Windows 10 mobile - ваши мислења и очекувања

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Мојот беше 8.1, го апдејтував во 10ката. Многу повеќе ми се допаѓа 10ката, подобрен е дизајнот, самиот изглед и апдејтот на програмите, само има премногу багови, многу грешки... Најпрво кога го инсталирав, многу програмчиња не сакаа да се симнат. Еден куп ерор кодови ми се менуваа. Пребарував на интернет како да ги решам, ги пребарав сите можни страници што ми се отворија на Гугл, од пакистански до кој све не јазик преведував, секакви видеа на јутјуб прегледав, ниту едно решение не ми помогна.
Видов - не видов, му бапнав хард ресет. Ајде пак јово на ново инсталирај, прај, префрлај податоци... Арно ама, овој пат нова грешка. Не сака да се полни никако. Постојано пристигнува нотификација: телефонот се полни бавно, користете го оригиналниот полнач, бла бла бла... Значи не е до полначот, ниту до батеријата, испробав на повеќе полначи. Откако ја инсталирав 10ката, тогаш се појавија овие „проблеми“, претходно се' си беше во ред. Цела ноќ ми се полнеше, од 17% стигнал дури на 20%. Ако истовремено чепкам на него дур се полни, тој повторно се празни, без разлика што е на полнач.
Открив само дека преку узб кабелче поврзано за лаптоп се полни нормално. Треба да прогуглам пак, ама веќе малку ми здосади. Подесив пин којшто ќе ми биде за отклучување на телефонот, некогаш се појавува при отклучување - некогаш не. Некогаш сам се отклучува. А бе побркан е скроз на скроз. Не му беше ништо претходно.
Ама како и да е, не се откажувам, ја сакам 10ката, макар инсталирала повторно се' од почеток. :D
Белки нема да биде залудно... само да не се појават уште некои нови грешки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom