Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Се што збориш е точно.Само ќе те надополнам со една реченица.Да бевме економски појаки,проблемов немаше да го имаме,односно Грција можеби ќе си се буни пак,само светскиве сили,нема да се замараа околу тоа.
Економијата и политиката се како мозок и срце. Едното без друго не може.
Тоа е и токму поентата на мојот претходен пост. Доколку ние бевме економски развиена држава, немаше да бидеме мала држава која нема моќ. Светски моќните држави се оние држави кои имаат и огромни ресурси на располагање (ако не се пари, алтернативни ресурси, како нафта на пример, Саудиска Арабија и САД имаат многу непремолчени договори што се однесува на оваа тема) и можат тие ресурси да ги користат за носење на политички одлуки во своја полза. Така функционира вистинската дипломатија, а тоа не е онаа дипломатија која ја гледаме на телевизија, со луѓе кои многу зборуваат, а ништо не кажуваат. Вистинската дипломатија е многу конкретна и нема многу зборови во неа, се е однапред познато и кажано.


А истата да е призната од преку 130 држави под името донесено со устав. Страшно.
