Wizz Air летови од/до Македонија

Дискусија во форумот 'Општи дискусии' започната од Apple, 25 мај 2011.

  1. nadez

    nadez

    Член од:
    23 август 2009
    Мислења:
    155
    Допаѓања:
    19
    На snatch му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nadez

    nadez

    Член од:
    23 август 2009
    Мислења:
    155
    Допаѓања:
    19
    Утре летам а неможам онлајн да ја чекирам картата. Се јавив во визер ми се јави девојка на српски што збореше ми рече недостапен е аеродромот во Скопје за онлајн чек ин, мора да одаам на шалтер. Е сега сакав да прашам дали ќе ми наплатат за чек ин на шалтер дали имал некој ваков проблем.

    Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
     
  3. wiksa

    wiksa

    Член од:
    11 април 2012
    Мислења:
    2.614
    Допаѓања:
    2.393
    Да погаѓаме
    Леташ за Германија и прашањево е милион пати одговорено
    Одговор: нема да платиш, повеќе инфо некоја страна назад ме мрзи од телефон
     
    На Avenger99, Клипче и nadez им се допаѓа ова.
  4. nadez

    nadez

    Член од:
    23 август 2009
    Мислења:
    155
    Допаѓања:
    19
    Да, сепак фала

    Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
     
  5. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    2.806
    Допаѓања:
    1.199
    Пропадна и вториот тендер за субвенции за евтини летови
    17 октомври 2018 / 15:24
    Пропадна и вториот тендер за субвенционирани евтини летови од македонските аеродроми. Владата повторно го поништи јавниот повик на кој и овој пат авиокомпанијата Визер беше единствениот понудувач на услугите. Образложението на властите е дека не е исполнет главниот критериум кој се бара во трендерот.

    Тоа е наместо до 10-ти јануари идната година, заинтересираната авиокомпанија да воведе две нови линии од охридскиот аеродром и дополнителни две во рок под една година – Визер понудила сите четири авио-дестинации да ги активира од август 2019-та. Оваа понуда не е прифатлива за Владата.

    „Евтини летови и понатаму ќе има и тоа оваа влада ќе го исполни водејќи се исклучиво од интересот на граѓаните на Република Македонија. Но, процедурата и правилата мора да се почитуваат“, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

    Министерот најави распишување на нов јавен повик по итна постапка и со истите критериуми. Алсат испрати прашања до Визер, дали компанијата ќе се појави и на третиот тендер, но одговор засега не добивме. Визер останува да лета од земјава, но не како нискобуџетна компанија со финансиски поддржани летови. Сега под знак прашалник е дали оваа поволност ќе биде минато за граѓаните иако за следните три години државата има обезбедено пари за субвенционирање. Сепак, Сугарески уверува дека нема тенденциозност во тендерот.

    „Ги отфрлам сите шпекулации дека овој тендер се мести и ги отфрлам овие обвинувања, или ако се шпекулации“, рече Сугарески.

    И на првиот тендер единствен доставувач на понуда беше компанијата Визер. Во тој случај комисијата ја отфрли понудата бидејќи на пликоата од понудата не било наведено полното име и седиште на унгарскиот авиопревозник. Една недела подоцна, од Визер решија на крајот на овој месец да ги прекинат авио-линиите од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон. Досега авиокомпанијата Визер по основ на субвенции за евтини авио-летови од државната каса има добиено 10 милиони евра.
    _______________________________________________________
    Гледаат дека само Визер аплицира, да беа ОК условите ќе аплицираа и други компании. Ако даваат субвенции нека им дадат...ако не нека не. Незнам што сакаат од Влада.
     
  6. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    21.088
    Допаѓања:
    31.383
    На третиот јавен повик во услови нека побараат да се изгради аеродром во Битола. :D

    Не знам зошто го тераат Wizz да има две нови линии и тоа од Охрид во јануари. И 100% субвенција да даваат, пак никој нема да има толку патници како од Скопје и тој период ќе бидат празни.
    Во споредба летовите од Софија и Солун се со пониска цена со летовите од Скопје и имаат многу повеќе дестинации и почести линии. Ама таму имаат конкуренција од EasyJet, Ryanair и Bulgaria Air, а во МКД начекаа село без кучиња и ем лапаат субвенција и пак поскапи летови.
     
    На krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  7. King Kong

    King Kong

    Член од:
    11 септември 2014
    Мислења:
    49
    Допаѓања:
    7
    Имам лет во петок и прееска ги чекирав картите, се беше океј и земав да ги печатам, па случајно отворив на страната да проверам дали е се во ред и гледам ми стигнало известување дека има промена во правилата околу багажот за летот и сега дозволено било најмногу one free 40x30x20 'carry on bag into the cabin under the seat' и ми дава да го прифатам ова или да го откажам договорот. После тоа има некое дообјаснување дека ова важи за летовите после 1 ноември а јас летам на 26ти и 29ти али сепак ми пишува дека е за 'вашиот лет'. Не знам што е ова, дали се однесува на тој hand luggage што е 55x40x23 или пак се однесува на нешто друго и дали важи за мојот лет, а и не сфаќам како може ова 2 дена пред летање ваква промена. Иначе на картите што ги чекирав си стои hand luggage 55x40x23 ама не можам да се чекирам после за назад ако не го прифатам ова. Мислење некој?
     
    Последно уредено: 24 октомври 2018
  8. snatch

    snatch

    Член од:
    21 јануари 2018
    Мислења:
    59
    Допаѓања:
    17
    https://wizzair.com/en-gb/informati...ge-policy-br-onboard-bag-guaranteed-for-all#/

    Подетално да си прочиташ. А за мислење појма немам што да речам. Само знам дека ова е втор пат да менуваат димензии на кабински багаж во период од година дена. Инаку јас пред 2 недели патував од Берлин до Скопје само со рачен багаж и имав 2 торби (една со лаптоп и една со се останато) и имав околу 10.7 килограми и кога ќе ја пикнев торбата со лаптопот во другата торба за да биде една торба, димензиите беа поголеми од дозволеното. Некаде дојде 60-40-30 см. Ама не ми направија никаков проблем.
     
  9. Kokomo

    Kokomo

    Член од:
    8 ноември 2018
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Мене ми се случи истото во Мај летав за Барселона и неможев да се чекирам онлајн и се јавив и ми рекоа не е проблем дека нема да ми наплатат на шалтер. Кога пристигнав и им раскажав како и што ми рекоа дека ако сакам да летам треба да си платам чек ин. И така за мене и споругата си платив чек ин 70 евра а картите беа 100 евра повратни.
    Пишав емаил и еве до сега нема ништо отговор а се си имам сликано.
     
  10. Емкаа

    Емкаа крофни од драго.

    Член од:
    14 мај 2008
    Мислења:
    3.535
    Допаѓања:
    5.586
    Не е конкретно за wizz но не можам да најдам соодветна тема.

    Дали/каде ја мерат тежината на carry on куферот? Летам со LOT, ме интересира дали би било проблем ако имам некое кило плус :D
     
  11. kano

    kano Farang

    Член од:
    27 ноември 2014
    Мислења:
    3.137
    Допаѓања:
    1.822

    obicno moze da ti spomnat da ja stavis racnata torba za merenje koga ja cekiras kartata ili bagazot na lentata. najlesno da svercas nekoe kilo plus ti e da se oblecis pa na tebe, nema limit sto nosis pa sobleci posle kontroli ili vo torbata za laptop, toa nikad ne go merat... jas obicno tamu si prenesuvam farmerki :)
     
    На Емкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Feisty

    Feisty

    Член од:
    1 декември 2014
    Мислења:
    1.401
    Допаѓања:
    2.589
    Ја мерат, долу кога ти даваат бординг колку шо памтам, летово летав и до Варшава и до Вроцлав, али како шо ти кажаа облечи јакни на тебе и се шо можеш :D
     
    На Емкаа му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eduardo

    eduardo

    Член од:
    11 февруари 2013
    Мислења:
    168
    Допаѓања:
    140
    zdravo vo vrska so cekiranjeto na vizer od skopje
    imam povratna katra do ajndhoven od holandija normalno pred 48 sati si cekirav
    dali nekoj ima iskustvo od tuka od skopje koga cekira da ne dava cekiranje sediste
    no mozis da prodolzis i na posledniot cekor mesto da go zavrsam cekiranjeto me vraka nazad i vika
    pogresen dokument za patuvanje dali nekoj se soocil so ova?

    fala
     
  14. Емкаа

    Емкаа крофни од драго.

    Член од:
    14 мај 2008
    Мислења:
    3.535
    Допаѓања:
    5.586
    Дечки петокот купив карта за во декември, не знам зошто но не ми повлече пари од сметка, ниту па ми стојат како резервирани некој средства. Кога се логирам ми го дава летот со статус confirmed, но payment declined. Ми стигна маил од виз дека букингот е confirmed, но после ми стигна уште еден маил :
    We have noticed that yesterday there was an amount of xxx due in your booking
    Please be so kind to log in on wizzair.com and retrieve your booking. You will be able to pay the amount due with
    - credit card; or
    - bank transfer (not available if your flight departs within 14 days); or
    - Wizz account.
    Should you wish to reverse the changes and cancel the amount due, please contact our Call Centre.

    Коа се логирам неам опција наново да извршам плаќање за овој букинг.
    Некој се нашол во оваа ситуација?
     
  15. Altair75

    Altair75

    Член од:
    7 ноември 2017
    Мислења:
    41
    Допаѓања:
    75
    Здраво. Имам едно прашање, ако имал лично искуство или инфо некој да ми одговори ако може. Сакам да купам Wizz Priority и сакам да знам дали таа торбица 1 Trolley bag со тркалца што ја пишуват, мора да е точно торбица со тркалца или може да е било каква друга торбица со истите димензии што се наведени (55×40×23cm). Немам таква торбица со тркалцаo_O и досега патував со патничка торбица со слични димензии, ја собира во оние мали кафези на Wizzair за проверка на димензиите што ги има на аеродромите и тежината зависи што носам во неа изнесува 5, 6 најмногу 8 килограми досега. Може ли да патувам со било каква торбица со тие димензии (55×40×23cm) или мора да е стриктно тролеј торбица со тркала? Ве молам, ако знае некој за сигурно од искуство да ми каже. Или ако постои телефонски број ако некој знае, каде може да се праша за ова. Благодарам однапред.:icon_mrgr:
     
    Последно уредено: 27 ноември 2018

Сподели преку: