Во која македонска фирма би сакале да се вработите

  • Креатор на темата Креатор на темата J0ker_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
lupos najsigurno ti e premier..ke imas benificii..sigurno posle mandatot nema da ostanis bez rabota..neli?
 
Нормално дека кога би барале работа, поголемиот дел сака да аплицира за работа во фирми како Пивара, Мобимак, Телеком, Макстил, Окта и сл на нви да не ги набројувам.
Но, овде сакам да прашам, дали некој е информиран одприлика во врска со платите во овие компании. Од прилика колку се движат ,конкретно за "неаргатскиот" сектор, значи економисти, правници, сметководители и сл. ?
 
Во алкалоид или некоја друга фармација на графички дизајн за пакувањата.... алкалоид ми се идоли скоро се ми се допаѓа од амбалажата :)

алкалоид сигурно има и предобри услови за работа, не се сомневам, кај другите може и да работат само од љубов кон работата ... така да тие ми се бр1 мене.
 
Стопанска банка АД Скопје ќе ја користи владината програма за практиканти
18/02/2014 // Пред 10 часа // ЕКОНОМИЈА // Коментирај

merki-500-500x272.jpg

Стопанска банка АД Скопје се вклучила во една од активните мерки за вработување што ги нуди македонската Влада – Програмата за практиканство со која се предвидува зголемување на вработливоста кај младите невработени лица.

Министерот за труд и социјала Диме Спасов денеска на директна средба со претставници на банката информираше за активните мерки и програми кои што ги имплементираат Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, но и се заблагодари на Банката за одлуката да учествува во една од мерките.

“Програмата за практиканство за која веќе е распишан оглас со кој што ќе се обезбеди поддршка за евидентирани невработени лица до 29 годишна возраст, за истите да се стекнат со одредени практични знаења и вештини. Годинава, со оваа програма се планира да бидат опфатени 319 лица и за таа цел се обезбедени средства во висина од 5.150.000,00 денари”, рече министерот Спасов.

Со Програмата за практиканство се планира да бидат опфатени млади невработени лица до 29 годишна возраст (активни баратели на работа) кои имаат завршено најмалку средно образование, преку нивно вклучување во програми за практиканство за период од три месеци. За спроведување на оваа програма, ќе се исплаќаат по 6.200 денари за лице месечно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom