Woke и cancel култура, SJW, safe spaces, политичка коректност...

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Сведоци сме на се поголема инвазија на припадници на овие "идеологии" кои земаат се поголем замав во т.н. Западен Свет. Проблемот не е да се имаат ставови, туку кога истите тие се форсираат во законодавствата на државите и формалните организации. Во Норвешка говор на трансфобија во ПРИВАТЕН разговор може да ве чини затвор до 3 години. Многу филмови и серии од минатото се кратат или цензурираат, Оскар ќе можат да добиваат само филмови кои исполнуваат одредени малцински квоти и стандарди. Во 2018, Европскиот Суд за Човекови Права казнува Австријка затоа што го нарекла Мухамед педофил, затоа што имал секс со 9-годишно девојче кога тој бил 53, нешто што и самите исламски книги го потврдуваат.
Научник мораше да се извинува затоа што имаше кошула со секси жена на слика. Поради наводен сексизам, Формула 1 мораше да ги тргне хостесите кои беа присутни на трките.
https://www.reuters.com/article/us-motor-f1-grid/formula-one-to-stop-using-female-models-on-the-grid-idUSKBN1FK2EC
И многу други примери.

На тапет се ставени многу луѓе како Џордан Питерсон, Џон Клиз, по најново и Ник Кејв и многу други.
Дали под изговорот "Говор на Омраза" западниот свет кој треба да е носител на напредокот и цивилизациските вредности се приближува кон диктаторските и утепани земји? Какви импликации може да има овој бран на идиотизам во иднина?

Темава слободно може да биде и во политика и општи муабети.
 
Последно уредено:

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.656
Поени од реакции
4.713
Ministry of Peace - Арапско афрички пролети,дегенерички протести.Нееднакво општество,победници и губитници преодредени според закон.

Ministry of Truth - MSM,корпорации,социјални мрежи и нивни"fact checks".Непредизвикани идеи,цензурирање.деплатформирање,отпуштање.

Ministry of Love - Cancel срања.Не е важно колку си способен,туку која ти е сексуалната определба,боја на кожа,религија.Дупли стандарди или кратко кажано > ритуално понижување.

Doublethink - Декаденција,сексуална перверзија,самоуништување како добри и правилни нешта.Морални вредноси како заостанато зло.2+2=5.

Ministry of Plenty - Нема да имаш ресурси ако не ги почитуваш другите министерства и не бидеш субмисивен на нив.

Со тоа што ги форсираат луѓето да прифатат нефер третман е испробан начин да ги потчиниш.После некое време го прифаќаат како нормално.

Дури кога ќе те понижат доволно ќе може да те контролираат.

Целта е идеолошка субверзија.


Али сето ова не е вистина,туку извадок од книга.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Воопшто не си прогресивен значи. Ајша/Ајше имала 6 кога ја зел за жена, а 9 кога имал секс со неа. Постојат записи дека имала 9 кога ја зел и 12 кога имал секс, но тоа не го менува фактот. Тие го користат ова како аргумент дека Мухамед ги сакал жените (пошто ја чекал). Но треба да се земе и историскиот период, дали тогаш тоа било нормално? За мене е педофилија, но тука не сопираат неговите дела. Од убивање неколку стотина Евреи (најмалку 700) кога преминал од Мека кон Медина, па и имање на сексуални слугинки (робови), пошто, нели, бил предводник и на феминизмот (некои тврдат дека бил првиот феминист во историјата). Тоа што оставил простор мажот да може да и шлапне една воспитна е мерка која сите знаеме е застарена и не се применува.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
Дали е Мухамед педофил, треба да се разгледува во духот на тоа време. А некако ми нема допирни точки со темава.
Автоматски споено мислење:

Проблемот лежи во третманот на тие кои тоа го изјавиле.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Дали е Мухамед педофил, треба да се разгледува во духот на тоа време. А некако ми нема допирни точки со темава.
Луѓе за тоа се казнувани, како нема? Томи Робинсон беше новинарот кој беше напаѓан од муслимани во Британија само затоа што зборуваше јавно против Исламот. Го симнаа од ЈуТуб и едно време се зборуваше дека ќе ја напушти Британија.
Проблемот е во тоа што тоа се факти кои ги презентираат учениците и следбениците на Мухамед во неговите биографии. :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
Па тоа реков, третманот нивни (на тие кои тоа го изјавиле) е работава, не самото прашање дали бил или не, педофил.
Ако го наречеме педофил, тогаш секако треба да ги наречеме и сите други кои ја спроведувале таа норма, тоа време. А тоа се сите.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.455
Поени од реакции
2.462
YT ја избришаа оргиналната Remove Kebab , бидејќи терористот што беше во Нов Зеланд ја слушал неа.
Која е логикава на овие глупости незнам , а и ме интересира како станаа овие работи the norm од нигде никаде последниве 10тина години?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
YT ја избришаа оргиналната Remove Kebab , бидејќи терористот што беше во Нов Зеланд ја слушал неа.
Која е логикава на овие глупости незнам , а и ме интересира како станаа овие работи the norm од нигде никаде последниве 10тина години?
Затоа што исламот е религијата на иднината, христијанството е пропала фора. Штом нешто се шири тогаш на некој му одговара, а пошто се едни тие што контролираат се што постои тогаш има амин за тоа ширење.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
Широка е оваа тема, а двојните аршини кон исламот и христијанството, од страна на припадниците на овие движења, се само дел од целината на општествени тенденции кои водат, во крајна линија, кон вид на тоталитаризам.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
све тоа е збирштина од неработничка багра, културни работници, професори по факултети итн. И во Америка и тука е истата приказна, целата работа тргнува од факултетите. И све тоа забиберено преку невладини организации. Кога некого подмачкале со лубрикант може и да видите на форумов како никнуваат одненадеж како печурки и го бранат тоа како да им е последно.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.287
За да објаснам зошто се толку штетни исклучивостите кои и се наметнуваат на уметноста од таа страна, треба да образложам поопстојно, околу тоа - што е за мене уметност, да направам историска споредба со вакви случаи од минатото, зошто е најбитна искреноста на авторот во уметноста и тн.

Со примери е полесно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom