iksimkd
ШшшШшшШ...
- Член од
- 31 јули 2007
- Мислења
- 5.000
- Поени од реакции
- 2.183
Доста време немав порачувано авионска карта од виз ер. Денеска седнавме со еден братучед да купиме карта за него за во понеделник до Дортмунд во еден правец. Се фино лепо, ама при крајот каде што треба да се наведат податоците за патникот забележав дека има полиња во кои треба да се внесат податоци за виза. Нормално не ни треба виза за до Германија со Македонски пасош ама апликацијата не ми дозволуваше да продолжам понатаму без да ги пополнам тие полиња. На тие полиња ги наведов бројот на пасошот и неговата дата на истекување бидејќи тоа единствено ми падна на памет. Дали некој досега имал ваква препрека и дали би можело да има некои проблеми? Ја испечатив картата и никаде не ги пишува тие податоци за визата.