What if спортски сценарија : Алтернативна историја

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
Инспириран од темата на каљехон де ла муерте, решив да направам ваква тема, ама за спортски сценарија.
Иако ова е ставено во подфорумот "Фудбал", претпоставувам дека не би имало проблем да се ставаат "what if" сценарија за останати спортови:

Еве чисто како пример ќе дадам неколку:

Што ако судијата не го дозволеше играњето со рака на Анри во плеј-оф мечот со Република Ирска?
Дали тоа ќе донесеше буст за ирскиот фудбал и ќе гледавме многу повеќе играчи од Ирска низ светот?
Анри се пензионираше на СП, дали доколку не успееше Франција да се квалификува тој ќе стиснеше заби и ќе одиграше и ЕП во 2012 или СП 2014? (тој се пензионираше во 2014) и каков ефект би имало неговото играње за Франција на ЕП 2012 или СП 2014?

Што ако Конор Мекгрегор го победеше Флојд Мејведер во боксерскиот меч? Дали ова ќе донесеше популаризација на интер-спорт мечеви помеѓу УФЦ борачи и боксери? Дали ќе имаше реванш меѓу двајцата во октагонот? Дали вакви big money fights ќе станеа почести?

Ајде од политички аспект. Што ако Југославија никогаш не се распаднеше? Какви успеси би имала оваа репрезентација? Дали сега, во 2020, селекција со Лука, Горан, Јокиќ и останатите екс-југослвени што растураат во НБА лигата би биле фаворити против кошаркарската репрезентација на САД? Колку би била квалитетна фудбалската репрезентација на Југославија? Дали би освоиле неколку титули на ЕП/СП од 90 наваму?

Што ако Меси ја напуштеше Барселона ова лето? Дали Меси ќе доминираше и во ПЛ? Дали Барселона би пропаднала во длабока дупка слично како Манчестер Јунајтед после Ферги или пак напуштањето на Меси би направило ремунтада на Барселона и нивниот тим создаден без големи ѕвезди би ги вратило на Европскиот врв?

Како за почеток е ок, слободно давајте примери и дискутирајте за најлошата тема за дискутирање: What if
 
Член од
7 септември 2010
Мислења
1.166
Поени од реакции
1.262
What if..... Di Stefano had joined Barcelona instead of R.Madrid?

Najbolnata tema za navivacite na Barca. Ke imavme 10+ tituli LS . Ama toa e, istorijata ne moze da se promeni i mora da se pomirime.
Toa ti e..... ako imase babata jajca ke bese dedo.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.964
Поени од реакции
1.866
За мене наголемото What if.... во фудбалот.
Што ако не се срушеше авионот на Јунајтед во Минхен. Веројатно Јунајтед ќе имаше по некоја титула плус и во ЛШ и во ПЛ и ќе беше уште поголем него што е моментално.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Што ако Јохан Кројф не го бојкотирал СП 1978? Холандија и без него стигнала до финале и имале статива во последна минута за победа, но во продолженија изгубиле од Аргентина. Со Кројф Холандија ќе имаше една светска титула наместо три изгубени финалиња, што е рекорд.

Што ако не постоеше дебиланата наречена Златен гол 1998-2004?
Што ако судии не ја туркаа Ј.Кореја до 1/2 финале 2002? :D
Автоматски споено мислење:

За мене наголемото What if.... во фудбалот.
Што ако не се срушеше авионот на Јунајтед во Минхен. Веројатно Јунајтед ќе имаше по некоја титула плус и во ЛШ и во ПЛ и ќе беше уште поголем него што е моментално.

Што ако и оваа трагедија не се случела и денес Торино би бил најпознат и најтрофеен клуб во тој град а Јувентус небитно клубче кои тавори 10-15 место?

Друго, што ако ги примеа Селтик и Ренџерс во ПЛ, за таа иницијатива се залагаше и Тони Блер :D
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.041
Што ако не постоеше дебиланата наречена Златен гол 1998-2004?
Зашо дебилана? Најбоље правило беше ова. После 90 минути игра кој дае гол победник е најдоброто сценарио. Вака глеаме 30 минути фудбал каде екипите се влечат.

хммммм
За мене наголемото What if.... во фудбалот.
Што ако не се срушеше авионот на Јунајтед во Минхен. Веројатно Јунајтед ќе имаше по некоја титула плус и во ЛШ и во ПЛ и ќе беше уште поголем него што е моментално.
what if... истото не им се десело и на ФК Торино кој во тој период бил тим број еден во Торино и Италија.


Од друга страна Југославија ако останеше како сериозна држава од рангот на Германија, Русија, Велика Британија, да не преовладаше национализмот и балканските ситни души, од 90та навака сигурен сум дека минимум 2 пати ќе беа европски и светски шампиони во фудбал.
Не ја исклучувам и можноста за некое Олимписко и Светско злато во кошарка.
За ракомет излишно е да се коментира, каки курац Франција.
Ватерполо исто.
Атлетика, зимски спортови... ќе владееше и тука Џкслевија.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Што ако Фергусон не се пензионираше? Дали Јунајтед ќе ја продолжеше доминацијата на островот или падот не беше неизбежен? Се мислам дека неговото веќе беше завршено, не можеше да се носи со новиот фудбал и Јунајтед пак ќе си беше во проблеми ако останеше.

Што ако Фергусон никогаш не стана тренер на Јунајтед? Дали без него Јунајтед ќе ја направеше таа доминација или ќе си останеше екипа од минатото како што беше. Мислам да не он Јунајтед немаше да биде така силен и наместо него ќе видевме како Арсенал доминира во Англија. Додека Ливерпул ќе си паднеше како и да е.

Што ако не се случеше калчополи? Дали Сериа А ќе го изгубеше приматот најдобра и најака лига? Дали Интер ќе освеше ТРИПЛЕТЕ или ќе останеше со празни раце уште толку? Што ќе се случеше со Јуве, дали наместо 10год ќе доминираа 20год?

Што ако Абрамович не ги купи Челзи? Дали Донев ќе навиваше за нив?
Автоматски споено мислење:

Што ако Арсенал си останеа на Хајбери? Дали ќе освоија уште некоја титула во ПЛ, ЛШ? Дали ќе успеа да ги задржат играчите или сепак ќе ги пуштаа за смешни суми пак?
 
Последно уредено:

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Одлична тема, само во погрешен подфорум сместена.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Од друга страна Југославија ако останеше како сериозна држава од рангот на Германија, Русија, Велика Британија, да не преовладаше национализмот и балканските ситни души, од 90та навака сигурен сум дека минимум 2 пати ќе беа европски и светски шампиони во фудбал.
Не ја исклучувам и можноста за некое Олимписко и Светско злато во кошарка.
За ракомет излишно е да се коментира, каки курац Франција.
Ватерполо исто.
Атлетика, зимски спортови... ќе владееше и тука Џкслевија.
И јас ова го мислев.

Можеби Југославија немаше да освои Светско или Европско но сигурно ќе беше фудбалски гигант во Европа што екипите немаше да сакаат да играат...рамо до рамо со Холандија , Англија и Португалија во фудбалско реноме....

Звезда,Партизан и Динамо можеби ќе беа редовни учесници во ЛШ и ќе имаше поатрактивни натпревари тука кај нас со овие противници секоја година...да не заборавиме дека Звезда беше многу силна и играше редовно во нокаут фазите во ЛШ против најаките клубови во Европа..па после со војните пропаднаа како целата држава.

ОСвен во Кошарка(ќе газеа тука во Европа) во другите спортови ќе беа тука некаде односно на врвот
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
what if... истото не им се десело и на ФК Торино кој во тој период бил тим број еден во Торино и Италија.
Над тебе исто некој го пишал истово не си видел ваљда



Што ако Фергусон не се пензионираше? Дали Јунајтед ќе ја продолжеше доминацијата на островот или падот не беше неизбежен? Се мислам дека неговото веќе беше завршено, не можеше да се носи со новиот фудбал и Јунајтед пак ќе си беше во проблеми ако останеше.

Што ако Фергусон никогаш не стана тренер на Јунајтед? Дали без него Јунајтед ќе ја направеше таа доминација или ќе си останеше екипа од минатото како што беше. Мислам да не он Јунајтед немаше да биде така силен и наместо него ќе видевме како Арсенал доминира во Англија. Додека Ливерпул ќе си паднеше како и да е.

Што ако не се случеше калчополи? Дали Сериа А ќе го изгубеше приматот најдобра и најака лига? Дали Интер ќе освеше ТРИПЛЕТЕ или ќе останеше со празни раце уште толку? Што ќе се случеше со Јуве, дали наместо 10год ќе доминираа 20год?

Што ако Абрамович не ги купи Челзи? Дали Донев ќе навиваше за нив?
Автоматски споено мислење:

Што ако Арсенал си останеа на Хајбери? Дали ќе освоија уште некоја титула во ПЛ, ЛШ? Дали ќе успеа да ги задржат играчите или сепак ќе ги пуштаа за смешни суми пак?
Eх, Ферги беше стварно во години, немаше ништо да смени и ако останеше.

Од друга страна пак..што ако се пензионираше порано? Мислам тоа што остана сезона плус некако ја зезна иднината на Јунајтед пошто отидоа all in во таа последна сезона на сметка на иднината, што се очекуваше дека ќе биде очајна (како Челзи со Мурињо што во една сезона освоија па во другата...)

Не верувам дека ќе сменеше премногу за Серија А ако не се случеше Калчополи, ама за ова со Интер дали ќе освоеше триплете...добро прашање.

А да, јас би рекол Јуве дефинитивно повеќе ќе доминираа во Серија А.

Хајбери не им мења премногу на Арсенал иако така им мачкаа очи долго време со стадионот, културата на тимот отиде по ѓаволите таму

Ова за Донев :pos: :pos:

Ама зеабанцијата на страна ете добро what if

Челзи најверојатно би барале нов купувач, така да... прашањето е само кој би бил ако не Роман. Доколку не се најдеше тогаш купувач..кој знае.

Безбедниот одговор е да се каже дека Челзи ќе се бореше за топ 4...нешто слично како и сега, со Роман :D

Доколку не беше Роман....друга екипа и друг богаташ ќе ги диктитираше цените во фудбалов, погрешен наратив е тоа дека Роман ги има сјебено цените

What if corner wasn't taken quickly
Ќе дадеа ваљда уште еден, Барса делуваше изгубено тогаш

Одлична тема, само во погрешен подфорум сместена.
Па не знаев каде, а секако Фудбал е најактивен спортски подфорум, плус секако 99% од муабетите ќе бидат поврзани со фудбал
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
За Челзи е посоодветно ,,што ако Гронкјер не го постигнеше тој гол против Ливерпул?"

Добра тема патем.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.892
Поени од реакции
84.253
За Челзи е посоодветно ,,што ако Гронкјер не го постигнеше тој гол против Ливерпул?"

Добра тема патем.
Тотенхем ЛШ Шампиони 2011/12, Торес хет-трик :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom