Wizz Air летови од/до Македонија

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Значи цела недела пробувам да се чекирам. И цело време не ми даваше ни да ги внесам податоците, само ме враќаше на претходната страна. Е дури денеска ми дозволи да ги внесам податоците и ми се појавува цело време грешка. Пробав и на повеќе јазици (германската и англиската страна) и истото ми го покажува. Дали некој знае шо е работава више аман. Летам со Визеров од 2012 и ова прв пат ми се случува. Ја сменија веб страната и се се испоремети....

Прегледај го приврзокот 160739
А, да пробаш да се чекираш од мобилната апликација?
 
jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
А, да пробаш да се чекираш од мобилната апликација?
Тоа не го пробав, но ај да прашам, дали може преку мобилната апликација да чекирам друг човек кој нема да има мобилен телефон за да му ја скенираат картата преку телефонот. Значи прашењето ми е дали со чекирање преку мобилната апликација ќе можам после да ја испринтам картата во А4 формат? Фала однапред.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Тоа не го пробав, но ај да прашам, дали може преку мобилната апликација да чекирам друг човек кој нема да има мобилен телефон за да му ја скенираат картата преку телефонот. Значи прашењето ми е дали со чекирање преку мобилната апликација ќе можам после да ја испринтам картата во А4 формат? Фала однапред.
Можеш да чекираш по телефон. После преку ви-фи конектирај се на принтерот или симни ја картата во телефонот па препрати ја на другиот човек он да си испринта. Не е битно од каде се чекираш, битно е да ја имаш картата. Без разлика дали ќе ја покажеш на телефон или ќе ја имаш испечатено. Ти само чекирај се, другото е лесно.
 
jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Можеш да чекираш по телефон. После преку ви-фи конектирај се на принтерот или симни ја картата во телефонот па препрати ја на другиот човек он да си испринта. Не е битно од каде се чекираш, битно е да ја имаш картата. Без разлика дали ќе ја покажеш на телефон или ќе ја имаш испечатено. Ти само чекирај се, другото е лесно.
Баш ти фала, ама за жал не може преку апликацијата. Откако ги внесов сите податоци пишуваше на крајот дека аеродромот не прифаќа бординг карти преку мобилен и не може чекирање преку апликацијата.
Во краен случај на аеродром ќе ја чекирам картата и ќе платам 10 евра и после со Визер ќе следат расправии.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Баш ти фала, ама за жал не може преку апликацијата. Откако ги внесов сите податоци пишуваше на крајот дека аеродромот не прифаќа бординг карти преку мобилен и не може чекирање преку апликацијата.
Во краен случај на аеродром ќе ја чекирам картата и ќе платам 10 евра и после со Визер ќе следат расправии.
Се надевам ова некоја грешка им е, во спротивно не се нормални со промените. Не знам зошто не би ти дозволило од мобилен да се чекираш па да принташ ама најубаво да им пишеш мејл да ти објаснат зошто е тоа така. Нема логика да воведуваат вакви промени.
 
jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Се надевам ова некоја грешка им е, во спротивно не се нормални со промените. Не знам зошто не би ти дозволило од мобилен да се чекираш па да принташ ама најубаво да им пишеш мејл да ти објаснат зошто е тоа така. Нема логика да воведуваат вакви промени.
Не знам ни јас што е работава. Стварно многу често ги користам како авио компанија ама вакви проблеми со веб странава прв пат досега сум имал.
По стоти пат чекирање конечно ми даде PDF карта која уствари не е ни бординг карта туку пишува:

THIS IS NOT A BOARDING CARD! Passengers must proceed to the Wizz Air check-in desk for document check and to collect their boarding card before proceeding through security to departure. Failure to do so may result in travel being denied.

Тоа е тоа. Фала за помошта!
 
Attachments

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Ама мислам дека повеќе луѓе кои патуваат за Германија го имаат овој проблем, не сум сигурен, ама мислам дека поназад прочитав дека не е дозволено online чекирање за летовите во Германија.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
356
Поени од реакции
237
Еве и јас за едни пријатели вадев карти истиот проблем this is not a boarding card, исто така за истиот пријател му извадив карта за да си дојде од Германија пошто нели моментално е таму се си беше во ред. Изгледа кај нас во МК нешто мајмуни се праат. Да додадам дека пред 5 6 дена вадев карта од Скопје до Минхен и се си беше коректно и ја притнав картата без проблем. Така да ако некој има некоја информација нека ја сподели.
 
macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582

И јас летав од Келн пред 1 недела и ми ја зедоја испечатената карта и ми дадоја таму боардинг тикет. Можда имат некој системски проблем на аеродромот и не дозволуваат онлајн чек ин.
 
SaLt

symbian & iOS master & android
Член од
2 април 2005
Мислења
291
Поени од реакции
84
За да лапнат дополнително парички. За да се чекираш на аеродром зимаат 1900денари а само за принтање бординг кард 600денари

Sent from my SM-G935F using Tapatalk
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Не знам ни јас што е работава. Стварно многу често ги користам како авио компанија ама вакви проблеми со веб странава прв пат досега сум имал.
По стоти пат чекирање конечно ми даде PDF карта која уствари не е ни бординг карта туку пишува:

THIS IS NOT A BOARDING CARD! Passengers must proceed to the Wizz Air check-in desk for document check and to collect their boarding card before proceeding through security to departure. Failure to do so may result in travel being denied.

Тоа е тоа. Фала за помошта!
Пред две недели го имав истиот проблем за Германија.
Слободно чекирај ја на аеродром нема да ти наплатат. Кај мене не ми даваше ни пдф формат, отидов само со пасош и немав никаков проблем, таму си добив карта.
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Пред две недели го имав истиот проблем за Германија.
Слободно чекирај ја на аеродром нема да ти наплатат. Кај мене не ми даваше ни пдф формат, отидов само со пасош и немав никаков проблем, таму си добив карта.
Баш овој проблем го начекав, за Дортмунд. Ќе немам никакви проблеми ако само одам и check in си направам, без дополнителни трошоци, така?

Според информации, само за Дортмунд не можам да принтнам карта. Go figure.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Баш овој проблем го начекав, за Дортмунд. Ќе немам никакви проблеми ако само одам и check in си направам, без дополнителни трошоци, така?

Според информации, само за Дортмунд не можам да принтнам карта. Go figure.
Па јас немав, претпоставувам за сите летови ќе важи.
Се јавив тогаш на аердром, ми кажаа дека wizz имале проблеми со системот и таму да си земам карта. Ништо не доплатив.
*Ова беше од Македонија за Германија.
За назад немав проблеми со онлајн чекин, имав карта испринтано.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Дечки кажете ми дали во WizzAir беше дозволено во рачниот багаж да се носи некаква храна? ЗНам дека течности е забрането, но не знам како беа условите за храна. Последен пат со нив летав пред 6-7 години...фала!
 
macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Дечки кажете ми дали во WizzAir беше дозволено во рачниот багаж да се носи некаква храна? ЗНам дека течности е забрането, но не знам како беа условите за храна. Последен пат со нив летав пред 6-7 години...фала!
Некои предмети не се прифаќаат за носење, доколку:

  • е веројатно дека ќе го загрозат авионот, лицата или сопственоста
  • е веројатно дека ќе се оштетат за време на летот
  • се несоодветно спакувани
  • се забранети според кои било закони, регулативи или наредби од која било земја од која се поаѓа, пристигнува или прелетува
  • не се соодветни за превезување поради нивната тежина, големина или која било друга невообичаена карактеристика
  • е веројатно дека ќе предизвикаат непријатност или грозење кај патниците
Следните предмети се строго забранети за носење:

  • оружје, муниција и експлозиви, вклучувајќи оружје за лов или за спортски цели
  • кои било предмети или супстанции што изгледаат како оружје, муниција или експлозив
  • запаливи супстанции (освен: алкохолни пијалаци, лак за коса, парфем, тоалетна вода)
  • радиоактивни материјали
  • кондензиран гас (освен: CO2 што се користи за движење на вештачки екстремитети, резервоар или незапалив гас што се користи за надувување на појасот за спасување),
  • отровни или инфективни супстанции
  • корозивни супстанции (освен: жива во термостати, барометри, акумулатор на инвалидска количка)
  • актовки или кожни чанти од безбедносен тип со вградени алармни уреди, литиумски батерии или пиротехнички материјал
  • предмети и материјали што ја загрозуваат безбедноста, сопственоста, животот, здравјето и телесниот интегритет на патниците
  • кој било материјал што е забранет според правилата и регулативите на земјите кои учествуваат во превозот
  • секој предмет што не е соодветни за превезување поради нивната тежина, големина или која било друга карактеристика
  • остатоци од човечко тело
  • лепак или боја
  • кој било предмет назначен во Техничките упатства за безбеден транспорт на опасни производи со авион на Меѓународната организација за цивилна авијација (ICAO-International Civil Aviation Organization) и во Регулациите за опасни производи на Меѓународната асоцијација за авиотранспорт (IATA-International Air Transport Association)
Доколку се обидете да понесете кој било од овие предмети, може да го одбиеме превезувањето на вашиот багаж.

Dozvoleno e dokolku ne e vo tecna ili vo forma na gel.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom