Winamp .vs AIMP2

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221


Winamp ви е доволно познат за да кажам нешто повеќе за него...



AIMP2 е супер аудио плеер, супер изгледа, не ви го малтретира процесорот и што е најбитно многу добро се средени плеј листите.

-----------------------------

Јас лично користам AIMP2 Player и сега засега сум презадоволен од неговата работа, не го кочи компјутерот, има доста интересна плеј листа и убаво средена... Да не правам сега реклама за AIMP2 Player, ме интересира само вашето мислење во врска со "Winamp .vs AIMP2"
 
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.569
Поени од реакции
610
AIMP 2 според мене е подобар,но Winamp никогаш нема да ја изгуби титулата.
 

StaneMk

The Rival
Член од
27 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
0
AIMP отвара секакви видови на музика,и има некои додатоци,како за конвертирање итн,и јас мислам дека е подобар од Winamp,но исто така мислам дека има и многу багови :helou:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.112
Поени од реакции
824
Го симнав и послушав малку на него но пак се вратив на Winamp.

Можеби на други им се допаѓа но јас забележав некои фалинки кои ме нервираат.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Winamp си е winamp, титулата е негова, меѓутоа ова AIMP2 ми се допаѓа затоа што не го кочи многу компјутерот за разлика од winamp кој знае ептен да ја углави работата :)
 

StaneMk

The Rival
Член од
27 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
0
Малце,да се подобри AIMP,мислам дека би можел да му дава отпор на Winamp :)
 
C

cige

Гостин
Сте приметиле ли колку побрзо BSPlayer-от ги отвара видеата од Winamp-от
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
winampot ми прави проблеми со отварањето видео фајл а го имам најновата верзија. за овој АИМ незнам ке го пробам ако има бесплатна верзија.
 
Член од
27 јануари 2008
Мислења
1.611
Поени од реакции
85
Добар е овој АИМП, али винамп е винамп...:pipi: се го скидам аимп..
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Искрено, веќе некое време барам алтернатива за WinAmp, пошто почнува да пати од прилично честа болест на неприкосновените кралеви во софтверот... Станува bloatware. Почнува и ја добива титулата заради тоа што е мал, брз и го праи она што треба да го прави како што треба да го прави... и ништо повеќе.
Почна да свири мп3-ки, па уште некое форматче, па видео, па визуелизации, па шо ти ја знам и стана преголем, преспор, презахтевен... пре-она-против-што-се-бореше за да го достигне тој статус што го има моментално.
Успеав да најдам една алтернатива, која што не постои за Win платформа :( AmaroK.
AIMP-ов некако му фали нешто... некој шмек, душа, bug-fix... од се помалце...
Четврта варијанта... не знам која :toe:

Давајте идеи...


*иначе WMP намерно е изоставен поради тоа што е неприкосновен во својата катастрофалност. :)

Во меѓувреме падна истиов муабет и на друго место, и ми го препорачаа foobar2000.
Изгледа лесно, интересно и не се занимава со непотребни ствари :)

Да го измалтретирам пар дена па ќе пишам пак.. сега за сега ми изгледа интересно.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Vnuce, незнам што точно сакаш да ти нуди еден плеер, јас на пример сакам да не ми го кочи компјутерот, да ги пушта песните што ќе ги стаам на плеј листата и што е најбитно да не ми зафаќа дел од таскбарот... Е сеа AIMP не го кочи компјутерот, се крие доле кај саатчето (значи не зафаќа простор на таскбарот) и сеа за сеа таман ми е за моите потреби (иначе јас користам малце постара верзија 2.11) исто така предност на AIMP-от е што има конвертори некои вградео и некои џиџи миџи, ама па со ова онлајн радијава и некои формати е малце ќилав :S... еве како изгледа AIMP кај мене:



Иначе незнам, ако не си го пробал на Nero плеерот можеби би ти се допаднал :)
Еве тука имаш плеери насловени како Best Mp3 Player Software.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Де бре па ти.. не го сфаќај лично муабетов :)

Значи, во барањата од плеери сме тука негде.. да вади квалитетен звук и де биде невидлив, како на таскбар, така и со јадење на меморија и (не дај Боже) процесор.

Значи... против AIMP-от... веќе реков, првенствено го бие глас дека е прилично баговит... не сум го пробал од дамна пак, ама некако не ми остави некој впечаток, така да му фали и некој шмек веројатно.. што знам :toe:
Кажи ми... колку е гладен за меморија? Онака на прво пуштање, со вчитана цела архива на музика?
Кај мене... WMP фаќа некои 20-тина мега од старт.. додека foobar се задоволува со упола од тоа.
Што се однесува до функционалност на foobar... почнуваш со најосновното нешто што се вика “знам да свирам mp3, wma, ogg и сите тие сличните“... па све натаму до интернет радија, до се што може да ти текне, пошто си функционира, нормално, на plug-in систем.

[edit] Е... башка ми се допаѓа тоа што не користи апсолутно ништо за гуи.. него иде со основните Vista контроли. Ем не малтретира непотребно ресурси, ем се вклопува во работната околина перфектно без да треба да бркаш скин за такво нешто :) [/edit]

[edit2] Пошто заземав став да го бранам foobar-ов, а за него нема сликичка... еве: :)

[/edit2]
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Винампот за мене ми е подобар пошто од кога знам за ПЦ знам за него, а Аим го видов пред година дена и ми изгледа како чиста копија на винамп со променет дизајн малку ама другото исто затоа винамп ми е подобар.
 

SkyDriver

Would like my bananna ?
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.140
Поени од реакции
221
Vnuce, јас џабе ќе ти кажам колку зима на старт... тоа треба да ти каже некој со повеќе песни што има :). Дека се на се имам само 20 песни (mp3) што значи дека кога го пуштам AIMP-ов не му треба ни секунда да се стартува, не се ни осеќа :)
А иначе општо додека е вклучен не го малтретира ич компјутерот, само сеа слабост мy се тоа што има премал арсенал на формати кои може да ги прочита, а предностите му се тоа што е овозможен на повеќе јазици, има некои конвертори, отворен е кодот, значи можеш да си го менуваш (доколку знаеш :) ) и тоа што не го умара општо компјутерот.
Мене за овие 20тина mp3ки ми е таман, пуштам AIMP, тој се крие кај саатчето и цепа музиката :)

Mlad_man напиша:
Винампот за мене ми е подобар пошто од кога знам за ПЦ знам за него, а Аим го видов пред година дена и ми изгледа како чиста копија на винамп со променет дизајн малку ама другото исто затоа винамп ми е подобар.
Абе друже, Winamp-от сега за сега е No: 1, само што ненормално го кочи компјутерот (што за посериозните корисници на компјутери тоа е нешто неприфатливо)... Еве јас да речеме, иам пуштено MSN, Yahoo Messenger, Skype, Mozilla со 6-7 tabs и незнам што уште ти не... и уште ако плеерот ми го кочи компјутерот... што би се десило тек тогаш :/
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Абе добро.. ама на база на “не се осеќа“ не може да одредиме ништо конкретно, нели?
Кај мене ни WinAmp-от не се осеќа кога се пушта.
Ако е со 20 песни, ме интересираше колку јаде меморија од старт.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom