Wizz Air летови од/до Македонија

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Авиокомпаниите „Флај Дубаи“ и „Виз Ер“ наскоро треба да добијат одговор од Агенцијата за цивилно воздухопловство за нивните барања за сообраќање на нови авиолинии од аеродормите во Македонија.
- „ФлајДубаи“ побараа со летниот ред на летање да добијат дополнителни две фреквенции, а нискотарифната „Виз ер“ имаше барање за обавување летови од Скопје до Дубаи. Двете барања ги разгледуваме и наскоро ќе ги одобриме, рече директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсоски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.
Мојсоски се надева дека пред почетокот на летната сезона АЦВ ќе добие барања од нови авиокомпании што би сакале да летаат до Македонија.
Во текот на минатата година од аеродромите во Македонија се регистрирани вкупно 906.871 патници, што претставува пораст од 8,7 проценти во однос на бројот на патници 2011 година.
Зголемување на бројот на превезени патници е забележано на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, каде лани биле превезени 828.831 патници што е за 9,1 процент повеќе споредено со бројот на патници во 2011 година. Исто така, пораст од 5 проценти во однос на претходната година е забележан и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде минатата година биле превезени 78.040 патници.
Најголем пораст има во бројот на патници на редовните линии, што се должи на воведувањето нови директни дестинации. На редовни линии во 2012 година се регистрирани 715.183 патници, што е за 13 проценти повеќе од 2011 година кога на редовни линии патувале 632.970 патници.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Дали некој има летано за Минхен/Меминген?
 
Член од
4 март 2007
Мислења
698
Поени од реакции
137
Кажи што те интересира.... Карта е во просек 50€, една недела пред летање, може веројатно да се начека и поефтино ако си упорен. Аеродромчето во Менинген е слично на нашиот стар „Петровец„. На излез пред врата те чека автобус за Минхен, 15€ онлајн или 19€ во готово. Карта до Меминген е 3 евра од човек , од таму воз за секаде. Препорачувам „Бајерн Тикет„ или „ Шоенес Вохен-Енде-Тикет„ за цела Германија, за регионални возови, за викенд.
 
Карта имам веќе купено, само ме интересира конекцијата каква е за после. Викаш има веднаш автобус за Минхен... а за Инголштад да не знаеш дали има?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Пак ќе шеташ бре? :)
Тоа е малецко аеродромче, имаш автубус до градчето 3 евра карта, али гледај од авион кога ќе се симнете има такси по четворица или за 8 души исто по 3 евра до Меминген ти земаат. Те оставаат на железничка, железничката личи како да си во Велес на станица така да лесно ќе се снајдеш. Купи си карта преку интернет за воз имаш преку Аусбург и ќе стигнеш брзо.
Не се мавај до Минхен за џабе, иди си од Меминген ете бубе ти остаил линк за возовите. Убав помин :)
 
Vielen Dank :D
Овојпат е за везден, не е за шетање.
Гледам конекцијата да е што попрактична бидејќи ќе носам доста багаж, да немам многу прекачувања. Eве една опција за автобус директно до Инголштад, ама баш во петок ко ќе ми треба, не дава опција да се избере. Ќе ги контактирам да се распрашам. Ако не, останува возот...
http://busandfly.com/en/index.php
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Vielen Dank :D
Овојпат е за везден, не е за шетање.
Гледам конекцијата да е што попрактична бидејќи ќе носам доста багаж, да немам многу прекачувања. Eве една опција за автобус директно до Инголштад, ама баш во петок ко ќе ми треба, не дава опција да се избере. Ќе ги контактирам да се распрашам. Ако не, останува возот...
http://busandfly.com/en/index.php
Чим е за везден одлично, во комшии ќе си ми :D
 
Член од
24 ноември 2011
Мислења
37
Поени од реакции
7
Дали има некој што летал со оваа компанија да ми даде информација за багажот? Поточно ме интересира дали е дозволено да се носат мали женски чанти или и тие се бројат како кабински багаж.... летам утре и веќе имаме резервирано за голема кабинска торба со доплата од 600 ден но во последен момент видов дека кога имаш резервирано за голема кабинска торба несмееш да носиш и мала со тебе.... само една смеело... па сега незнам дали и таа женска чанта се брои како кабински багаж....
 
Само една торба смееш, ни чанта, нит кесе со тебе. Строги се за тоа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Многу конфузни одговори добив од 059030440. Прво 10мин чекање, македонски јазик нема а наплаќаат солидно за да зборуваш со вработена која ни српски не зборува добро и на крај пак да не добиеш информации.

- Не знаеше да ми објасни како тоа за единечна повратна карта Скопје-Меминген системот ми бара 4100ден но за 4 карти цената е цели 21500ден?!?!? (наместо 16400ден)

- Како тоа бога им, 500ден за трансакција за плаќање со кредитна карта?
Ај да е еднократно ама за четири карти по 4 трансакции? Па ако заедно плаќам за четири карти нели е тоа една трансакција?

- Какви им се тие Online Voucher?

- Спомна некои Луфханза посредници на аеродомот?

Ништо не ми кажа теткава, ама 35ден по 15тина минути ќе си чарџаат, не се сомневам.
Ако знае некој нешто, за нејаснотииве погоре... помагајте. :)

Кажи што те интересира.... Карта е во просек 50€, една недела пред летање, може веројатно да се начека и поефтино ако си упорен. Аеродромчето во Менинген е слично на нашиот стар „Петровец„. На излез пред врата те чека автобус за Минхен, 15€ онлајн или 19€ во готово. Карта до Меминген е 3 евра од човек , од таму воз за секаде. Препорачувам „Бајерн Тикет„ или „ Шоенес Вохен-Енде-Тикет„ за цела Германија, за регионални возови, за викенд.
Пријателе, исто важи и за враќање со автобусот кон Меминген од Минхен?
Терминот е поврзан со терминот на летот, од истото место каде те оставаат, а локацијата е железничката станица предпоставувам?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Oд 4 мај, после многу време поврзување и со Шведска.
Понеделник и петок од СКП во 17:20 за Stockholm Skavsta (или поточно Nykoping, Стокхолм е над 100 км од тука) и 13:50 во обратен правец.1390 денари почетна.
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
99
Поени од реакции
58
Многу конфузни одговори добив од 059030440. Прво 10мин чекање, македонски јазик нема а наплаќаат солидно за да зборуваш со вработена која ни српски не зборува добро и на крај пак да не добиеш информации.

- Не знаеше да ми објасни како тоа за единечна повратна карта Скопје-Меминген системот ми бара 4100ден но за 4 карти цената е цели 21500ден?!?!? (наместо 16400ден)

- Како тоа бога им, 500ден за трансакција за плаќање со кредитна карта?
Ај да е еднократно ама за четири карти по 4 трансакции? Па ако заедно плаќам за четири карти нели е тоа една трансакција?

- Какви им се тие Online Voucher?

- Спомна некои Луфханза посредници на аеродомот?

Ништо не ми кажа теткава, ама 35ден по 15тина минути ќе си чарџаат, не се сомневам.
Ако знае некој нешто, за нејаснотииве погоре... помагајте. :)

Пријателе, исто важи и за враќање со автобусот кон Меминген од Минхен?
Терминот е поврзан со терминот на летот, од истото место каде те оставаат, а локацијата е железничката станица предпоставувам?
Цената за 4 карти е поголема затоа што најверојатно картите се со различна цена, односно може две да има за 4100 ден а другите две да се поскапи и слично. Пробувај да купиш две по две карти или една по една, може така ќе излезат сите иста цена.

А со картичка наплаќаат по карта, а не по трансакција, па така ако купуваш четири повратни карти ќе ти наплатат осум пати по 500 ден, барем така мислам, нека ме поправи некој. Затоа е поефтино да платиш со банкарски налог, по 250 ден.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom