Vip TV Lite (ONE BoomTV) безжична DVB-T телевизија - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми

Дискусија во форумот 'Телевизии и емисии' започната од bballfan, 4 септември 2009.

  1. bballfan

    bballfan

    Член од:
    30 јули 2007
    Мислења:
    1.391
    Допаѓања:
    86
    Пуштен сигналот на новата безжична дигитална телевизија
    Известување за јавноста,
    Скопје, 4. септември 2009

    Оваа есен 95% од домаќинствата во Република Македонија ќе бидат во можност да уживаат во програмски пакет со супериорна дигитална слика и звук, преведени странски програми на македонски јазик, електронски програмски водич за 7 дена однапред, можност за снимање и премотување, како и видеотека со најнови филмски наслови и интерактивни сервиси. Со ова, Македонија станува една од првите европски земји кои го започнуваат процесот на дигитализација на тв етерот.

    Во наредните недели, 500 македонски домаќинства ќе имаат можност бесплатно да го пробаат новиот тв сервис.

    Ќе бидат понудени голем број домашни и странски канали од најпопуларните жанрови меѓу македонските гледачи; спорт, филм, музика, детска, документарна и образовна програма и канали за возрасни со посебна заштита за децата. Пакетот ќе содржи и тв програма со висока резолуција.

    Добар дел од најдобрите светски канали ќе бидат ексклузивно достапни само на безжичната дигитална телевизија.

    Најголема новина е локализацијата на македонски јазик, што значи дека странските канали се титлуваат или синхронизираат на официјалниот јазик во РМ , онака како што е пропишано во домашните закони.

    Во компанијата изразуваат големо задоволство од фактот што по неколку месечни преговори со најголемите светски тв куќи, тие се согласиле по прв пат да го вметнат македонскиот јазик како рамноправен на останатите светски јазици на кои се емитуваат нивните програми. Во најскоро време, ќе биде понуден и превод на албански јазик.

    Сопствениците на правата на странските програми се крајно задоволни што во РМ нашле сериозен партнер со чија помош конечно ќе се среди повеќегодишниот хаос во дистрибуцијата на тв канали, што подразбира целосно почитување на авторските права и справување со изворите на бесправното емитување туѓа програма.

    Најголемите светски тв куќи во соработка со нивниот долгогодишен партнер Телеком Словеније се цврсто решени со сите правни средства целосно да ја заштитат сопствената програма од понатамошна дива злоупотреба како и на своите инвестиции во РМ во вредност од над 250 милиони евра да им обезбедат јасна правна околина и услови за фер и лојален натпревар на пазарот.

    Проектот се финализира со постојана добра соработка со сите надлежни институции, особено со Советот за Радиодифузија и Агенцијата за Електронски комуникации, која е известена за сите технички потешкотии и начини за нивно надминување.

    Инвестицијата во безжичната дигитална телевизија за Република Македонија е во целост финансиски обезбедена и Телеком Словенија е сигурен дека на македонските домаќинства од оваа есен ќе им овозможи да следат ТВ програми по сите најнови светски стандарди.

    http://biz.on.net.mk/pres-centar/pushten-signalot-na-novata-bezzichna-digitalna-televizija.html
    ________________________

    Двете компании кои од пред кратко време ги здружија силите Космофон и Он.нет најавуваат дека наскоро ќе почнат со услугата дигитална телевизија. Велат дека услугата веќе ја тестираат 500-тини нивни редовни корисници.

    “Македонија ќе биде меѓу првите земји во Европа кои ќе имаат целосна покриеност од 95 отсто од семејствата со дигитална телевизија. Сигналот на секаде е идентичен и нема да има губење. Почнуваме за неколку недели“, најави директорот на Он нет, Предраг Чемерагиќ.

    Чемерагиќ вели дека опремата веќе е набавена и ќе нема одложувањ на стартот. Додава дека имаат преддоговори со 19 телевизиски и продуцентски куќи од кои ќе купат 60 ексклузивни канали, за кои како што вели тој, целосно имаат обезбедено авторски права.

    Запрашан дали имаат потпишано договори за пренос на програмите на македонските национални телевизии, Чемерагиќ објасни дека тие со закон се обврзани да ги пренесуваат на програмите на петте национални телевизии.

    “Нема потреба од потпишување договор, единствено има проблем со А1, каде е инсталирана опремата, а договорот треба да биде потпишан деновиве“, одговори Чемерагиќ.

    Вели една од новостите е тоа што речиси сите странски најгледани канали ќе бидат и со македонски превод, а во текот на следаната година ќе се обезбеди превод и на албански јазик.

    Од компанијата велат дека било доста тешко да се оствари целиот проект како поради недовербата на имателите на авторски права и продуценските куќи кон македонскиот медиумиски пазар.

    “Сопствениците на правата на странските програми се крајно задоволни што во РМ нашле сериозен партнер со чија помош конечно ќе се среди повеќегодишниот хаос во дистрибуцијата на тв канали, што подразбира целосно почитување на авторските права и справување со изворите на бесправното емитување туѓа програма“, вели Чемарагиќ.

    Дополнителни проблеми им направила и глобалната економска криза.

    http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=61304&kategorija=2
     
  2. Lincoln Burrows

    Lincoln Burrows

    Член од:
    16 август 2008
    Мислења:
    3.293
    Допаѓања:
    637
    Дали ќе биде како што се збореше летово, рисиверите и македонските канали ќе бидат бесплатни, а пакетот за странски канали ќе се наплаќа по 500 денари?

    Како и да е, браво за Телеком Словенија.
     
  3. bballfan

    bballfan

    Член од:
    30 јули 2007
    Мислења:
    1.391
    Допаѓања:
    86
    Па ете и ја тоа барав да видам да не пишува негде,али сеа за сеа ништо..
    Иначе штом е пуштен сигналот,дали има некој што со вграден дигитален тјунер фака некој канал ?? И каков е квалитет нормално ? :)

    Она што е доброто во сето ова е тоа дека од старт ке има и 2 HD Канали :vozbud:
     
  4. Lincoln Burrows

    Lincoln Burrows

    Член од:
    16 август 2008
    Мислења:
    3.293
    Допаѓања:
    637
    Македонски? Јас колку што знам само Алфа е спремна за тоа кај нас. :toe:
     
  5. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    809
    Се курчеа дека сите канали ќе ги пренесувале во ХД формат.

    Како и да е, поскапо е од сателитска со дримбокс, ама попрактично.
     
  6. bballfan

    bballfan

    Член од:
    30 јули 2007
    Мислења:
    1.391
    Допаѓања:
    86
    И ја истото го знам..дека само Алфа била спремна за тоа.


    Па добро ОН НЕТ е тоа ,мора да се курчат како и увек :D

    А за сите да ги пренесуваат во ХД незнам дали е технички можно,дали може толкав капацитет да се пренесе ..
    Мада и самото тоа што ке се дигитални ке биде добро
     
  7. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    809
    И така се тресеше гората а се роди глувче...

    http://www.time.mk/read/1eac65560e/60217af0f7/index.html

    И значи? Пепи да се изјасни!

    Програма има или нема?
    Ако има, што има? Нема за ниту една телевизија поднесено барање за емитување....Ако пак зрачи, како да се гледа??

    Ебате несериозните...ем се курчат, ем ништо не направиле и ај отпоново тендерот
     
  8. faraon

    faraon БОГ

    Член од:
    31 јануари 2007
    Мислења:
    17.224
    Допаѓања:
    20.229
    Ако пуштат арно ќе има конкуренција..Само требало да наведаат кој канали..
     
  9. арсеналмартин24

    арсеналмартин24 Get well soon, Aaron

    Член од:
    8 октомври 2008
    Мислења:
    1.685
    Допаѓања:
    20
    Значи ова ќе биде нешто слично на Макс ТВ, само што ќе се користи различна технологија на пренос.

    Сега гледам направиле македонски AXN, можеби тој ќе биде дел од оваа понуда.
     
  10. ^X^

    ^X^

    Член од:
    22 декември 2007
    Мислења:
    1.457
    Допаѓања:
    373
    Во моментот се тестира и наскоро можеби и ќе има за сите заинтересирани...
    Можеби... Изгледа имаат противници. Ќе бидат засегнати нечии интереси. За среќа иницијативата за прогласување на тендерската постапка, со која Телеком Словенија беше избран да емитува дигитална телевизија за незаконска, падна пред Уставниот Суд.

    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113560
     
  11. D_NazGUL

    D_NazGUL Гостин

    Несериозност

    Абре еднашка у државава некој да обеќа нешто и да го исполни на време, барем еднаш и да се порадуваме ко бебиња после онаа работа.
    Едно време Т-Хоме предничеа во несериозноста али по се изгледа Пепи решил приматот да им го одземе како на нив така и на сите и гордо да се закити со наградата НЕСЕРИОЗНОСТ 2009-та! :tapp:
     
  12. ^X^

    ^X^

    Член од:
    22 декември 2007
    Мислења:
    1.457
    Допаѓања:
    373
    Не е толку страшно ако има мало каснење ...
    Проблем е што се јавуваат многу кочничари... Советот за радиодифузија, приватните медиуми....
    Не сакаат медиумите да бидат зависни во преносот на нивните сигнали од оператори. Да не зборуваме и за збогатување на понудата со атрактивни странски канали.
    И сега ќе минираат на најразлични начини.
     
  13. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    9.817
    Допаѓања:
    4.265
    абе ова ќе почне или ќе не заебаваат овие :nerv:
     
  14. ^X^

    ^X^

    Член од:
    22 декември 2007
    Мислења:
    1.457
    Допаѓања:
    373
    Утре ќе решат дали да ја одземат лиценцата на Телеком Словенија. Ако не ја одземат ќе биде. Ако ја одземат, ништо од Дигитална ТВ.

    http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113706

    А1 Телевизија веќе најави дека ќе бара кривична одговорност од сите инволвирани ако не се поништи незаконската постапка.
     
  15. MARCELLO

    MARCELLO Модератор

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    9.817
    Допаѓања:
    4.265
    АБЕ нека се ностат у пм стварно само не лажат :vozbud:
    ке си ставам макс тв ич не му се секирам а за HD сигурно кај и да е ќе стават и макс тв тоа еднаш мора да се деси
     

Сподели преку: