What if историски сценарија : Алтернативна историја

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Интересно е дека да немаше воопшто ВСВ и да останеше на власт демократска Вајмарска Германија ден денес ќе имаше еден куп фолксдојчери во Ц.Европа, како и на Балканот. Ако не се лажам околу 20М фолксдојчери беа избркани од места каде што со векови живееле. Веројатно, знаејќи ја нивната работна етика Ц.Европа и Балканот денес би биле многу поразвиени места за живеење, а посебно ако се додадат и Еврејските заедници на истите простори, кои исто така биле големи.
Но, па од друга страна денешните Вардарски Македонци ќе беа Срби со говорна мана. :D

ЕДИТ: Ако некого го интересира алтернативна историја, а не му се чита книгата серијава The man in the high castle, која ја дискутиравме со Каљехон може да ви биде интересна:
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Да се надоврзам на еден пост од темата WW2

Супер-Јамато класата, во план билe 2 нови ББ со 80К тони секој и 8 топа од 510мм.
Интересно е да се знае до каде ескалирало лудилото :)

Дали мислите дека евентуално влегување во состав на морнарицата на двата Супер-Јамато, покрај 3-те Јамато (во реалност, Јамато и Мусаши се завршени, Шинано е преграден во носач на авиони а Фуџи е недовршен.) би имале некаква шанса против феноменалната моќ на УС Нејви?

Јапанците нарачале па откажале и два супербрзи бојни крсташи од 35К тони и 12*311мм со брзина од 36 јазли (67 км/ч) а како одговор америве започнале класа од 6 бојни крсташи од класата Аљаска од кои завршиле само два, откажувајќи ги останатите 4 кога станало јасно дека Јапан нема ресурси да ги изгради новите крсташи.

Треба да се има во предвид дека америте нарачале 5 нови ББ од 66К тони, 12 топа од 406мм од класата Монтана (Монтана, Охајо, Мејн, Њу Хемпшир, Луизијана) заедно со двата недовршени од претходната класа Ајова (Илиноис, Кентаки)

Сите овие проекти се во самракот на бојниот брод како основен фактор на поморската моќ и кичма на флотата. Таа улога ја презема флотниот носач на авиони и ја игра до ден денес.

Според мене, јапонските обиди да на бројчано надмоќната америчка морнарица спротистават технолошки супериорни бродови со тоа анулирајќи ја предноста во број на бродови = наликува на германската ситуација со тенковите, кога технолошки супериорни но малкубројни тенкови требало да се борат со бројните М-4 и Т-34. Знаеме како заврши германскиот обид, па према тоа веројатно и со завршување на овие проекти повторно Јапан би загубил иако можеби не толку катаклизматично.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
Дали мислите дека евентуално влегување во состав на морнарицата на двата Супер-Јамато, покрај 3-те Јамато (во реалност, Јамато и Мусаши се завршени, Шинано е преграден во носач на авиони а Фуџи е недовршен.) би имале некаква шанса против феноменалната моќ на УС Нејви?
Абе можеле и од 100 000 тони (денес супер-носачите се толкави, 10 во цел свет) да направат борбен брод, џабе би им бил кога авијацијата е главниот играч. Теоретски доволен е еден авион да потопи било каков брод и пред 75 години и денес. Американците во 2СВ ја увидуваат големата предност што ја носи авијацијата и од тогаш главна стратегија им е моќна и бројна авијација. Применета во сите војни што ги водат од 2СВ наваму.
 
Имало еден германски проект (Х-44) за ББ од 130.000 тони, :angel:должина 350м и вооружување исто како на Супер-Јамато бродовите, интересно што ниту едно германско бродоградилиште немало доволно голем навоз за да воопшто се започне такво чудовиште. Што значи дека прво би требало да се изгради скроз ново бродоградилиште на прво место :pos:
Со него конечно, ама баш конечно нацистите би се справиле со британската поморска моќ. :D

Инаку сите три завршени брода од претходната јапанска класа т.е. Јамато, Мусаши и Шинано завршиле на дното на Пацификот, два од авијација, третиот од подморница.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
За изградба на новите класи на борбени бродови кои требало да бидат флотни знаменосци на Kriegsmarine, бидејќи немале свои суви докови т.е dry docks, германците планирале да ги користат француските во St Nazar кои биле најголеми или едни од најголемите во светот во тоа време, меѓутоа сево ова е осуетено од британците при што е извршен диверзантски напад на бродоградилиштето кој може да се нарече и самоубиствен, затоа шо шансите после тоа некој да се врати жив биле ептен мали.
Нападот донекаде ги обесхрабрува германците, но поради тоа шо се зема во предвид ефикасноста на подморничката флота и се разбира проектирањето на сила преку носачите на авиони и морнаричката авијација, сфаќаат дека би направиле грешка со развојот на флотата во тој правец, едноставно се работи за престиж изградбата на вакви пловила повеќе, него поседувањето на борбена ефикасност.

St Nazaire Raid.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Ве пратам на двете теми паралелно,имам осеќај ко филм да глеам.Не ми се верува,какви фанатици сте )))))
Секоја чест дечки.
@callejón de la muerte
@Beric Dondarrion
@Human
@blanco
Ех, далеку сум јас од друштвово што знае која бројка биле штрафовите на колцата од спитфајтерите, ама во секој случај фала ти што си ме сврстил во оваа лига, што без лажна скромност го сметам за комплимент. :D
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
За изградба на новите класи на борбени бродови кои требало да бидат флотни знаменосци на Kriegsmarine, бидејќи немале свои суви докови т.е dry docks, германците планирале да ги користат француските во St Nazar кои биле најголеми или едни од најголемите во светот во тоа време, меѓутоа сево ова е осуетено од британците при што е извршен диверзантски напад на бродоградилиштето кој може да се нарече и самоубиствен, затоа шо шансите после тоа некој да се врати жив биле ептен мали.
Нападот донекаде ги обесхрабрува германците, но поради тоа шо се зема во предвид ефикасноста на подморничката флота и се разбира проектирањето на сила преку носачите на авиони и морнаричката авијација, сфаќаат дека би направиле грешка со развојот на флотата во тој правец, едноставно се работи за престиж изградбата на вакви пловила повеќе, него поседувањето на борбена ефикасност.

St Nazaire Raid.
Таму беа градени Ришеље класата мислам ама тие биле 45К тони, имало и проект Алзас за нивни наследници од 50К тони.
Не би можело нит во Сен Назер да се гради 350м брод од 130К тони, за тоа требало сосема ново бродоградилиште, нови суви докови, нови кранови пошто ниту еден не би можел да подигне купола од 5000 тони :D
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.278
Да се надоврзам на еден пост од темата WW2

Дали мислите дека евентуално влегување во состав на морнарицата на двата Супер-Јамато, покрај 3-те Јамато (во реалност, Јамато и Мусаши се завршени, Шинано е преграден во носач на авиони а Фуџи е недовршен.) би имале некаква шанса против феноменалната моќ на УС Нејви?

Јапанците нарачале па откажале и два супербрзи бојни крсташи од 35К тони и 12*311мм со брзина од 36 јазли (67 км/ч) а како одговор америве започнале класа од 6 бојни крсташи од класата Аљаска од кои завршиле само два, откажувајќи ги останатите 4 кога станало јасно дека Јапан нема ресурси да ги изгради новите крсташи.

Треба да се има во предвид дека америте нарачале 5 нови ББ од 66К тони, 12 топа од 406мм од класата Монтана (Монтана, Охајо, Мејн, Њу Хемпшир, Луизијана) заедно со двата недовршени од претходната класа Ајова (Илиноис, Кентаки)

Сите овие проекти се во самракот на бојниот брод како основен фактор на поморската моќ и кичма на флотата. Таа улога ја презема флотниот носач на авиони и ја игра до ден денес.

Според мене, јапонските обиди да на бројчано надмоќната америчка морнарица спротистават технолошки супериорни бродови со тоа анулирајќи ја предноста во број на бродови = наликува на германската ситуација со тенковите, кога технолошки супериорни но малкубројни тенкови требало да се борат со бројните М-4 и Т-34. Знаеме како заврши германскиот обид, па према тоа веројатно и со завршување на овие проекти повторно Јапан би загубил иако можеби не толку катаклизматично.
Не можеле Јапонците никако со тој потенцијал што го имаат, да ги стигнат Американците, на подолги патеки.

Почнуваат со предност од 6/4 во носачи. И САД имале 6, но 2 им биле во Атлански океан. Во друг театар на операции. Плус Јапан имаат 5 мали носачи.
42-ра, пред Мидвеј имаат предност 5/3, во Пацифичкиот театар на операции. Плус четири мали за Јапан.
Тука прекинуваат веќе било какви шанси да имаат - после Мидвеј, кога резултатот е 3/4 во корист на САД (се враќа еден од Атлатантик и доаѓа уште еден од поправка). На Јапан освен трите големи, му остануваат и 4-те мали.
До декември 43-та Јапонците добиваат уште еден голем и еден мал носач, а САД - еден голем.
До јуни 43-та САД исфрлаат уште 4 големи и 5 мали носачи. Јапан 0.
До декември САД плус 2 големи и 4 мали. Јапан - еден мал.
До јуни 44-та САД уште 3 големи. Јапан еден голем и еден мал.

Во декември 44-та конечно, Јапан успева да се врати на пред-Мидвеј "носачката" сила, што ја имал.
Како што одминува војната разликата се зголемува. На крај испаднало дека САД во пост-Мидвеј периодот поринале 17 големи носачи, 9 мали носачи и 127 уште помали носачи (jeep carriers). Jaпан 6/3/10.

Да споменам само, за оние кои не знаат, тука битни се големите носачи. Другово мање-више.

А тоа дали со бојни бродови нешто ќе направеле, мислам дека е одговорено.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Еј а ја да ви дадам една тема за разглабање? Трета светска војна , што би било? )))))))
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Таму беа градени Ришеље класата мислам ама тие биле 45К тони, имало и проект Алзас за нивни наследници од 50К тони.
Не би можело нит во Сен Назер да се гради 350м брод од 130К тони, за тоа требало сосема ново бродоградилиште, нови суви докови, нови кранови пошто ниту еден не би можел да подигне купола од 5000 тони :D
Бродоградилиштата кои се наоѓаат на реки како ова во St Nazaire или River Clyde во Шкотска, се типични затоа шо може полесно да се контролира напливот во самиот док и да се гради сегментирано трупот со испловување на bulkhead, не се работи само за должината на докот туку и специфичната носивост на тлото. И денес се реткост бродоградилишта кои имаат кранови што може да подигнат сегмент од 5000т. Не сум бил во St Nazaire, но сум бил во бродоградилиштата во Марсеј и на Клајд, иако второто не е ни сенка на она што беше некогаш.

Иако може да го прифати пловилото како габарит, не мора да значи дека може да се издржи вкупната маса која доколку е празен докот, vessel tonnage displacement е сосема поинаков ра разлика кога е на вода истото, ова од искуство, види за несреќата на Oasis of the Seas на Бахамите лани, и тоа во dry dock :vrtioci:

Чисто за споредба, патнички брод од иста тонажа со воен брод има комплетно различен габарит и displacement поради разликите во специфичноста при градбата.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Не можеле Јапонците никако со тој потенцијал што го имаат, да ги стигнат Американците, на подолги патеки.

Почнуваат со предност од 6/4 во носачи. И САД имале 6, но 2 им биле во Атлански океан. Во друг театар на операции. Плус Јапан имаат 5 мали носачи.
42-ра, пред Мидвеј имаат предност 5/3, во Пацифичкиот театар на операции. Плус четири мали за Јапан.
Тука прекинуваат веќе било какви шанси да имаат - после Мидвеј, кога резултатот е 3/4 во корист на САД (се враќа еден од Атлатантик и доаѓа уште еден од поправка). На Јапан освен трите големи, му остануваат и 4-те мали.
До декември 43-та Јапонците добиваат уште еден голем и еден мал носач, а САД - еден голем.
До јуни 43-та САД исфрлаат уште 4 големи и 5 мали носачи. Јапан 0.
До декември САД плус 2 големи и 4 мали. Јапан - еден мал.
До јуни 44-та САД уште 3 големи. Јапан еден голем и еден мал.

Во декември 44-та конечно, Јапан успева да се врати на пред-Мидвеј "носачката" сила, што ја имал.
Како што одминува војната разликата се зголемува. На крај испаднало дека САД во пост-Мидвеј периодот поринале 17 големи носачи, 9 мали носачи и 127 уште помали носачи (jeep carriers). Jaпан 6/3/10.

Да споменам само, за оние кои не знаат, тука битни се големите носачи. Другово мање-више.

А тоа дали со бојни бродови нешто ќе направеле, мислам дека е одговорено.
Флотни и ескортни носачи :) Вториве поради карактеристики не можат да учествуваат во флотни акции, но се покажале сосема добри за напади врз копнени цели. 6 од нив неочекувано ја запираат јапанската главнина кај Лејте за да купат решавачко време за 3-та флота и да го натераат Јамато и остали мастодонти на повлекување.

Бродоградилиштата кои се наоѓаат на реки како ова во St Nazaire или River Clyde во Шкотска, се типични затоа шо може полесно да се контролира напливот во самиот док и да се гради сегментирано трупот со испловување на bulkhead, не се работи само за должината на докот туку и специфичната носивост на тлото. И денес се реткост бродоградилишта кои имаат кранови што може да подигнат сегмент од 5000т. Не сум бил во St Nazaire, но сум бил во бродоградилиштата во Марсеј и на Клајд, иако второто не е ни сенка на она што беше некогаш.

Иако може да го прифати пловилото како габарит, не мора да значи дека може да се издржи вкупната маса која доколку е празен докот, vessel tonnage displacement е сосема поинаков ра разлика кога е на вода истото, ова од искуство, види за несреќата на Oasis of the Seas на Бахамите лани, и тоа во dry dock :vrtioci:

Чисто за споредба, патнички брод од иста тонажа со воен брод има комплетно различен габарит и displacement поради разликите во специфичноста при градбата.
Една купола од Јамато со три топа од 460мм имала истиснина од преку 3000 тони, претпоставувам дека двојно поголемата класа Х-44 би имале куполи со поголема истиснина него кај Јамато.
Германците имаат слично нешто на Ст.Назер кај Вилхелмсхафен кој долго време бил главна база на германски флоти, вклучувајќи WW1 на устието на Јаде/Весер.

Сепак само база и евентуално место каде што би се градело ново бродоградилиште при што во паралелна димензија Х-44 под име Дас Рајх или нешто така би се судрил со британските Лајон или Венгард при замислената решавачка битка. :angel:
Автоматски споено мислење:

Еј а ја да ви дадам една тема за разглабање? Трета светска војна , што би било? )))))))
Досадно е тоа, пар недели борби преку Фулда до Франкфурт, следува тактичка атомска и за некој ден полетуваат ICBM од силоси, смак света. Барем тоа е сценариото со ДДР и СССР. Денес кој би биле контра на Нато?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom