A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Како сте задоволни од Vip Combo M?[DOUBLEPOST=1538001643][/DOUBLEPOST]
Го имали некој пакетот VIP Combo Neo 3M,сакам да знам каов им е интернетот и што канали има во самиот пакет?
Го зема пакетот, како си задоволен?
 
Последно уредено:

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
На вести имаше инфо дека комисијата за заштита на конкуренцијата кажала дека не смее телеком да има монопол на натпреварите од лш, ме интересира подетално дали аек може да ги притисне телеком да ги пуштат лш натпреварите и на другите оператори.
Дали некој знае како иде правно тоа?

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.408
Поени од реакции
2.750

Во Хрватска е исто (таму Вип ги има правата), Србија исто (Телеком Србија), кај нас Македонски Телеко, и Црна Гора (Спорт Клуб). Проблемот е што кај нас никој нема купено за ФТА (една утакмица во Среда). Во Хрватска, Србија и ЦГ радиодифузерите ги имаат правата за ова, кај нас нема никој. Почнуваме да се бинуме но не знаеме што точно сакаме. Еве и да биде притиснат Телеком да понуди и на други, ќе биде цената прифатлива за некоја наш ТВ? Незнам, чисто се сомневам.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539

Лига на Шампиони е` приватен производ, а единствен телевизиски оператор во Македонија со авторски права за емитување и ре-емитување на директен и/или репризен телевизиски пренос на натпреварите од Лига на Шампиони е` Македонски Телеком - не бидејќи на нив така им се посреќило, туку бидејќи тие понудиле највисока цена за авторските права.

Но доколку од Комисијата за заштита на конкуренцијата одлучиле дека Македонски Телеком не смее да има монопол врз Лига на Шампиони - што самото по себеси е контрадикторно, бидејќи како што веќе спомнав: Лига на Шампиони е` приватен производ, исто како Игра на тронови, Теоријата на големата експлозија/Бубалици, Вовед во анатомија и така натаму - сепак во најлош случај за Македонски Телеком, би биле обврзани да им дозволат на останатите телевизиски оператори да го превземаат телевизискиот сигнал од Македонски Телеком и да го емитуваат/ре-емитуваат преку директен и/или репризен пренос за потребите на нивните корисници, но за одредена цена, која секако Македонски Телеком ќе ја одреди, а најверојатно нема да биде ни малку евтина цената.

КЗК: Телеком се однесува монополски, Лигата на шампиони треба да се пренесува на сите телевизиски оператори

Заклучокот на Комисијата за заштита на конкуренцијата е точен - Македонски Телеком се однесува монополски, но има ексклузивен договор кој му го дозволува ваквиот начин на однесување. Македонски Телеком е` приватна компанија, Лига на Шампиони е` приватен производ, српската компанија со која Македонски Телеком има потпишано ексклузивен договор е` приватна компанија, и сите овие компании имаат право самостојно да одлучуваат со кого ќе тераат бизнис и на кого ќе му ги продаваат своите производи.

Во најлош случај, Македонски Телеком ќе мора да им овозможи телевизиски сигнал за емитување/ре-емитување на директен и/или репризен телевизиски пренос од Лига на Шампиони, но по цена која Македонски Телеком ќе ја одреди, а која сигурно нема да биде ни малку евтина.
 
Све е тоа ок. Но не смее да има монопол. Противзаконски е тоа. Тоа и комисијата го кажа.
Мора да најдат начин, ако не за оваа за наредна година

Не смее да се има монопол за јавни услуги и добра, а Лига на Шампиони не е ниту јавна услуга, ниту потреба на јавноста, туку е` комерцијален производ.

А баш кога сме кај Комисијата за заштита на конкуренцијата, истата потфрли со одобрувањето на спојувањето на Вип и Оне, со што Македонија од триопол, падна на дуопол во мобилниот телекомуникациски сектор, а сето тоа стана реалност по заслуга на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Било кој може да отвори сервис за возила на Мерцедес-Бенз, но само одредени сервиси ќе добијат сертификат од Мерцедес-Бенз со кој се потврдува дека ги исполнуваат стандардите на Мерцедес-Бенз.

Истото важи и за Лига на Шампиони, кој понудил највисока цена - тој добива.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Лига на Шампиони е` приватен производ, а единствен телевизиски оператор во Македонија со авторски права за емитување и ре-емитување на директен и/или репризен телевизиски пренос на натпреварите од Лига на Шампиони е` Македонски Телеком - не бидејќи на нив така им се посреќило, туку бидејќи тие понудиле највисока цена за авторските права.

Но доколку од Комисијата за заштита на конкуренцијата одлучиле дека Македонски Телеком не смее да има монопол врз Лига на Шампиони - што самото по себеси е контрадикторно, бидејќи како што веќе спомнав: Лига на Шампиони е` приватен производ, исто како Игра на тронови, Теоријата на големата експлозија/Бубалици, Вовед во анатомија и така натаму - сепак во најлош случај за Македонски Телеком, би биле обврзани да им дозволат на останатите телевизиски оператори да го превземаат телевизискиот сигнал од Македонски Телеком и да го емитуваат/ре-емитуваат преку директен и/или репризен пренос за потребите на нивните корисници, но за одредена цена, која секако Македонски Телеком ќе ја одреди, а најверојатно нема да биде ни малку евтина цената.

КЗК: Телеком се однесува монополски, Лигата на шампиони треба да се пренесува на сите телевизиски оператори

Заклучокот на Комисијата за заштита на конкуренцијата е точен - Македонски Телеком се однесува монополски, но има ексклузивен договор кој му го дозволува ваквиот начин на однесување. Македонски Телеком е` приватна компанија, Лига на Шампиони е` приватен производ, српската компанија со која Македонски Телеком има потпишано ексклузивен договор е` приватна компанија, и сите овие компании имаат право самостојно да одлучуваат со кого ќе тераат бизнис и на кого ќе му ги продаваат своите производи.

Во најлош случај, Македонски Телеком ќе мора да им овозможи телевизиски сигнал за емитување/ре-емитување на директен и/или репризен телевизиски пренос од Лига на Шампиони, но по цена која Македонски Телеком ќе ја одреди, а која сигурно нема да биде ни малку евтина.
Телеком е приватна фирма точно, но откога го донесоа законот против монопол се дозволи законски да влезат и други приватни мобилни оператори

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Телеком е приватна фирма точно, но откога го донесоа законот против монопол се дозволи законски да влезат и други приватни мобилни оператори

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Е па истото важи и за Лига на Шампиони, Македонски Телеком не е единствената компанија која понудила своја цена за авторските права за емитување/ре-емитување на натпреварите од Лига на Шампиони.

Но сепак Македонски Телеком е` единствената компанија која понудила највисока цена за авторските права за емитување/ре-емитување на натпреварите од Лига на Шампиони и затоа го добиле тој ексклузивен договор со таа српска компанија.
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.839
Е па истото важи и за Лига на Шампиони, Македонски Телеком не е единствената компанија која понудила своја цена за авторските права за емитување/ре-емитување на натпреварите од Лига на Шампиони.

Но сепак Македонски Телеком е` единствената компанија која понудила највисока цена за авторските права за емитување/ре-емитување на натпреварите од Лига на Шампиони и затоа го добиле тој ексклузивен договор со таа српска компанија.
А што да правиме ние сега што не сме на телеком?
Нели е тоа дискриминација?
Пола македонија е дискриминирана.
Нели има закон против дискриминација

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
А што да правиме ние сега што не сме на телеком?
Нели е тоа дискриминација?
Пола македонија е дискриминирана.
Нели има закон против дискриминација

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Секако дека не е фер, ни јас не сум корисник на Македонски Телеком, но ти говорам од легална гледна точка дека ексклузивниот договор кој Македонски Телеком го има со таа српска компанија, им дозволува да ја вршат ваквата дискриминација.

Еве Дојче Телеком во 2018 година стана еден од првите телекомуникациски оператори во Европа кои почнаа да воведуваат 5G мобилен телекомуникациски сигнал. Исто и во Македонија, Македонски Телеком сега во септември 2018 за прв пат тестираше 5G мобилен телекомуникациски сигнал.

И сега ако Македонски Телеком прв воведе 5G мобилен телекомуникациски сигнал во Македонија, а Вип одлучат да молчат и да си дремат со 4G мобилен телекомуникациски сигнал во наредните 2 или повеќе години, дали тоа значи дека Македонски Телеком има монопол на 5G мобилниот телекомуникациски сигнал во Македонија ?

Не, туку значи дека Македонски Телеком прв вовел 5G мобилен телекомуникациски сигнал во Македонија, а ако Вип не сака преку сопствена 5G мобилна телекомуникациска мрежа да нуди 5G мобилен телекомуникациски сигнал, ќе може или да си остане со постоечката 4G мобилна телекомуникациска мрежа, или да нуди 5G мобилен телекомуникациски сигнал преку 5G мобилната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - доколку Вип така одлучи, и во таков случај се разбира, за одредена цена која ќе ја одреди Македонски Телеком.

Еве што вели Комисијата за заштита на конкуренцијата:

" Покрај овој прекршок кој го констатира комисијата и го финишира со решение и со изрекување на санкција, комисијата само ја санкционира фирмата Телеком од причина што така добиените ексклузивни права таа не беше спречена од страна на HD WIN да ги даде на некои други заинтересирани субјекти“, вели Чедо Краљевски - претседател на Комисија за заштита на конкуренцијата ".

Значи продавницата на Македонски Телеком е` отворена, останува на Вип и останатите телевизиски оператори да побараат цена од Македонски Телеком за да ги откупат авторските права за емитување/ре-емитување на директен и/или репризен телевизиски пренос од натпреварите во Лига на Шампиони и/или Лига Европа, па ако се договорат, ете ти Лига на Шампиони и/или Лига Европа и на други телевизиски оператори, а не само на Македонски Телеком.

Но од личното искуство со Вип ТВ, можам да ти потврдам дека дополнителни плаќања за авторски права за Лига на Шампиони и/или Лига Европа е` меѓу последните работи кои ги имаат во план. Вип ТВ ги укина Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите кои нудат многу повеќе и многу побогати ТВ содржини во споредба со Лига на Шампиони и Лига Европа, што говори дека на Вип ТВ профитот им е` на прво место, а инвестициите во подобри и поквалитетни ТВ содржини им е` на последно место.

А на локалните и регионалните телевизиски оператори сигурно им е` уште потешко да му плаќаат на Македонски Телеком за емитување/ре-емитување на директен и/или репризен пренос на натпреварите од Лига на Шампиони/Лига Европа.
 
Последно уредено:
Член од
24 јануари 2015
Мислења
1.740
Поени од реакции
1.166
Кај нас проблемот е што авторските права ги откупи "кабловски оператот" а не телевизија. Да ги откупеше телевизија на нејзе ќе и одеше во прилог да се емитува на сите оператори со што ќе имаше поголема гледаност и поголен профит. Вака на телеком не му треба поголема гледаност туку поголим број претплатници и затоа неверојатно е да се дадат правата и на друг, безразлика на цената.

Во нормални држави "кабловски оператот" не би можел да ги откуши правата, туку би морал да оформи телевизија која би ги купила и која во најлош случај би се емитувала на сите оператори како PPV TV.

Sent from my SM-G930F using Tapatalk
 
Грешиш, во Германија авторските права за Лига на Шампиони ги држат Скај Спорт, Дојче Телеком и Интернет сервисот DAZN - сите овие се комерцијални компании, од кои само Скај Спорт е телевизиска групација, но ниту еден од нивните ТВ канали не е бесплатно достапен на национално ниво.

Во Австрија е иста приказната - авторските права за Лига на Шампиони ги држат Скај Спорт и DAZN.

Во Шпанија, авторските права за Лига на Шампиони ги држи Мовистар Плус - IPTV сервисот на шпанска Телефоника, односно шпанската верзија на македонскиот MaxTV на Македонски Телеком.

Како што веќе спомнав, Лига на Шампиони и Лига Европа се приватни производи, за кои важат истите правила кои важат за сите комерцијални производи. Кој понуди најмногу - негово е`, без разлика со што се занимава.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
@Dexter26 многу си напатен, ги откачи випосаните?

Казната е за Арена како канали, не за ЛШ како производ (лол, која глупост ја тресна).

"Вториот прекршок кој го констатирала Комисијата е тоа што не им дозволува пренос на каналите Арена спорт и на останатите оператори."

Што ти кажувам, имаш на линкот дека се казнети, што повеќе ќе ти објаснува човек.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.408
Поени од реакции
2.750
Све е тоа ок. Но не смее да има монопол. Противзаконски е тоа. Тоа и комисијата го кажа.
Мора да најдат начин, ако не за оваа за наредна година

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Абе да ама како ќе ги казниш еве ако кон тоа одиме? Еве ти си милијардер (приватна фирма) имаш пари се јавуваш на повикот даваш најголема сума и ти ги имаш правата за ЛШ. Што монопол е тука? За жал веќе кај УЕФА така не функционира, нема фиксна цена па кој ја има нека плати и ги има правата, туку кој понуди најмногу. Моќен си и тоа е тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom