Wonderkids - Дискусии, скиншотови, предлози, СА/РА...

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.014
Поени од реакции
6.130
Насловот кажува се. Тука дискутираме за wonderkids (млади фудбалери со висок потенцијал), постираме нивни скриншотови, побаруваме мислења за нив, споделуваме искуства...

Еве јас ќе почнам со еден мој предлог, а вие дискутирајте, побарувајте информации/скриншотови, разменувајте искуства за одредени играчи:

Hervin Ongenda
Години: 16​
Позиција: ST​
Клуб: Paris Saint-Germain​
Националност: French​
Вредност: £1.3 million​
Цена: £2 million​
Профилот на Ongenda на почетокот на играта:​
Профилот на Оngenda на 25 години (со соодветно развивање):​
Станува збор за одличен проспект, кој на почетокот може да се купи за ниска цена со оглед на неговиот потенцијал. Неговата брзина, подвижност и еастичност се негови најдобри адути. Играч кој го ставам во ист кош со Fierro и Niang доколку правилно се развива и остане имун на тешки повреди при развивањето.​
Бест бај рејтинг: 10/10

И да, кога веќе сум тука... Какви искуства имате со Кристијан Ериксен од Ајакс? На многу места сум видел дека го фалат, али кај мене на секој сејф кој и да го земе флопнува јако. Токму и затоа не сум се одлучувал да инвестирам во него.. Ме интересира дали на некој му се угодил, а доколку да, не би било на одмет да ми покаже негов скриншот со клубски статистики и неговиот сегашен профил. :)
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.220
Поени од реакции
19.481
Флопнува Ериксен, газеше на ФМ11, ама тука игра ептен лошо, иако има добри атрибути.
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
119
Поени од реакции
84
О, сеа глеам дека имало болесници по играва тука :icon_lol:

Еден од подобрите играчи според цена и плата во FM2011 и FM2012 што ги имам купено.





Име: Kara
Клуб: Tromso
Години: 21
Националност: Senegalese
Позиција: Defensive Midfielder & Center Back
Вредност: 975.000 фунти
Pros: Heading, Marking, Tackling, Anticipation, Concentration, Determination, Decision, Aggression, Strength
Cons: Dribbling, Composure
Опис: Tenacious Defensive Midfielder
Карактер: Professional

За парите ова е одличен шопинг не се развива премногу али на 21 година е звер, гази на средината..деструктивец, малце мана муе брзината но може да игра и као CB што е супер. За послаб тим одличен као стартер, а во добар тим као ротација.

Во FM2012 го земав за околу 1.5 M eu на неделна плата од 7.000 eu во Lille, Балмонт го шитнав за 3 М и на таа позиција ги ротирав со Мавуба, a после некоа сезона стартер. Единствен проблем со играчов е работната дозвола за во Франција немав никаква фрка, али во Англија коа играв во друг сејв едно 2-3 сезони ми беше во Белгија на позајмица додека добие работна дозвола.

Цената му расте и над 15 М за продавање.

Purchase Value: 9/10

 

Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.609
Поени од реакции
1.549
О, сеа глеам дека имало болесници по играва тука :icon_lol:

Еден од подобрите играчи според цена и плата во FM2011 и FM2012 што ги имам купено.





Име: Kara
Клуб: Tromso
Години: 21
Националност: Senegalese
Позиција: Defensive Midfielder & Center Back
Вредност: 975.000 фунти
Pros: Heading, Marking, Tackling, Anticipation, Concentration, Determination, Decision, Aggression, Strength
Cons: Dribbling, Composure
Опис: Tenacious Defensive Midfielder
Карактер: Professional

За парите ова е одличен шопинг не се развива премногу али на 21 година е звер, гази на средината..деструктивец, малце мана муе брзината но може да игра и као CB што е супер. За послаб тим одличен као стартер, а во добар тим као ротација.

Во FM2012 го земав за околу 1.5 M eu на неделна плата од 7.000 eu во Lille, Балмонт го шитнав за 3 М и на таа позиција ги ротирав со Мавуба, a после некоа сезона стартер. Единствен проблем со играчов е работната дозвола за во Франција немав никаква фрка, али во Англија коа играв во друг сејв едно 2-3 сезони ми беше во Белгија на позајмица додека добие работна дозвола.

Цената му расте и над 15 М за продавање.

Purchase Value: 9/10
Играчот е КОСКА. На секој можен сејв го купувам :D. Иначе, може да биде во секој тим стартер, не се развива премногу ама доволно за да биде стартер во тим кој се бори за ЛШ... Првата сезона се зема за 1М..
 

RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
16.976
Поени од реакции
34.232
Вондеркид се рачунаат најмногу до 21 година што се од старт. Тука ќе ги напишам оние кои се подостапни за поефтина цена и кои доколу се земат и се играат често може да станат одлични играчи, некои дури и да се борат за Ballon D'Or. Значи ова е главно листа за оние кои водат клуб како мојот (ВБА), кои сакаат од средишна екипа да направат конкурент за ЛШ. Нормално некои играчи може да бидат одлични и во појаки, а и послаби тимови.

(Ќе болдирам по еден играч за секоја позиција кој јас би сакал да го иам доколку сум со тим каков што наведов погоре)

Голмани: Marc-Andre ter Stegen (19, Gladbach), Alex Smithies (21, Huddersfield)

- Првиот одма откако ќе пратите скаут ќе сфатите за каков феноменален проспект станува збор, а за вториот мора да го имате во клубот да видите во каков играч се развива. Скаутот нема многу да ви ги открие вистинските негови способности. Стеген може да биде врвен голман и во најјаките клубови, а Смитис е повеќе за да биде ѕвезда во клуб кој е голем конкурент во Лига Европа, или еден од послабите во ЛШ.

Десен бек: Kyle Walker (21, Тотенхем), Sime Vrsaljko (19, Dinamo)

- Знам дека Вокер е познат како јак проспект, но на играва почекајте една сезона и Тотенхем ќе го стаат у резерви и ќе му стаат ниска цена. Нормално дека овој станува ѕвезда кај и да отиде после тоа. Вршаљко може за ефтино да се земе уште на стартот од играта и може веднаш да биде прв избор за тим кој игра во ЛЕ, а по една-две сезони е директен конкурент за стартер во било кој клуб од ЛШ.

Лев бек: Gabriel Araujo (19, Cruzeiro), Dodo (19, Bahia), Jack Robinson (17, Liverpool)

- Првиов сум го немал никад у тим, али знам дека тие што го купиле покасно за многу пари се каат што не го земале кога бил поефтин. Додо е одличен за бекап лев бек на почеток, и со бавно интегрирање станува прв лев бек на некој конкурент за титула. Џек Робинзон не знаев дали да го стаам. Зависи од начинот на кој ќе се движи Ливерпул во вашата игра. Доколку не ги исполнат очекувањата во првите две сезони, овој ќе почне да бара трансфер во друг клуб. Има 50% шанси за 2 сезони да го добиете за околу 5 мил.

Центар бек: Dedryck Boyata (20, Man City), Danny Wilson (19, Liverpool)

- Двајцата се у слична ситуација. Првин позајмица, следната сезона пак позајмица со ефтина откупна клаузула. Вилсон според мене има повеќе шанси да стане ѕвезда бидејќи е помлад.

Лево Крило: Овде имам само да го препорачам Kevin Grosskreutz (22, Дортмунд). Не се брои како Вондеркид бидејќи е постар, но одличен проспект е и сеуште е во развој. Други ефтини не можам да препорачам. Дури сеа глеам дека никад не ми затребал некое младо и ефтино лево крило. Слободно нека дополни некој ако знае.

Средина (Деструктивец): Casemiro (19, Sao Paolo), Amine Linganzi (21, Blackburn), Lorenzo Crisetig (18, Inter)

- За Касемиро важи скроз истото што важеше погоре и за Araujo. Линганѕи е топ за екипа која е стално конкурент во ЛЕ, Крисетиг може во секоја екипа да се вклопи. Чекајте само да биде при крај со договорот, пред да му понудат нов и тогаш земете го. Првин праќајте го на позајмица, па коа ќе ви треба бекап деструктивец ќе го имате него. Евентуално ќе стане борец за стартни 11.

Средина (Плејмејкер): Felipe Anderson (Santos, 18), Tom Cairney (20, Hull City).

- За двајцава иста класификација како со голманите на почетокот. Да не се повторувам пак

Десно Крило: Vladimir Weiss (21, Espanyol), Xerdan Shaqiri (19, Basel)

- Вајс земете го брзо пред Сити да го лапне. Шакири е поскапа варијанта, но е нешто поквалитетен, само малце себичен е некако.

Полушпиц: Siggurdson (21, Hoffenheim), Adam Lallana (20, Southampton)

- Сигурдсон зависи од пачот со кој играте. Исто е квалитетен, само може да биде поскап со едниот, нз кој. Ќе мора сами да проверите. Лаљана земајте го ако ви треба константен играч што ќе игра исто без разлика дали моментално сте во тим од средина на табелата или конкурент за квалификации во ЛШ. За мене беше врв. Човекот е поим за константност.

Напаѓач, тројцата што мислам дека веќе сите што ја играат играва откако излезе ги знаат напамет, али ај ќе ги напишам: Yaya Sanogo (18, Auxerre), Lenny Nangis (17, Caen), M'Baye Niang (16, Caen)

- Тука нема погрешен избор. Сите сегде праат растур. Единствената разлика можеби е што Нианг е најмлад од сите, а на 16 години е иста јачина со Саного кој е 18. Секој најлесно може да се одгледа во врвен фудбалер. Рано може на позајмица да иде, па да биде бекап, па ротација, па прв тим и на крај да стане ѕвезда.

Фуф се измачив дур го напишам ова. Секако дека пропуштив некои играчи, поготово сигурен сум дека ќе дојде некој што ќе ме поправи за лево крило, али ова е најдоброто од тоа што јас го знам за вакви ефтини и млади играчи. Се надевам дека ќе ви биде од корист :)
 

RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
16.976
Поени од реакции
34.232
Играч на Сити е, на позајмица е у Еспањол ;)
Затоа стално таму бил... :D Мислев да не е ко оној Danny од Зенит што го земаат на секоја сејфка... моја грешка :)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.470
Поени од реакции
11.372
Рики горе пишал неколку играчи што имаат или сеуште играат за Интер на мојот сејф па ќе пишам по нешто,но генерално гледано ќе имате топла препорака за секој играч,нема утка,а и ќе додадам некој играч плус.

Marc-Andre ter Stegen (19, Gladbach),го земав во Интер на негови 20 години за 10 милиони,но ниту во еден момент не се поколебав околу парите.Уште на полусезона од кога го земав ги оправда парите дадени за него,а и морав да барам замена за Цезар,кој веќе беше стар и не беше истиот од порано.Одлично се развива од година во година,одлично соработува со одбраната и фака ненормални топки.Сеуште брани за Интер,има 31 година и вреди 32 милиони.
Кој и да го земе нема да погреши,но и соодветно треба да се развива.


Gabriel Araujo (19, Cruzeiro) уште првата сезона го земав во Интер бидејќи Киву и компанија по таа страна беа катаклизми и морав да го пуштам во оган детето.За големо чудо не изгоре,ги оправда парите и го викнаа во репрезентација.Но после неколку сезони почна да се занесува,да му паѓа моралот и да го фаќа носталгија.Се обидов да разговарам со него,но без ефект па така им го провалив на Реал за 14 милиони каде што се повреди и се уништи.Инаку одличен по неговата страна,одличен центаршут со и многу јак во дуелите.


Dedryck Boyata (20, Man City),го земав нешто постар во Интер (24 години) од Астон Вила и за две години доби статус легенда во Интер.Одличен во воздушните дуели,одземање топка без фаул и одличен по нафрлања од корнер каде што даде доста голови.


Juan Martin Barrios (21,Metalist),детево не знам што да кажам,некаква копија на Карлос у најбољи дани,само без силните шутеви.Во одбрана непогрешлив,барем на мојот сејв,центаршутот и брзината му се за чиста 10-ка,а и премногу јако се развива со тек на годините.Игра лев бек,тоа му е природна позиција,а може и десно да игра.


Humberto Losa (Velez,напаѓач),не знам искрено на колку години го земав,ама немаше повеке од 22 години,скоро сигурен сум.Го платив 2,5 милиони,ми го понудија скаутите.Кога одам да видам што предиспозиции држи,тоа беше нешто ненормално.Безгрешен финишинг со дриблинг боли глава,сетоа тоа уз голема доза на агилност,сила во воздушните дуели и одлична игра со глава.Не беше скап,а и ми фати око,па го земав.Прва утакмица куп со Аталанта им дава 4 гола од плус 20 метри и останав со подотворена уста :pos:
Key player ми беше во состав едно 4 сезони се додека не се повреди на 4 месеци и повеќе не беше истиот,па морав да го продадам на Анжи.
Инаку од тренинг на тренинг се развиваше се подобро и подобро,безгрешен дриблинг имаше со безгрешен финишинг.


Wesley (Corinhians,лево крило,напаѓач),го зедов на негови 18 години за 2 милиони исто така по препорака на скаутите.Со неговиот квалитет на негови 18 години имаше веќе 4 звездички.Го земав без проблем од Бразил,на почеток малку додека се воигра забувашаше,ама кога почна да игра,како да не е од планетата на менаџер.Просечна оценка по утакмица му беше 8.50,со по два гола најмалку и исто толку асистенции,а го играв на крило.Се развиваше премногу добро,среќа немаше сериозни повреди,па сеуште е дел од Интер,key player и вреди 42 милиона.



Ако некој сака препорака за играч,а е нешто подалеку со кариерата (јас сум сезона 2023-2024),нека пише имам и други играчи за пишување.
Не ги пишувам сега,да не не можете да најдете некои а сте порано со кариерите па да ме пцуете :D

и за крај,huge database и ќе ги најдете играчите што ви ги набројав.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.014
Поени од реакции
6.130
Joel Valencia. Го развивал некој дечково?
 
Член од
18 август 2011
Мислења
56
Поени од реакции
11
Добар е Сусо од Ливерпул...

Стерлинг ми е пратен на позајмица а Еccleston го играм понекогаш како крило и е многу мотивиран.... Адам Морган сон.... за 2 сезони ќе газе... имав црвен и повреда на напаѓачи и морав од U18 да го префрлам у сениори и растураше со суарез иако е 17 години
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.772
Поени од реакции
1.272
Сега ми текна на еден: Матео Ковачич од динамо :eek: 4-та сезона вреди 18 мил. во спртак москва и е одличен
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
13.689
Поени од реакции
10.481
На кај 2014 излегуваат Barrios од некој Аргентински тим, Tobias Press кој е 16 години и е убиец во секоја смисла на зборот.

Nasastic е стално истиот звер веќе немам збор за него кога ми фали централен стално си го земам.

Како голман веќе е споменат Smithies.

Кога ми треба некој за напред Leigh Griffiths стално прва опција.

Аlbin Ekdal се развива во страшен играч заедно со сигурно веќе знаете Марко Верати и Лука Мароне.

Има уште многу за 12 ама не мие тука паметот :D
 

Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.609
Поени од реакции
1.549
На кај 2014 излегуваат Barrios од некој Аргентински тим, Tobias Press кој е 16 години и е убиец во секоја смисла на зборот.

Nasastic е стално истиот звер веќе немам збор за него кога ми фали централен стално си го земам.

Како голман веќе е споменат Smithies.

Кога ми треба некој за напред Leigh Griffiths стално прва опција.

Аlbin Ekdal се развива во страшен играч заедно со сигурно веќе знаете Марко Верати и Лука Мароне.

Има уште многу за 12 ама не мие тука паметот :D
I lol'd. Различни се имињата на регените на секоја игра братко...
 
На врв Bottom