Возачи Vs. Пешачи, каква ни е состојбата?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Целта на темава ми е да продискутираме каква ни е релацијата во овој однос: Возачи и Пешачи.

До пред одредено време возачите беа многу силни. Никој не застануваше на пешачки, сите возеа лудо и не ги почитуваа правата на пешаците во Скопје.

Мое мислење е дека ситуацијата во последниов период е драстично промената. Пешаците се тие што се похрабри и посилни во сообраќајот. Додека, возачите се приморани да ги почитуваат пешаците и нивните права во сообраќајот.

Но, лош е моментот кога пешаците сметаат дека улиците им се модна писта. :)

Кое е вашето мислење?
 
A колку само не сфаќаме дека ние сме тие едните исти. И пешаци и возачи... Некултурата е инфилтрирана у сите пори на нашево општество, па и во сообраќајот.Страшно ме иритира кога пешак поминува на семафори на црвено со песната д ворлд ис мајн и на тие таквите јас со моите 26 години ќе си го дозволам тој луксуз да им дадам еден совет: " Ако чекаш на семафори можеш да задоцниш 5 минути, од друга страна ако брзаш на семафори може да не стигнеш никогаш ". Ај и со памет.
 
Хммм кога возам ме нервираат пешаците, си имаш луѓе што муабет си тепаат на сред пешачки, ме нервираат кога ќе “скокнат“ од зад некој паркиран автомобил, ме нервираат кога одат по патот иако на 1 метар си има тротоар каде што е предвидено да одат....
НО кога сум “пешак“ најмногу ме нервираат таксистите. Сигурен сум дека на минимум 50% од нив треба да им се одземе дозволата. Никогаш не застануваат на пешачки, кога е жолто на семафорот веднаш почнуваат да свират како демек муштеријата ќе им избега...
 
Најголема модна писта е кај градска болница. Таму нема пешачки ама идиотите летаат по 2 ленти ко да го ослободиле Скопје. Крајно сељачки, немам коментар - уште па кога ќе почне да ми довикува, има среќа што не сум сељак и не правам застој во сообраќај за да му истурам вилица.. На пешачки застанувам, дури и аблендирам да поминат зошто ме гледаат ко телиња и се чудат (очигледно станува збор за провинцијалци). А кога сум пешак, си врвам по пешачки во релакс расположење, прибидејќи сум фер спрема сите пешаци, па така очекувам и тие да бидат спрема мене кога јас сум пешак, а тие шофери :icon_mrgr: Лека полека почнуваме да ја учиме таа култура, е сега има пубертетлии еден тон и има пубертетлии од оние со скапи коли што мислат дека им го дожам животот. Ама и за таквите се најде лек, еве ги гледам на секои семафори и пешачки маскирани патролираат колегите, само напред.

Дисклејмер : под пубертетлии секако дека не мислам на децата пубертетлии, туку на неизживеаните говеда и говедарки.
 
Почитувам,и повеќето почитуваат пешачки.

Меѓутоа,пешаците не ги почитуваат возачите.

Ми идат на нерви оние кои што мислат дека монда писта се тие белите линии,па се влечат,после старите кои што гледа попреку додека поминува и те пцуе во себе,после мангупи кои што мислат дека се шерифи,па залетан сам поминува на пешачки и уопште не гледа лево десно туку шиба напред,а 100 коли го чекаат,а пред тоа поминале 20-30 души на луѓе,кои што чекале,а он мангуп,кур го боли.

Значи,муабетот ми е,дека треба да се оправат луѓево,ништо нема да им се деси ако почекаат 2-3 минути да поминат повеќето коли и внимателно да помине,за да имаш време да застанеш,а не,ја пушта ногата,па се враќа,ти кочиш,он стои,ти даваш гас,он трга,па застанува,и тука ти иде да излезеш и да го ставиш под зебрите.

:D
 
У Тетово се плашим да пројдем улица :D
 
Кривицата од една страна е на пешаците а до друга на возачот. Секогаш пешак кога “Храбро“ преминува улица, иди со изговорот, “На пешачки сум нека застани“. Чекај малце, ако случајно не те види, не застани сигурен си дека нема да те лупни? Одат со толкава сигурност што не даваат ниту ЗНАК на возачот дека им прднало на ум да ја преминат улицата. Или пак ќе се влечка,влечка влечка, а си го пропуштил на пешачки.....
Ако преминуваш, нормално е да застани али ако гледаш веќе некој со 100ка зацапал, почекај нека замини, ќе преминиш.

Возачите се па дел од нервозната багра каде секој скоро некогаш брза. Иако е со кола, тој во тие 15 секунди што ќе пушти пешак се нервира оти каснел, што е пардоксално. Обично не пропуштаат пешаци или пак си вика ќе почека друг, јас ќе заминам, и уште мал милион правила што не ги почитуваат.

Према мене оваа дупка лежи во образованието. Во основно не учеа на неколку правила за преминување на улица, али према мене треба дури и како предмет да се воведи да научат кое правило како важи и како се одвива сообраќајната култура. А за возачи, автошколите денеска да си ја сфатат посериозно работата. Денес за да полага човек во автошкола, иди уплаќа пари седнува зад волан директно. Се возат 2 часа дневно во кои цело време инструкторот си брка некои работи однеси нешто таму донеси нешто онде, чат-пат некое објаснување и директно одиш на тестови за кои немаш некоја посебна спрема. Така да, снајди се сам научи се е работата.
 
Јас како пешак секогаш ги пуштам првен колите да преминат макар и да е на пешачки што е сигурно сигурно е. ептен некој ако гледам дека се гледа дека ќе застане тогаш преминувам. Инаку како возач исто така секогаш застанувам на пешачки и им давам предност на пешаците.
 
Во Скопје беше уџум до пред некое време, за да поминеш улица на пешачки ти требаа 15 минути, додека не се освести некој да ти застане.
 
типичен македонец:
- кога е пешак: пу да ти е*ам мајката застани да поминам!
- кога е возач: пу да ти е*ам мајката сега ли најде на пешачки да проаѓаш?!
:)
 
Не не има некој пешаци мислам дека имаат ептен желба да ми рипнат под тркала -.- чоече убрзан ме глеа неможам у место да закочам тој трча ни пешачки има ни ништо ....
 
Не не има некој пешаци мислам дека имаат ептен желба да ми рипнат под тркала -.- чоече убрзан ме глеа неможам у место да закочам тој трча ни пешачки има ни ништо ....

Епа ако го лупнеш и заврши во болница ќе лапне некој денар :D.
Иначе ако нема пешачки слободно гази :icon_mrgr:
 
Епа ако го лупнеш и заврши во болница ќе лапне некој денар :D.
Иначе ако нема пешачки слободно гази :icon_mrgr:
Жал ми е хахахах иначе како би им влегол хахахах ова обично на пластичарска приквечер зборам коа нема гужва лелееј абе мерак имаат да ми рипнат под тркала
 
Коа полагаш за возачка и на мравките треба да им застанеш.
 
Соодветно видео на темава
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom