abe dexter usti li cekas od vip da gi vratat eurosport i diskaveri kanalite za da se prefrlis na drug operator?
Бреееј, се појавуваш еднаш на секои неколку месеци, а само на мене мислиш
, и тролаш кога и како ќе ти текне.
Како "сите оператори", имаш некоја информација за нив ?
Кои се наредните ТВ канали кои ќе бидат укинати на "сите оператори" ?
Јас веќе ги отпишав випосаните, имам одлична, да не речам прекрасна понуда од Неотел, но моите се надеваат дека наесен ќе има уште подобра понуда.
Но како и да е`, дали летово 2018 или есенва 2018 најмалку ми е важно, со випосаните јас имам расчистено, ги трпев 5 месеци чекајќи да се опаметат, но тие одлучија да глумат лудило. Ако, на здравје нека им е`, ќе ги истрпам уште максимум 5 месеци, па потоа освен 100 денари месечен припејд кредит, ништо друго нема да видат од мене.
Ма да и за тој мобилен телефон од Вип не знам зошто воопшто го одржувам во живот, цел живот го користам мобилниот телефон од Мобимак/Ти-Мобајл/Македонски Телеком, овој вториов мобилен телефон од Вип ми го подарија моите, а сепак воопшто - ама ич - не го користам, тие 100 денари месечен припејд кредит само си дремат и се таложат на припејд сметката со секој поминат месец.
Моите планираат да ги задржат нивните пост-пејд мобилни телефони на Вип, но тоа си е` нивна одлука, јас випосаните веќе ги отпишав, остануваат уште формалностите.
Но сепак ќе биде интересно да видиме колку пати ќе се јават во наредниве 4 или 5 месеци со нови понуди за обврзувачки договори, баш да видиме што ќе понудат, еве на крај од април 2018 ми нудеа цели 50% попуст на Пинк шундовскиот идиотизам за цела година.
Без ЕуроСпорт = на Свети Никад, випосани.
Ќе биде интересно да видиме што друго ќе понудат во наредниве 4 или 5 месеци.