Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.703
- Поени од реакции
- 8.131
Знаеш ова што си го постирал колку е смешно и глупо?
.... и .... што сака да авторот на постот (клин) да каже?
Бил член на вмро .... голема работа дека е член..... па и во сдсnmk членуваат мал милион битанги и пропалици.
Се сликал со Мицко, големо чудо, кој знае и дали се познаваат, му пришол и му рекој сакам да се сликам со тебе .... и тоа е тоа.... не му пишува на челото дека е педофил
А кога сме веќе кај сликањето... па и лидери на СДСNMK се имаат сликано со секакви битанги и бандити
.... ама .... не ...фотката е крунски доказ, вмро се педофили ... иди бе таму
понатаму ... тој со детската порнографија е дегенерик и треба да се казни
а оној бившиот висок функционер во сдсnmk што уби малолетно девојче и тој се има сликано со кој знае кој, почнувајки од Б.Ц, па се по ред понатаму во сдсnmk ... и сеа што .... со сите што се сликал и тие се убијци...така му доаѓа ова твоето...
ај продолжи си и понатаму со спамирањето ... само ме интересира те плаќаат ли да изиграваш дворска луда или тоа така волонтерски.... или е природно
Џабе тавтологијата, единствена дворска луда си ти тука. Ова се вика шаблон.
(ВИДЕО) Осомничениот убиец во Охрид е истиот кој како лидер на „Христијанско братство“ пред седум години му се закануваше на екс премиерот Заев
Осомничениот за убиството во Охрид, Ж. Гроздановски е истиот тој кој во 2019 година беше уапсен за закани кон тогашниот премиер Зоран Заев, дознава „Фокус“.
Тој се води како лидер на организацијата „Христијанско братство“, а пред речиси седум години преку видео снимка со заканувачка содржина објавена на социјалните мрежи му се заканувал на Заев и на другите членови на владата предводена од СДСМ.
Како што претходно објавивме, Гроздановски е анестезиолошки техничар на КАРИЛ, а до 2010 година работел во тетовската Клиничка болница. Овие информации за „Фокус“ ги потврди и актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, доктор Ерзен Ељези.
Нашите извори тврдат дека Гроздановски имал договор со убиениот да го чува во замена за наследство. Убиениот бил сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак“.
Во полицискиот билтен се наведува дека вчера во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г. (53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од кривичниот законик.
Во СВР Охрид вчера во 8:24 часот било пријавено дека во семејниот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден 76-годишниот охриѓанец К.М.
На местото на настанот извршен бил увид од јавен обвинител и полициски екипи, додека лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Последно уредено:
