Vitamix - ослободете ги хранливите материи од храната

P

Princ

Гостин
Нормално е дека секој ќе помисли дека е маркетинг и реклама, но јас би рекол дека прво убаво треба да прочита и разгледа, и после тоа да донесе одлука.
А како да се разгледа? Ова не е никакво разгледување, ова е типично дај 40.000 денари за да го купиш производот (соковник) па разгледувај го после колку сакаш ти, дур јас разгледувам 40.000 денари.

Давате пробен период?
Да ти пратам преку приватна порака моја адреса, да ми пуштите еден соковник на година-две, па после тоа да ви го платам? Под услов нели, ако во тој период не видам болница, антибиотик + настинка.
Те гледам јако убеден си во ефикасноста на производот, не верувам дека ќе ти смета мојов предлог во таков случај.
 

NutriVita

Hranata kako lek
Член од
8 август 2010
Мислења
23
Поени од реакции
2
Осеќам како тонам во бескраен бунар, сега и едукација ми фалела за да бидам здрав како дрен.
Како и да е, уште колку ќе треба да доплатам за "малата едукација"?
Мене се што ме интересира е: колку пари НУТРИ ВИТА ми бара, за да ми даде документ дека откако ќе почнам да пијам сокче од Vitamix, јас повеќе никогаш нема да сум болен. Ќе заборавам на болници, на антибиотици, на настинки...

Само тоа ме интересира.

Е сега, освен ако не ми продавате лажен производ и се трудите да ме ограбите за 40.000 денари (а тоа се многу јавни куќи - мерак на душа правење). А на форумов нема да дозволам никој да продаде лажен производ :)

Затоа спуштете се на земја.
Имате право, на човек можеш да му земеш со сила, но не можеш ништо да му дадеш со сила.

Затоа мислам дека треба пореално да се гледа на работите, а не од старт да се осудува она што е добро, само затоа што изгледа премногу добро нели?

Нема фајде од лажење, особено не кога се работи за осетлива тема како оваа. Најдобро е да се праша некој кој имал искуство со ова...па потоа да се зборува позитивно или негативно, зависно од тоа дали има многу задоволни или пак незадоволни корисници.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
....за околу 7000-8000 денари има Филипс блендер со стаклен бокал и мрежа за центрифугално цедење (заменува соковник)....

....за мене лично Филпс е Филипс....за Витамикс искрено не сум слушнал...блендерот на Филипс е каде каде поквалитетен од соковникот на Џек Лалејн...а ја врши истата функција (ако не и подобро) од блендерот на Витамикс за неколку кратно пониска цена

П.С.

Доколку не го смените животниот стил....ниту еден соковник...ниту една таблета....ниту една справа нема да ве направи да изгледате како Бред Пит или да бидете тотално здрави

...реклама е само реклама...во една македонска компанија се прави одреден артикл (пластиката се лее во Македонија металните делови се германски). Излезната цена на тој артикл е 100 денари, а препродавачите го продаваат по 200 денари. Една македонска компанија која користи телешоп маркетинг го продава истиот артикл за 890 денари, а го набавува од предходно споменатата компанија за цена помала од 100 денари бидејќи набавува поголема количина...производот е квалитетен и добро си ја врши својата улога....но ако наседнете на рекламата ќе платитите дополнителни 790 денари......

....постарите форумаши сигурно се сеќаваат на Мистер Џирло (помлади прогуглајте малку)....добар пример како добриот маркетинг продава се....
:tapp:
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Кај болните од остеопороза калциумот во крвта е неколку пати испод нормалните вредности, с помосх на Витамикас за само 1 месец го враќате во нормала, со нормални вредности. Мислам дека оние што имаат случаи со остеопороза многу им значи ова. Искуствата со остеопороза се најмногубројни досега, и тоа случаи кои по 3-4 гдини се клукале со апчиња, сега одлично се чувствуваат. Болката исчезнува...животот нормално функционира.

Нормално е дека секој ќе помисли дека е маркетинг и реклама, но јас би рекол дека прво убаво треба да прочита и разгледа, и после тоа да донесе одлука. Вака можеме до недоглед да одиме со дискусииве, не е поентата да се убедуваме, туку да дадеме квалитетна информација и солуција.
Ќе може да ги погледнам клиничките студии за остеопороза каде вашиот миксер дал подобри резултати во однос на обичен миксер?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Стварно ова 40.000, а на другите сајтови го продаваат за 20-25.000.
Сеуште нема одговор како делува на молекуларно ниво, конкретно за остеопорозата...и нешто медицински валидни извештаи и докази за успешно лекување...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Стварно ова 40.000, а на другите сајтови го продаваат за 20-25.000.
Сеуште нема одговор како делува на молекуларно ниво, конкретно за остеопорозата...и нешто медицински валидни извештаи и докази за успешно лекување...
NutriVita......одговор?
 

Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Важно е овошјето што се прави сок да биде здраво, да не е прскано и да не подлежи на хемикалии, овие глупости дека соковникот правел чуда се само глупости и ништо повеќе, сокот од здраво овошје е здрав за организмот, но нај здраво е овошјето да се внесува како исхрана тогаш е многу по здраво одколку да се смеља за сок каде што се губат од него многу здрави растителни влакна кои се од полза кај човекот, право на секој е дали ке си го купи или не, но голема глупост е тоа дека ке бидете сигурно здрави нема да ве факаат заразни болести од типот на грип или нешто слично, и дека со купувањето на овој соковник кој чини огромна сума пари, ќе ви се промени животот. Јас имам соковник кој го купив некаде околу 250е, Philips, и одлично ме служи и задоволен сум, на сите на форумов едно треба да им биде јасно, ОВОШЈЕТО НЕ Е ВАЖНО ВО ШТО СЕ ЦЕДИ ТУКУ ШТО ОД НЕГО ЌЕ СЕ ИСЦЕДИ!, со други зборови кажано важен е квалитетот на овошјето тоа само по себе ке си го повлече квалитетот на исцедокот!
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Мислам дека најубаво е да се конзумираат тие ствари онака како што ни се дадени, организмот е доволно развиен да напрај класификација на потребни материи и да ги доведи на потребното молекуларно ниво.
Иначе овие помошни додатоци сметам дека повеќе прават штета кон стабилноста на хемискиот состав.
Ето на пример... да го земиме вит.Ц, како сензитивна потребна хемикалија, многу голем процент се губи само кога овошјето/зеленчукот се става под нож, затоа дирекно се гризат...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
ОВОШЈЕТО НЕ Е ВАЖНО ВО ШТО СЕ ЦЕДИ ТУКУ ШТО ОД НЕГО ЌЕ СЕ ИСЦЕДИ!, со други зборови кажано важен е квалитетот на овошјето тоа само по себе ке си го повлече квалитетот на исцедокот!
...потполно се согласувам
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.693
Поени од реакции
287
Има некој Витамикс, некое искуство да сподели?

Сеа налетав на нет па глеам тука има дискусија за блендерот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom