Wizz Air летови од/до Македонија

Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.544
Поени од реакции
33.450
Не го фатило инает човекот, си платил таму, таму и ќе си седи. Што не платил татково за да си седи и он до детето? Па и крив ќе излезеш ако не се преместиш со нашиов менталитет, тоа е она што иритира.
Си има исклучок кај фамилии со мали деца, ама ако му е подобро да слуша плачење нека си седи. Тоа зошто не платил не знаеме, ама секогаш се прават напори за вакви случаеви, а не за некој тип што сака да седи до прозор или до жена му.
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
2.730
Јас кога одам со децата секогаш си плаќам седиште. Абе несакам да се замарам и срамам да молам за да се преместам. Последен пат кога бев сам ме замолија и се преместив не мни е тешко ама стварно ме нервираат такви евтини работи. Еднаш замолив само тоа беше јас бев со сопругата и имав до прозор па до мене беше една жена и до неа сопругата. Ја прашавме жената само да се сменат со сопругата.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.486
Поени од реакции
6.354
Си има исклучок кај фамилии со мали деца, ама ако му е подобро да слуша плачење нека си седи. Тоа зошто не платил не знаеме, ама секогаш се прават напори за вакви случаеви, а не за некој тип што сака да седи до прозор или до жена му.
Зошто да се прави исклучок за фамилија со мало дете? Убаво е што имаат дете, браво за нив, ама одговорноста за тоа е нивна, а не туѓа. Ако сакале удобно патување требало да си средат целосно, не да рачунаат на туѓа “моралност”. Ако човекот си го резервирал и платил седиштето што оправдува да му се украде тоа што го платил? Не е во ред тоа што таткото не сакал да си доплати и мислел дека ќе фати некого на сентименталност, а не човекот што на време си платил и си го барал она на што имал целосно право.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
3.873
Поени од реакции
4.255
Штотуку слетав, не ми се верува дека за иста проблематика се праи муабет. Една типка пред слетување го одврза појасот и го однесе бебето кај мажот на друг крај од авионот зашто плачело. Друга стана ранецот горе да го стаи, уште 5 мин да кружевме прозор ќе отвореше некој.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.147
Поени од реакции
364
Малку офтопик. Адриа Ерлајнс прогласи банкрот и сите летови се откажани. Имам резервирано карта преку нив Скопје-Љубљана-Скопје. Имам ли шанси за рефундирање?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
78.999
Поени од реакции
168.226
Малку офтопик. Адриа Ерлајнс прогласи банкрот и сите летови се откажани. Имам резервирано карта преку нив Скопје-Љубљана-Скопје. Имам ли шанси за рефундирање?
Ако одат под стечај, не верувам, ако е ликвидација, ќе ги вратат долговите само кога, не се знае.
 
Член од
12 септември 2019
Мислења
3
Поени од реакции
0
Edno prasanje za tie sto znaat, ako patuvam za Anglija i imam bg.passport isto taka i mk.passport, so koj pass. treba da se prijavam za cekiranje karta?

Sent from my POT-LX1 using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
2.730
БГ

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Не ќе си го чекира со мк и од мк ќе напушти со мк пасош. Всушност со кој пасош ќе чекираш и не е толку битно туку битно е на пасошка кој пасош кога да го покажеш. Кога се излага и влага во мк се покажува мк пасош, за влез и излез од друга држава се покажува бг или кој и да имаш еу. Пасошка со wizzair во принцип и немаат некоја врска

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.251
Поени од реакции
2.730
Edno prasanje za tie sto znaat, ako patuvam za Anglija i imam bg.passport isto taka i mk.passport, so koj pass. treba da se prijavam za cekiranje karta?

Sent from my POT-LX1 using Tapatalk
Картата чекирај си ја со мк, кога ќе дојдеш на шалтерот ќе си се чекираш со мк пасош, кога ќе дојдеш на пасошка контрола ќе покажеш мк. Кога ќе стигнеш англија ќе излезеш и одиш на пасошка и тамо покажуваш бг. Тамо не ги имтересира со кого патуваш и си слетал, гледаат само дали пасошот ти е валиден за влез кај нив.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
22.544
Поени од реакции
33.450
Си чекираш со Бугарски чекираш онлајн и нема потреба од чекање на шалтер. Резервираш, чекираш со тој, a македонски само ако ти побараат за излез.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
177
Поени од реакции
44
Да точно е дека 250€ е официјално за кратка дестинација, и членов го фаќаат у матичната земја, ама што ако беше надвор, 5 дена екстра нема да ти се на твој трошок.
За дениед боардинг има уште точки во кои е објаснето дека тие 250 еур треба да ги платат + трошоците настанати во периодот од 5 дена , чекам на втората понуда па или ќе прифатат или ќе одат на суд.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
78.999
Поени од реакции
168.226
Се бетер и бетер е пропелерчено од Croatia и тоа го пишува ова човек со јак стомак :popce:
 
Член од
24 март 2018
Мислења
17
Поени од реакции
2
zdr avionski linija salzburg skopje znam deka nema moze li da mi kaze nekoj od sosedive dali ima nekoja linija so salzburg ili poblisku nekoj grad i kako se cenite
Автоматски споено мислење:

zdr avionski linija salzburg skopje znam deka nema moze li da mi kaze nekoj od sosedive dali ima nekoja linija so salzburg ili poblisku nekoj grad i kako se cenite

Има Ниш- Салцбург со Air Serbia :)

Или Скопје/Охрид-Меминген со WIZZ, Охрид- Виена исто WIZZ,Скопје- Братислава WIZZ или Скопје- Виена со Austrian Airlines. Потоа можеш со бус и/или воз, а од Виена веројатно и со авион :)
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
78.999
Поени од реакции
168.226
Се возев со Wizz по подолго време и само да кажам колку и да се платени екипажот + пилотите со онаа багра = МАЛКУ Е! Ако чита некој од нив дечки секоја ви чест на нервите, јас уште трет ден ќе го фрлам некого низ прозор.

Што вика татко ми, во меѓуградски не влегол, важно во авион се качил.
 
На врв Bottom