Со корпоративна Америка дојде на ред да раководи генерацијата образувана 100% од феминизмот: хардкор феминистици ги изготвуваат наставниот план и програма, хард кор феминистици ги пишуваат учебниците, феминистици тој материјал го предаваат низ школите... критичка расна теорија, феминистичка биологија каде луѓето немаат само еден пол, виножитни знамиња по училишните мензи, “љубов е љубов и само љубов“. Резултатот веќе не може да се крие: Дизни тоне, Бад Лајт е избришан, сега Таргет е на ред, па Најки па така на ред сите брендови што се кријат зад виножитното знаме- на сите нив ќе им дојде редот.
И на изворот на ова виножитно феминистичко мултиродово лудило- високото образование во Америка- му се спрема бојкот. Школарините се превисоки за мнозинството млад свет, тие што добиваат попусти или бесплатно високо образование се исклучиво жени и тоа од одредено расно и етничко потекло (коишто потекла веќе се малцинство, ионака танкиот слој на млад свет што се решава да оди на колеџ се тенчи уште повеќе), тие што веќе завршиле се до гуша во долгови од студентските кредити а не можат да најдат работа според професијата за која се школувале, ова го гледаат идните матуранти па дигаат раце од помислата за одење на колеџ... нема да видиме онолку брзо како во случајот на Бад Лајт или отпуштањата низ ИТ фирмите низ Америка, ниту можеби низ медиумите ќе се документира тонењето на високошколскиот Титаник (“не им кажувајте, може ќе се излажат да тргнат на факултет“), но тоа тонење е неминовност- стотици илјади невработени бесни хардкор феминистици со докторати по родови/полови студии ти подготвуваат капучино во 6 сабајле со задолжителна насмевка. Хееее, хееее, хееее...