A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.737
Поени од реакции
1.163
Е сега сигурно се префрлам на Телеком. Ако ништо друго барем ЛШ ќе гледам.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
FLN и Travel channel ќе бидат заменети со Luxe TV и Travel XP.
DIsney каналот ќе биде заменет со Vavoom и Duck TV... Додуша нели овие два канали веќе ги има?
IDJ каналот го немаше ли досега?
Food Network исто ќе го укинат, бидејќи е дел од групација за со FLN и Travel, кои неодамна станаа дел и од Discovery.
И да, ќе вовеле, верувале или не, радио канали... :)

Сума сумарум, катастрофален потег бидејќи FLN и Travel се едни од најледаните во земјава, а воедно и беа локализирани т.е. преведени на македонски јазик.

Е сега ако некогаш во далечната иднина им текна на Вип т.е. наскоро А1, да ги вратат Discovery каналите, најверојатно и овие ќе бидат вратени.

https://www.vip.mk/media-centar/izvestuvanja/-/notfs/read/3115991
IDJ никогаш досега не го имало во телевизиската понуда ниту на поранешен Кејблтел/Близо, ниту на денешен Вип ТВ, Vavoom не верувам дека го имало во телевизиската понуда на Кејблтел/Близо/Вип ТВ, но за Duck TV знам дека го имаше порано, па го отстранија, па сега повторно ќе го враќаат.

И да, Food Network, Fine Living Network - FLN и Travel Channel се` во сопственост на Discovery Networks, чии што канали беа исклучени од страна на Вип ТВ и од страна на Македонски Телеком на почетокот на јануари 2018, бидејќи не успеаа да договорат пониски цени за авторските права за емитување и/или ре-емитување на телевизиските содржини од тие ТВ канали.

Ни Телеком А1, ни ништо нема да ги спаси од намалување на бројот на корисници на нивната дигитална телевизија доколку продолжат со ваквите идиотизми.

Патем, кај тебе во Чаир - реон Чаир, а не само општина Чаир - се прават или ќе се прават некакви копања и пуштања на оптички кабли со цел проширување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, која и онака е` веќе достапна низ Топанско Поле и Скопје Север заклучно со булевар Босна и Херцеговина, како и низ Визбегово.

За жал, оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком не е достапна источно од улица Кемал Сејфула, односно од страната на стадионот и бензинската пумпа на Макпетрол, а не е достапна и во други делови од Чаир.

Но има или ќе има некакви копања и пуштања на оптички кабли накај Македонија Лек, па не би било лошо да поминеш до поштата во Чаир наспроти стадионот и да прашаш дали е достапна или дали ќе биде достапна оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком на твојата улица во блиска иднина. Не за нешто друго, туку бидејќи преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком ќе можеш слободно да се префрлиш и на Неотел, односно нема да мораш да бидеш корисник на Македонски Телеком.

Ова ми се неофицијални, односно непотврдени податоци од соработници на Ериксон, но ништо нема да те чини да отидеш до поштата во Чаир и да прашаш за понатамошниот развој на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком низ реон Чаир.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306

IDJ знам дека ја немаше, нов е скоро каналот, иначе Vavoom го помешав со Picaboo што го имаат сега. Моја грешка.

Секако, не го спасува ништо ако продолжат со вакви промени во програмските шеми.

За оптиката на Телеком, на мојата улица во Топанско поле (Никола Малешевски конкретно) има оптика уште пред некоја година.
Но џабе е се' бидејќи договорот е на име на моите, во пакет со мобилни и сите на различни датуми... Обновиле фиксни услуги и два мобилни броја иако им викав да се оди месец за месец и сето тоа подоцна да се мигрира, но тоа е, не можам ништо да издејствувам веќе...
Беа залажани со дигитална интерактивна телевизија и два телефона: Nokia 6 и Huawei Y5 2018.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Не сум на Vip но супер потег за заменава на Travel channel бидејќи тој канал само името е Travel содржината одамна нема врска со патувања. И FLN не е нешто подобра но колку толку се држи содржински.
Travel channel и FLN сеуште се во понуда на Telekom МaxTV до кога ќе видиме.

Vavoom го има на Telekom MaxTV и навечер си има American Got Talent со превод опционално да се вклучи српски, а овој IDJ TV го нема нити пак би сакал да го има, но и да го има нема да сум изненаден нити разочаран.
 
Последно уредено:

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836
Член од
12 јуни 2017
Мислења
379
Поени од реакции
245
Ги ставија ли новите канали и радиата ?Фрекфенција кажете која е ако се ставени.
 
Ф

Флеш

Гостин
Ги ставија ли новите канали и радиата ?Фрекфенција кажете која е ако се ставени.
Многу глупо,башка што полошо сега имаат канали,сега надополнуваат празнина со радио Антена 5 и Македонско Радио .... Се пребацувам на Т_Хоум ....:cautious:
 
Член од
21 април 2012
Мислења
51
Поени од реакции
2
Дечки, како сте задоволни од нетот на близу? Јас сум во реон Центар, кај Универзална сала, сакам да ги мењам Телекабел за Близу.
 
Последно уредено:
Член од
29 август 2008
Мислења
5.162
Поени од реакции
3.549
Дечки, како сте задоволни од нетот на близу? Јас сум во реон Центар, кај Универзална сала, сакам да ги мењам Телекабел за Близу.
jas sum na kombo M 50/3 nikogas sum nemal problemi;imav so nat problem, gi trujav na 1234 .5/6 pati i mi smenija dr, ip adresa nema prob. brzinata e taa 99%
baraj vo tvoj reon kako e.....
 
Attachments

Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Дечки, како сте задоволни од нетот на близу? Јас сум во реон Центар, кај Универзална сала, сакам да ги мењам Телекабел за Близу.
Јас го користам комбо м50 и сум задоволен и солидна брзина инаку сум реонот во кисела вода ,а кај вас треба да ги прашаш некои комшии

Sent from my iPhone 8 Plus using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom