Vitamix - ослободете ги хранливите материи од храната

NutriVita

Hranata kako lek
Член од
8 август 2010
Мислења
23
Поени од реакции
2
Vitamix - Совршено здравје

tnc5200_white_straight_fruitvegs_nolayers.jpg

Дали некој има искуство со овој апарат?

Ја кине клеткината структура на растителните клетки кои се обвиткани со целулозна мембрана, и на тој начин ги ослободува сите минерали, витамини и антиоксиданти надвор од клетката. Како такви му се достапни на организмот и ги апсорбира дури 95%. При нормално џвакање на храната апсорбираме само 30-35%.

Познато е дека ако на организмот му ги дадеме сите хранливи материи, тој е способен да се избори против секоја болест.

Во америка и во европа се повеќе се користи како начин да консумираме повеќе свежа храна.
 
T

Tetro

Гостин
При нормално џвакање на храната апсорбираме само 30-35%.
Познато е дека ако на организмот му ги дадеме сите хранливи материи, тој е способен да се избори против секоја болест.
Ова може некој да го објасни, било како, некако.
И ова блендерчево колку кошта и кај може да се најде?
Ако е со разумна цена, и е толку добро за користење, ќе го имаме :)

Едит: Амазон вика 400$, дали вреди за толку?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Искрено ме нервираат овие апарати кој најчесто ги рекламираат 90 годишни витални старци или 60 годишни тетки кој би ги трампал за 20 годишна како бла бла бла изгледале витални и секси зошто го користеле поуер џусер или некој сличен апарат, а производов излезен во продажба 2010.
Обичен соковник од Микрон ја врши истата функција и чини 20 пати помалку
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Као рекламите на Чак Норис, со две сајли ќе постигнеш бицепси, стомачни, ножни...Шванцигер. За после пола година да "измислат" нешто "поефикасно".

Ако веќе некому треба блендер за 7-7500 се купува Powerjuicer 3-4 пати поефтино, а ефикасно. Којзнае дали некоја официјална институција (не-комерцијално испитување) ја има измерено ефикасноста...и мене ме интересира појаснување за ова со 95 и 35%

Обичен соковник од Микрон ја врши истата функција и чини 20 пати помалку
точно, ама на него пишува микрон кое не е така звучно као vitamix
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Прегледај го приврзокот 34560
Ја кине клеткината структура на растителните клетки кои се обвиткани со целулозна мембрана, и на тој начин ги ослободува сите минерали, витамини и антиоксиданти надвор од клетката.
WTF.Звучи заебано...
Една логика-во големите општества како САД има поголема потрошувачка за зеленчук на пример,со тоа и поголемо производство.На огромни количини "марула" нормално е да изгуби на витамини и минерали со оглед на процесот од набилдано растење на растението.Од друга страна преевтината брза храна не дава никакви позитивни резултати(сигурно не и минерали или хранливи состојки).Зборот ми е,Американците како попростичок народ многу паѓаат на агресивен Маркетинг како топ шоп и сл.,и сите купуваат со надеж дека ке им се управи животот или здравјето.Ние барем уште имаме здрава храна-thank's God.
 
NutriVita

Hranata kako lek
Член од
8 август 2010
Мислења
23
Поени од реакции
2
Vitamix се поризведува во Америка веќе 85 години, како таков покажал одлични резултати кај луѓето што го користеле.

Овој уред има гаранција од 7 ГОДИНИ, а беспрекорно функционира и по 20 години, ова е некоја статистика од досегашните корисници. Значи Витамикс е апарат на кој треба да се гледа како животна инвестиција за целото семејство.

Околу апсорбцијата сакаме да појасниме, значи секоја растителна клетка е обвиткана со целулозна мембрана, а заради тоа што човекот не може да ја разложува целулозата не може ни да ги искористи хранливите материи кои се наоѓаат внатре во растителните клетки. Затоа така заклучени ние не можеме да ги апсорбираме сите хранливи материи, туку само 30-35% од нив.

Откако ќе се раскине клеткината структура, сите хранливи материи се ослободуваат надвор од клетката, и како такви нашиот организам ги апсорбиба без проблем, и тоа дури 95%. Сите знаеме дека организмот е многу способен да се оттараси од сите болести, но само доколку му го овозможиме тоа. Така да со помош на сите тие хранливи материи кои Витамикс ги ослободува од растителните клетки, организмот го добива сето она што му е потребно за да функционира перфектно.

Околу тоа дали и колку вреди, мислам дека е јасно бидејќи ниедна копанија не може лаги да продава 85 години, нели? Инаку за Витамиџ има клинички студии и испитувања околу користењето храна преработена со Витамикс блендерот (кој има 3 коњски сили и има околу 8кг тежина). Значи Power Juicer е играчка во однос на Vitamix. Можете да приметите дека во Америка нема ни трага ни глас од Power Juicer, а Витамикс е производ за кој со факти се потврдува неговата ефикасност.

Има многу задоволни корисници кои дури напишале и книги како со помош на Витамикс си го спасиле животот од најстрашни болести. Едноставно треба да се види како изгледа и да се проба еден густи сок направен со Витамикс за да се оцени неговата способност.

Веќе секојдневно се зголемува бројот на задоволни корисници кои се ослободиле од Остеопороза, Ревматоиден артритис, Тумори....и многу други "неизлечиви" заболувања за медицината.

Поздрав,
 
и колку го продавате? на рати може? со чекови?
 
NutriVita

Hranata kako lek
Член од
8 август 2010
Мислења
23
Поени од реакции
2
Ова може некој да го објасни, било како, некако.
И ова блендерчево колку кошта и кај може да се најде?
Ако е со разумна цена, и е толку добро за користење, ќе го имаме :)

Едит: Амазон вика 400$, дали вреди за толку?
Го има опишано на www.vitamix.mk а цената му е 39.900 денари, доаѓа со 7 години гаранција. :nesvest:

Тука со цената треба да се праша државата зошто има толку високи царини за вакви апарати, но тоа е тоа...ако ја скинат царината, ќе се симне и цената да стане поприфатлива. Но нели, здравјето нема цена...

Значи ова не е апарат кој се купува туку така, туку претставува животна инвестиција за здравјето на целото семејство. Едноставно ова е еден вид гаранција против секоја болест.
Користењето на Витамикс значи заборавање на болниците, антибиотиците, настинките .....бидејќи користењето на Витамикс значи дека организмот функционира беспрекорно.

--- надополнето ---

Sekako na rati moze do 36 rati so stopanska banka, mislam deka nekade okolu 1300 denari mesecno e ratata...

E sega ako zememe vo predvid deka nema da kupuvate gazirani sokovi i tetrapak sokovi ako go imate Vitamix, mislam deka se isplati samo od toa sto kje se zashtedi po toj osnov.

Od 1kg ovosje iskaca 2 litri sok, bidejki se dodava i eden litar voda, a sepak sokot e gust bidejki pulpata ne se frla...
 
T

Tetro

Гостин
Тука со цената треба да се праша државата зошто има толку високи царини за вакви апарати, но тоа е тоа...ако ја скинат царината, ќе се симне и цената да стане поприфатлива. Но нели, здравјето нема цена...
тука те начекав, нели?
колку пати прашуваш додека да убедиш некој да ти го купи производот кој го продаваш?

Кантааааа
 
NutriVita

Hranata kako lek
Член од
8 август 2010
Мислења
23
Поени од реакции
2
Одлуката секој сам си ја донесува, така да нема убедување, не е ва 50 денари за чококолада па да станива збор за убедување...

Мислам дека нема простор за убедување, туку само за информација...Информацијата е најбитна работа...После тоа се е ствар на лична одлука...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
Околу тоа дали и колку вреди, мислам дека е јасно бидејќи ниедна копанија не може лаги да продава 85 години
веќе 85 години се продава? Интересно.

Значи Power Juicer е играчка во однос на Vitamix. Можете да приметите дека во Америка нема ни трага ни глас од Power Juicer, а Витамикс е производ за кој со факти се потврдува неговата ефикасност.
Затоа се најверојатно американците толку дебели у просек, јадат здрава храна.

Мада...можеби на организмот му се потребни токму толкав %, а не 95% Дали постојат медицински податоци, факти и показатели...Енивеј, кој сака да експериментира со вакви ствари за 20.000, нека проба, негова работа.

Веќе секојдневно се зголемува бројот на задоволни корисници кои се ослободиле од Остеопороза, Ревматоиден артритис, Тумори....и многу други "неизлечиви" заболувања за медицината.
само немојте со вакви реклами...продавам универзална маст за мајасил, реума, остеопороза, чир, косопас, хемороиди, акни....се јавуваат обратни ефекти.
Барем за болестите
Остеопороза, Ревматоиден артритис, Тумори....и многу други "неизлечиви" заболувања за медицината.
тешка работа.

Но, ајде можеби и не е...на пример како 95% екстракт ќе влијае на лекувањето од остеопорозата? Дали може да ни објасниш за оваа болест како пример за ефикасност?
 
P

Princ

Гостин
Закон, сакам да го купам производов. Водам многу нездрав живот, и се што мислам дека ми треба за да ги излече моите рани е Vitamix. Ќе го купам обавезно.
Само пред да го направам тоа би сакал црно на бело, со потпис и печат заверен на нотар документ дека откако ќе почнам да го користам Vitamix, тоа за мене ќе значи
заборавање на болниците, антибиотиците, настинките ....
Не за друго, туку би плеснал 40.000 да ве отерам под стечај со тоа моите лекарски сметки.

Договорено, да ве посетам деновиве со мојот личен адвокат?
Ова е подобро и од здравствено осигурување. Плаќам по 7.000 денари месечно и пак сум болен. Вака еднаш плаќам 40.000 и стап веќе што ќе видам болница, антибиотици, настинки...
 
NutriVita

Hranata kako lek
Член од
8 август 2010
Мислења
23
Поени од реакции
2
Закон, сакам да го купам производов. Водам многу нездрав живот, и се што мислам дека ми треба за да ги излече моите рани е Vitamix. Ќе го купам обавезно.
Само пред да го направам тоа би сакал црно на бело, со потпис и печат заверен на нотар документ дека откако ќе почнам да го користам Vitamix, тоа за мене ќе значи

Не за друго, туку би плеснал 40.000 да ве отерам под стечај со тоа моите лекарски сметки.

Договорено, да ве посетам деновиве со мојот личен адвокат?
Ова е подобро и од здравствено осигурување. Плаќам по 7.000 денари месечно и пак сум болен. Вака еднаш плаќам 40.000 и стап веќе што ќе видам болница, антибиотици, настинки...
Мислам дека е доволно да се погледне статистиката, реално што се добива од осигурањето, а што од квалитетниот начин на исхрана...После тоа сами одлучувате...
Потребна е мала едукација околу нутриционизмот кој завзема се поголем замав...за тоа како може храната да ни биде лек.
 
P

Princ

Гостин
Осеќам како тонам во бескраен бунар, сега и едукација ми фалела за да бидам здрав како дрен.
Како и да е, уште колку ќе треба да доплатам за "малата едукација"?
Мене се што ме интересира е: колку пари НУТРИ ВИТА ми бара, за да ми даде документ дека откако ќе почнам да пијам сокче од Vitamix, јас повеќе никогаш нема да сум болен. Ќе заборавам на болници, на антибиотици, на настинки...

Само тоа ме интересира.

Е сега, освен ако не ми продавате лажен производ и се трудите да ме ограбите за 40.000 денари (а тоа се многу јавни куќи - мерак на душа правење). А на форумов нема да дозволам никој да продаде лажен производ :)

Затоа спуштете се на земја.
 
NutriVita

Hranata kako lek
Член од
8 август 2010
Мислења
23
Поени од реакции
2
веќе 85 години се продава? Интересно.

Но, ајде можеби и не е...на пример како 95% екстракт ќе влијае на лекувањето од остеопорозата? Дали може да ни објасниш за оваа болест како пример за ефикасност?
Кај болните од остеопороза калциумот во крвта е неколку пати испод нормалните вредности, с помосх на Витамикас за само 1 месец го враќате во нормала, со нормални вредности. Мислам дека оние што имаат случаи со остеопороза многу им значи ова. Искуствата со остеопороза се најмногубројни досега, и тоа случаи кои по 3-4 гдини се клукале со апчиња, сега одлично се чувствуваат. Болката исчезнува...животот нормално функционира.

Нормално е дека секој ќе помисли дека е маркетинг и реклама, но јас би рекол дека прво убаво треба да прочита и разгледа, и после тоа да донесе одлука. Вака можеме до недоглед да одиме со дискусииве, не е поентата да се убедуваме, туку да дадеме квалитетна информација и солуција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom