нема никаква промена освен тоа што некаде плаќаш по оглас а некаде претплата за цела година.
Освена за цената, се ова што го кажа го содржи MOJPROSTOR.MK. Можете да оставите коментар и рејтинг за огласувачот, исто така имаме и опција за продажба како ИТНО.
Проблемот во цената е тоа што неможеш никако софтверски да го решиш со забрана на цена 1 ден. (999999 ден.) освен акдминистраторот на сајтот да не ги одобрува тие огласи. Сме го размислувале и тоа, но тоа ако го забраниме, како за почеток, како би ги привлекле огласувачите?
Ти благодарам за одвоеното време и идеите.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.554
Освена за цената, се ова што го кажа го содржи MOJPROSTOR.MK. Можете да оставите коментар и рејтинг за огласувачот, исто така имаме и опција за продажба како ИТНО.
Проблемот во цената е тоа што неможеш никако софтверски да го решиш со забрана на цена 1 ден. (999999 ден.) освен акдминистраторот на сајтот да не ги одобрува тие огласи. Сме го размислувале и тоа, но тоа ако го забраниме, како за почеток, како би ги привлекле огласувачите?
Ти благодарам за одвоеното време и идеите.
Огласувачите не се привлекуваат, се привлекуваат купувачите. Ова е стратегија на која што треба да се цели. Една топ шоп реклама „само кај нас, реални цени на производи и без трошење драгоцено време“ поголемата младина за брзо време ќе ја засака оваа стратегија.

За цените, би можело да се направи по категории. Пример некој сака да огласува автомобил > 2010 година, да не може да пише <1000 евра пример.
Ова е макотрпно затоа што постојат и услуги за кои што треба да се договориш.

Забележав дека постои тоа итно, но дали и значи помали цени од просекот за тој производ. Ако некој сака итно да си го продаде производот по иста цена, тогаш нека си закупи простор кој ќе му гарантира поголема гледаност.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom