Wizz Air летови од/до Македонија

Член од
1 април 2017
Мислења
282
Поени од реакции
43
Имам купено 3 карти за Милано, ве молам посоветувајте ме како да ги откажам и да си ги вратам парите.
Дали има представништво компанијава во Македонија?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.287
Поени од реакции
4.689
Имам купено 3 карти за Милано, ве молам посоветувајте ме како да ги откажам и да си ги вратам парите.
Дали има представништво компанијава во Македонија?
Никаде немаат канцеларии, или ќе им се јавиш на телефон или ќе леташ/нема да леташ.
Визаир ти продава economy class карти, и овој тип не може да си ги вратиш парите во ниедна компанија освен ако не си платил за таква опција (кај некои компании го има тоа)
Ако сакаш и со туркиш летај исти курац ти е, пари назад троа потешко.
Дечки има некој искуство со откажување на купени карти?

Гледав нешто на нивната страна дека за откажување лет 14 или повеќе дена пред летот се плаќа 60 евра по патник. По таа логика значи ако имам купено 2 повратни карти треба да платам 120 евра? И дали тоа важи само за оние со членска?
Прво не знам дали имаат опција за откажување(мислам дека немаат), ама ако така си нашол на страната нивна тогаш имаат. И ако си го нашол тоа провери дали имаат refund на цел износ или има некој дел што не ти го враќаат. Да не биде Абе дадов 150€ ќе дадам уште 120 за да ми вратат 150те, 30€ ќе ги уштедам и они да ти одбијат рецимо аеродромски такси и да им дадеш уште пари па да биде плачки
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.308
Поени од реакции
22.593
Имам купено 3 карти за Милано, ве молам посоветувајте ме како да ги откажам и да си ги вратам парите.
Дали има представништво компанијава во Македонија?

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.645
Поени од реакции
27.951
Не сум сигурен дали е прашањето за тука,ми оштетија прилично скуп куфер уште на прва употреба,може ли да барам да ме обештетат? Пред месец дена го купив :(
 
Кригла1988

Екипа 4600
Член од
5 јуни 2015
Мислења
54
Поени од реакции
80
Дечки имам извадено карта за 13 Март до Милано но сакам да ја префрлам за 10 Јуни. На странава за тој датум им пишува sold out, дали да очекувам нов лет за тој датум или тешко?
 
Како ќе префрлаш, финансиски неисплатливо е, многу пари бараат.
 
Кригла1988

Екипа 4600
Член од
5 јуни 2015
Мислења
54
Поени од реакции
80
Како ќе префрлаш, финансиски неисплатливо е, многу пари бараат.
35 евра ми бараат, туку прашањето ми беше што ако пишува sold out за одреден датум, дали објавуваат нов лет за истиот датум?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.055
Поени од реакции
12.937
Некој до Рим што летал или од Рим се враќал периодов (откога се појави Корона вирусот во Италија), да ми каже дали долго траат дополнителните проверки на аеродром? Дали се случуваат почесто пролонгирања на летови поради дополнителни проверки? Знам дека во Рим нема заразени од вирусот, ниту пак во регионот Лацио, ама сепак е лет од и до Италија, па да знам горе доле што ме чека.
 
Член од
1 април 2009
Мислења
653
Поени од реакции
557

Јас летав за Рим на 16ти и немаше чекање, кога стигнавме на аеродромот не проверуваа само со термална камера, друго немаше. Но тогаш не беше ептен периодот со вирусот, сега незнам како ќе е.
 
Член од
2 септември 2012
Мислења
319
Поени од реакции
91
Малку помош!!
Сега што го затворија аеродромот, тие што сакаат да се вратат во Македонија со резервирана карта, дали ќе направи Wizz air повраток на парите или некој со искуство да даде маил, број каде да се обратам?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.918
Поени од реакции
12.408
Малку помош!!
Сега што го затворија аеродромот, тие што сакаат да се вратат во Македонија со резервирана карта, дали ќе направи Wizz air повраток на парите или некој со искуство да даде маил, број каде да се обратам?
Би требало да ти стигне мејл од Виз доколку летот ти е во периодот во кој аеродромот ќе биде затворен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom