White Collar

  • Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
White Collar (2009) [ IMDB ] [ 8,4/10 ]
Полицаец и еден од најдобрите фалсификатори, криминалец, се здружуваат со една цел - да ги уловат другите криминалци. Нешто како во „48 Hrs.“ со Еди Марфи и Ник Нолти.​
Можеби на некого веќе му е преку глава од ваквиот тип на серии, посебно од CSI во која какви ли не начини на фаќање на криминалецот не сме виделе. Многу напреднале со техниката. :) За разлика од нив, оваа серија мене ми е интересна... далеку е од тоа и е малку пореална во однос на некои други.​
Формулата за успешна серија од ваков тип ја имаат откриено само две серии, односно режисерите. Fringe и White Collar се единствени за мене. Малку симпатични ликови, интересно сценарио, ово - оно... и еве ти одлична серија.​
Океј, тоа на страна. Малку повеќе за серијата. Bryce Lain од Chuck т.е. Neal Caffrey (Matt Bomer) - вешт, шармер и уберинтелегентен преварант кој после три години бркање е фатен од ФБИ агентот, Peter Stokes (Tim DeKay), и доби 4 години затворска казна. Четири месеци пред истекнување на казната, Ниел Кефри со одличен склопен план бега од затвор, поради една причина - жена... додуша, за што друго би избегал. :D ФБИ, односно агентот Питер, повторно го фаќа, или подобро кажано самиот се предаде... Но, се договара со агентот, наместо да скапува уште нови 4 години во затвор, да работи со полицијата и да лови други white collar криминалци (фалсификување и разни проневери).​
Како и во секоја ваква драма, мора да е вмешана и женичката на агентот која баш и не се појавува во серијата, освен ако не е потребна за некој така... паметен совет, или пак за грабнување и уценување. И кога веќе почнав да ги редам ликовите, да не го заборавам и ќепецот (Willie Garson) што му помага на Ниел и ги има сите информации од подземјето, Марш Томсон (Наоми од ЛОСТ) и еден потрчко на агентот.​
Моментално во етер иде 4та сезона, јас сум на половина од 2рата. Мене ми е интересна и добра за гледање, со оглед на тоа што ми се интересни ваков вид на серии/филмови. Друго... препорачлива е за сите криминалци, има нешто што може да поднаучат. :pos:
 
К

Кики.

Гостин
Конечно тема за серијава. :)
И мене ми е интересна поради тоа што е реална и има доста пресврти во дејството, а и сакам вакви филмови. Ги изгледав сите епизоди и сега ја чекам новата во четврток. Нил и Питер се одличен тим, а и Мози добро знае да си ја заврши работата.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Конечно тема за серијава. :)
И мене ми е интересна поради тоа што е реална и има доста пресврти во дејството, а и сакам вакви филмови. Ги изгледав сите епизоди и сега ја чекам новата во четврток. Нил и Питер се одличен тим, а и Мози добро знае да си ја заврши работата.
Патувајќи сум ја изгледал пола втора сезона. Една од подобрите епизоди со доста хумор 15 или 16та епизода од втора сезона... кога Питер мораше да глуми Нил, и обратно. :icon_lol:
Инаку некако во последно време (до 8 еп. од 3та сезона сум) не ми е нешто посебно, ама треба да биде интересно да се види што ќе направат со тоа што планираат...

A oвој Келер ептен одбивна фаца ми е, треба да го решат кај и да е... ваљда :D
 
К

Кики.

Гостин
Патувајќи сум ја изгледал пола втора сезона. Една од подобрите епизоди со доста хумор 15 или 16та епизода од втора сезона... кога Питер мораше да глуми Нил, и обратно. :icon_lol:
Инаку некако во последно време (до 8 еп. од 3та сезона сум) не ми е нешто посебно, ама треба да биде интересно да се види што ќе направат со тоа што планираат...

A oвој Келер ептен одбивна фаца ми е, треба да го решат кај и да е... ваљда :D
Да не ти откривам понатаму, има доста пресврти како за обична серија. :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Доста работи се издешаваа во првите 4 епизоди од новата сезона. Ќе биде доста интересна сезона како што ми се чини, со оглед на тоа што се случи во 4х4.
Инаку денес излезе новата епизода. :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Интересно. Почнав да ја следам баш по мој вкус е серијава. Јас ептен на почеток сум т.е 6 епизода прва сезона и сега за сега е супер. Очекувам некој подлабок заплет т.е баш како крајот на шестава епизода за да дадам топ оценка за серијава и мислам дека понатаму нема да ме разочара.
--- надополнето: 2 јануари 2014 во 01:55 ---
П.С Не знам дали не се пишува на темава пошто не им се дискутира на луѓево или поради предрасуди. Јас некое време ја гледав серијава на хедерот на страната кај што гледам серии и не ми текнало до сега да кликнам да видам за што се работи дел поради немање време дел ваљда поради предрасуди.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Да ја вратам темава (неколку мислења едвај де) од мртвите.
Не ми беше позната серијава, но симнав 2-3 епизоди за да и дадам шанса. На почеток си е ок, но како гледаш повеќе, така карактерите повеќе ти легнуваат. Фино скоцкано, бар засега, јас сум на пола од втора сезона.
Со мали измени ми е слична на Suits. Единствено со нејзе можам да ја споредам до негде. Далеку подобра од Suits, тоа дефинитивно. Тука има помалце его иако се работи за стварно паметни ликови.
Секоја епизода си има некоја приказна и некој за фаќање, но низ овие две сезони се провлекува една поголема мистерија околу главниов лик и се надевам дека до крај на сезона ќе ја решат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom