- Член од
- 13 август 2009
- Мислења
- 9.535
- Поени од реакции
- 5.767
На неколку дена, до официјалниот почеток на Вимболдон, еве ја и темата за Вимболдон.. Имено, турнирот како турнир започнува на 13 јуни, со квалификациите кои траат до 16 јуни... Потоа на 17 јуни е ждрепката, па се со цел да имаме каде да пишиме и коментираме кој со кој паднал, добро е да ја отвориме темата сега... Од 20 јуни, започнува и официјалниот дел од Вимболдон...
Инаку, Вимболдон претставува најстариот тениски турнир во светот кој датира уште од 1875 година. Заедно со УС, АО и РГ претставува Гренд Слем турнир, кој на многу играчи им е омилен, бидејќи е единствениот кој ја задржал оригиналната подлога, се до ден денес. Турнирот започнува кон средината на јуни и завршува кон почетокот на јули, односно со распоредот на финалињата наизменично, за дамите сабота, а за мажите недела. Исто така, Вимболдон го држи својот престиж и ден денес. Имено, сеуште има строг dress code(код на облекување), и исто така треба да се почитува традицијата јадејќи само јаготки и шлаг (читај подолу, занимливости). Првиот шампион, кој го освоил Вимболдон(Wimbledon) е Спенсер Гор, кој за победата добил „голема парична награда“. Се прашувате колку !? 12 фунти ! Толку добил за победата во финалето, а само за споредба денешниот шампион добива нешто повеќе од 1.1 милион фунти. Исто така, важно е да се напомене и централниот терен на Вимболдон, или Centre Court, каде што традиционално, од 1922, па до ден денес се играат финалињата. До пред една година, дождот претставуваше голем проблем, за мечевите играни тука, па затоа на централниот терен, се постави кров, кој за 12 минути се отвара/затвора. Но, останува енигма, дали ќе се користи, заради несогласувањата на тенисерите, поради што се добива „тенис кој се игра во сала“, беше изјавата на Лејтон Хјуит, поранешен Светски рекет број 1.
Трофејот кој што ќе го добие победникот во синглови, кај мажите, е висок околу 48см, а широк околу 19см. Трофејот е востановен од 1877 година, и на него, како натпис и до ден денес стои All England Lawn Tennis Club Single Handed Championship of the World." Кај дамите, пак натписот кој што стои е "Venus Rosewater Dish", по што и нормално трофеите си ги добиле своите имиња. Традиционално, Англичаните се големи „фанови“ на својата историја, па затоа овие имиња се задржале и ден денес. (За повеќе информации што значат имињата, кај мене на профил) Исто така, оваа година паричниот фонд на Вимболдон е зголемен за 6.4%, при што вкупниот фонд изнесува 14.600.000 фунти. Како што кажавме, шампионите во двете категории, добиваат по 1.100.000 фунти.
Распоредот на поените кои се добиваат на Вимболдон се следните:
Кај дамите :
Пласман во 1 рудна: 5
Пласман во 2 рунда: 100
Пласман во 3 рунда: 160
Пласман во 4 рунда: 280
Четвртфинале: 500
Полуфинале: 900
Финалист: 1400
Шампион: 2000
Кај мажите:
Пласман во 1 рудна: 10
Пласман во 2 рунда: 45
Пласман во 3 рунда: 90
Пласман во 4 рунда: 180
Четвртфинале: 360
Полуфинале: 720
Финалист: 1200
Шампион: 2000
Важно е да се спомне дека рекордерите кои освоие по 7 титули се Пит Сампрас и Вилијам Реншов, со што станале единствениот во историјата на Вимболдон со по 7 титули од овој Гренд Слем. Исто така, Бјорн Бјорг и Роџер Федерер се единствените на кои им успеало да освојат по 5 титули, едно по друго, од 76 до 80, односно од 03 до 07. Кај дамите пак, легендарната Мартина Навратилова, има 9 титули на Вимболдон, што ја прави најтрофејна тенисерка во историјата на Вимболдон. Сузан Леглен со 5 години по ред и Мартина Навратилова со 6 години по ред се единствените кои кои им успеало да го освојат турнирот, последователно.
Други занимливости, да речиме од познатите се дека, Енди Родик, е единствениот кој одиграл 39 гема и бил поразен во финале на Вимболдон(2009та година). Исто така Горан Иванишевиќ (запамтете го името, за подоцна ! ), е тенисерот кој бил најслабо рангиран, а освоил Гренд Слем и тоа Вимболдон. Во тоа време, тој бил, 125ти на листата (2001ва година). Борис Бекер е најмладиот кој го освоил Вимболдон со 17 години во 1985 година, а Лоти Дот кај дамите со 15 години, и тоа во 1887 година. Бевме сведоци на најдолгиот финален меч во историјата на Вимболдон ! Погодувате ? 4 часа и 48 минути, Рафаел Надал и Роџер Федерер (2009та).
Занимливости ! Факти што не сте ги знаеле за Вимболдон
1. Дожд, но каков?
За време на Втората светска војна, бомба падна точно на средината на Централниот терен и уништи 1.200 седишта. За среќа, во тој момент не беа полни. „Вимблдон“ продолжи да се игра во 1946 година, но дури во 1949 година беа санирани сите урнатини во околината.
2. Нема време за врска
Последната жена која победила на „Вимблдон“ во сингл, а била во брак е Крис Еверт во 1981 година. Лошо ѝ се пишува на Ким Клајстерс годинава...
3. Кратко претставување
Брејм Хилјард во 1930 година беше првиот тенисер кој на „Вимблдон“ се појави во кратки панталони (шорцеви), менувајќи го трендот на долгите панталони.
4. Лингвистички рекорд
Горан Иванишевиќ е единствениот шампион во 125-годишната историја на „Вимблдон“ чиешто име е составено од согласки и самогласки поредени наизменично. Навистина не знам кој го истражуваше ова и како дојде до таа идеја, но мило ми е што не бев јас.
5. Лошите британски момци
Тим Хенман беше првиот тенисер во историјата кој беше дисквалификуван во дубл. Во 1995 година, Хенман нервозен и во афект силно го удри топчето и погоди едно девојче од оние што ги бркаат топчињата. Енди Мареј стана првиот Британец кој доби парична казна поради пцуење кон судијата.
6. Роден во погрешно време
Спенсер Гор стана првиот шампион на „Вимблдон“ во 1875 година и кога победи, кажа дека оваа игра нема шанси да стане популарна. Тогаш, гледачите плаќаа по еден шилинг за да присуствуваат на натпреварите, а Гор за победата во финалето доби 12 фунти. Во случај да не знаете, шампионот годинава ќе добие 1,1 милиони фунти.
7. Нови топчиња, молам
Сте помислиле зошто топчињата се жолти? Не беа секогаш такви. До 1986 година беа бели, но поради барање на официјалните лица од „Вимблдон“, за да бидат повидливи на камерите, бојата е променета.
8. Гласна победа
Марија Шарапова на терените на „Вимблдон“ го урна рекордот за најгласно врескање во тенисот. Шарапова постигна 101,2 децибели. Колку за споредба, „Боинг 747“ не крева повеќе од 60 децибели.
9. Јагоди и шлаг
Оние што присуствувале на трибините на „Вимблдон“ сигурно знаат дека јагоди и шлаг се специјалитет на турнирот. Минатата година се потрошија 23 тони јагоди. Ако ги ставите една до друга, јагодите би се протегале 60 километри, односно од Скопје до Свети Николе. Лани, околу 7.000 литри шлаг се трошеа секој ден.
10. Жици за жичарница
Минатата година, повеќе од 65 километри жици се трошеа за шпанување на околу 2.000 тениски рекети дневно на „Вимблдон“. Тоа е доволно за шест пати да се обвие Централниот терен во Лондон.
11. Обезбедување со крилја
Сокол по име Хамиш секое утро лета над терените на „Вимблдон“, бркајќи ги локалните птици за да не вршат нужда над терените. Секој ден додека трае турнирот, Хамиш ја стартува својата работа во девет часот наутро и завршува во моментот кога се отвораат вратите за посетителите.
Да ја сумираме темата. Лани во финалето кај мажите беа Рафаел Надал и Томас Бердих, притоа Рафаел Надал освојувајќи го со 3-0 по сетови и тоа 6-3, 7-5 и 6-4. Кај дамите, играа неприкосновената Серена Вилијамс и Вера Ѕвонарева, каде Американката издвојува лесна победа од 6-3 и 6-2 или 2-0 по сетови. Оваа година, Рафаел Надал има за бранење исто поени колку и на Роланд Гарос, односно 2000 поени. Доколку одпадне порано, ги губи поените кои се презентирани погоре. Новак Џокович пак, има шанса да стане број 1 токму тука. И Надал да го одбрани пехарот, тоа не ми гарантира дека ке остане на првото место на АТП листата, но му гарантира историја. Новак пак, конечно ќе им докажи на другите и на целиот свет дека може да биде број 1 и дека може да освои конечно Гренд Слем, некаде на друго место освен на АО. Роџер, пак ќе атакува на подобрување на историјата. Има 5 тука, 16 од сите други. Ако Роџер успее да триумфира тука, веројатно, и според многумина ќе си го зацврсти местото како најдобар во историјата, според многумина, се додека некој друг не го надмине. Кај дамите пак, Серена конечно се враќа на „свое“ тло. Дали можеби е време за Возниацки да покаже што знае, или пак за Клајстерс да го урне малерот ? Ако на ова, ги додадеме и Родик, Дел Потро, Мареј, Содерлинг кај мажите, и Ли, Азаренка, Шарапова кај дамите, јасно е дека ќе гледаме супер интересен турнир. Во продолжение и АТП и ВТА листата на најдобрите 30 тенисери/ки
Дами:
Wozniacki, Caroline 11/07/90 DEN 9915 22
2 2 Clijsters, Kim 08/06/83 BEL 8215 14
3 3 Zvonareva, Vera 07/09/84 RUS 7935 20
4 7 Li, Na 26/02/82 CHN 6475 20
5 4 Azarenka, Victoria 31/07/89 BLR 5920 21
6 8 Sharapova, Maria 19/04/87 RUS 5221 15
7 5 Schiavone, Francesca 23/06/80 ITA 4646 22
8 9 Kvitova, Petra 08/03/90 CZE 4018 23
9 11 Bartoli, Marion 02/10/84 FRA 3740 27
10 6 Stosur, Samantha 30/03/84 AUS 3405 21
11 12 Petkovic, Andrea 09/09/87 GER 3280 24
12 14 Kuznetsova, Svetlana 27/06/85 RUS 3210 19
13 13 Radwanska, Agnieszka 06/03/89 POL 3056 18
14 15 Pavlyuchenkova, Anastasia 03/07/91 RUS 3055 23
15 10 Jankovic, Jelena 28/02/85 SRB 3050 23
16 18 Goerges, Julia 02/11/88 GER 2560 25
17 16 Kanepi, Kaia 10/06/85 EST 2545 21
18 22 Wickmayer, Yanina 20/10/89 BEL 2350 26
19 21 Ivanovic, Ana 06/11/87 SRB 2330 20
20 25 Peng, Shuai 08/01/86 CHN 2240 20
21 19 Pennetta, Flavia 25/02/82 ITA 2220 21
22 20 Peer, Shahar 01/05/87 ISR 2170 22
23 23 Cibulkova, Dominika 06/05/89 SVK 2055 24
24 24 Kleybanova, Alisa 15/07/89 RUS 2005 27
25 17 Williams, Serena 26/09/81 USA 2000 9
26 27 Kirilenko, Maria 25/01/87 RUS 1985 24
27 26 Gajdosova, Jarmila 26/04/87 AUS 1940 26
28 29 Hantuchova, Daniela 23/04/83 SVK 1875 26
29 33 Makarova, Ekaterina 07/06/88 RUS 1811 24
30 31 Vinci, Roberta 18/02/83 ITA 1675 25
Првата бројка е, каде се наоѓа сега, втората е каде се наоѓала минатата недела. Потоа е името, па година на раѓање, државата од каде потекнува, поените и турнирите кои ги изиграла до сега. Секогаш листата кај дамите е посложена за разлика од мажите. Уште фали да напишат кога имаат менструација.
Кај мажите:
1 Nadal, Rafael (ESP) 12,070 0 22
2 Djokovic, Novak (SRB) 12,025 0 19
3 Federer, Roger (SUI) 9,230 0 22
4 Murray, Andy (GBR) 6,625 0 20
5 Soderling, Robin (SWE) 4,595 0 25
6 Ferrer, David (ESP) 4,150 1 24
7 Berdych, Tomas (CZE) 3,490 -1 25
8 Monfils, Gael (FRA) 2,780 1 21
9 Fish, Mardy (USA) 2,440 1 22
10 Roddick, Andy (USA) 2,200 1 21
11 Melzer, Jurgen (AUT) 2,175 -3 24
12 Troicki, Viktor (SRB) 1,930 3 27
13 Gasquet, Richard (FRA) 1,925 3 25
14 Wawrinka, Stanislas (SUI) 1,920 0 22
15 Almagro, Nicolas (ESP) 1,875 -3 27
16 Simon, Gilles (FRA) 1,745 2 29
17 Youzhny, Mikhail (RUS) 1,740 -4 26
18 Mayer, Florian (GER) 1,600 1 27
19 Tsonga, Jo-Wilfried (FRA) 1,480 -2 20
20 Chela, Juan Ignacio (ARG) 1,475 14 25
21 Dolgopolov, Alexandr (UKR) 1,450 1 28
22 Del Potro, Juan Martin (ARG) 1,445 4 21
23 Verdasco, Fernando (ESP) 1,425 -3 25
24 Nalbandian, David (ARG) 1,425 -1 19
25 Llodra, Michael (FRA) 1,400 -1 24
26 Querrey, Sam (USA) 1,360 2 27
27 Cilic, Marin (CRO) 1,345 -6 25
28 Raonic, Milos (CAN) 1,334 -1 23
29 Davydenko, Nikolay (RUS) 1,330 1 29
30 Bellucci, Thomaz (BRA) 1,305 -5 26
Првата е позицијата, името, државата, поените, позиција кој ја изгубиле или добиле, и турнирите на кои играле сезонава.
Како и да е, очекувам квалитетен Вимболдон, добар тенис, супер бодрење и нормално квалитена дискусија. Добро дојдовте !