A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
13 октомври 2015
Мислења
37
Поени од реакции
26
Момче, супер што си научил англиски, но одговорот е беспредметен и не соодветствува со она што го кажав. Се обидуваш да ја одбраниш лошата програма на Дискавери со тоа дека таа е на англиски јазик, а тоа и не е баш некој аргумент. Си можел да научиш англиски од многу други канали, но тебе ти се допаѓал Дискавери и си го гледал тој. Во ред е, никој не те нарекува глупав. Особено затоа што ти си го гледал Дискавери за забава и те уверувам дека не си му обрнал толку внимание колку што сум му обрнал јас - затоа што сум морал. Едно е да гледаш епизода во времетраење од 40 минути, друго е да застануваш на секоја секунда и минута и да го толкуваш тоа што сакаат да го кажат, што велиш? :) Така што, сум гледал Дискавери, и тоа многу, со денови, со месеци, со години. И те уверувам дека таа програма, иако можеби навидум забавна, е претежно многу, многу лоша. Се разбира дека не е единствен случај таа телевизија. Ги има на претек, реков и погоре, но чинам Дискавери го почна тој тренд на поп-документаристика и псевдонаука што потоа фатија да го копираат сите. А твојот англиски е супер и баш ми е мило што ти помогнала таа програма да го усвоиш. Сега можеш да се посветиш и на некои емисии во кои има поубав, почист и побогат англиски од оној што си го слушал на дотичните телевизии - и уште повеќе да си го доусовршиш.
Discovery History UK и History 2 (H2) имат добри историски документарци.
 
Член од
29 март 2018
Мислења
8
Поени од реакции
6
Од толку муабети за каналот, заборавив да го прашам она за што дојдов на Кајгана. Упатено е до сите ТВ-ентузијасти. :) Дали постои некаква шанса да се симне снимена програма од ресиверот на Вип? Секако дека не ми треба за пиратерија, туку за лична употреба. Веројатно одговорот ќе биде негативен, но ако некој знае и го сподели трикот со мене, ќе му/ѝ бидам ееептен благодарен!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.451

Потпис !!!

Ама ниту еден телевизиски оператор во Македонија не ги емитува.

Одговорот ти е негативен, освен ако купиш телевизиска картичка за компјутер, односно ТВ тјунер со влезна HDMI порта и/или со влезна аудио и видео порта, па да го поврзеш кабелскиот рисивер со компјутерот и така на компјутерот да ја преснимиш снимената телевизиска содржина од кабелскиот рисивер.

Ова е тоа што отприлика ти треба, но како што можеш да видиш, премногу евтино решение е`, а техничките спецификации објаснуваат зошто - резолуцијата е тапа, може да снима видео записи во висока High Definition (HD) резолуција, но сликата и звукот ќе изгубат масовно од квалитетот.

http://www.anhoch.com/product/36153/capture-card-usb-videograbber-uvg002

Така да, изводливо е да ги преснимиш на компјутерот снимените телевизиски содржини од кабелскиот рисивер, но ако сакаш да ја задржиш оригиналната HD слика, ќе мораш да побараш поскап ТВ тјунер со влезна HDMI порта, а таков тешко дека ќе најдеш во Македонија - ретко кој ги увезува и продава бидејќи ретко кој е заинтересиран за да даде толку пари за нешто такво, бидејќи благодарејќи на Интернетот речиси сите мислат дека се` што денес го има на Интернет ќе го има и наредните 1000 години - се` додека не престане да постои Интернет страницата или се` додека не изгори серверот кој ги чувал тие податоци.
 
Последно уредено:

Фала ти. Претпоставував дека не може. Инаку, ја имам оваа ТВ-картичка и имаш право, за никаде е. Денеска се обидував да поврзам телевизор во кој има ЦА-модул и компјутер со помош на картичкава. Се појави сликата, каква-таква, но не и титлот, а тоа и ми беше целта. Баш утре ќе пробам и со ресиверот да уловам некаква слика. Што си беше лесно порано - палиш ВХС, некоја „пансеоник“ од пазар и гајле немаш. :) Новиве телевизори се со триста заштити. Пример, од Ел-џи можам да снимам на ХДД, но тоа со ништо на светов не може да се декодира и претвори во обичен формат...
 
Тоа е така бидејќи преводот е дигитален, односно не е залепен за самиот видео запис.

Кабелскиот рисивер може да даде подобри резултати во однос на сликата, а речиси 100% сум сигурен дека ќе го дава и преводот.

Инаку, ако имаш VHS рекордер и видео ленти - јас сеуште ги чувам :D - можеш на VHS рекордерот да ги преснимиш снимените телевизиски содржини од кабелскиот рисивер и потоа да ги преснимиш на компјутер - е тука прашањето е на квалитетот на видео лентата и на телевизиската картичка на компјутерот. Видео лентата мора да биде чиста и неоштетена за да се сними што е можно почиста слика од кабелскиот рисивер, а телевизиската картичка мора да поддржува висока резолуција - минимум HD 1280 x 720, за да даде добра слика на компјутерот.

Бетамакс и ВХС се` едни од најголемите видео изуми на 20-от век - целосно аналогни и тоа е убавината кај нив, нема никакви дигитални заштити и блокади, но не ги отстранија од производство поради застареност - бидејќи и до денешен ден не се застарени - туку за да направат простор за оптичките дискови DVD/BluRay, на кои мора да им се признае дека даваат милијарда и кусур пати подобра слика и подобар звук од видео лентите, и се разбира, можат да чуваат многу повеќе часови аудио и видео записи во споредба со видео лентите. Но истовремено, за разлика од видео лентите, оптичките дискови можат да бидат дигитално заштитени за да не можат да бидат копирани.

Се разбира дека речиси секогаш брзо се наоѓа решение за отстранување на дигиталната заштита, но барем нудат некаква заштита за телевизиските/филмските/музичките/софтверските компании, додека видео лентите не нудат никаква заштита.

Всушност, постојат и дигитални аудио и видео касети кои можат да снимаат десетици часови аудио и видео содржини, а ќе работат без никакви проблеми и со Бетамакс и ВХС рекордерите од пред 40 години, ама телевизиските, филмските и музичките компании не сакаат таква информација да дојде до љубителите на снимените домашни содржини, бидејќи се` што не е дигитално не е добредојдено од нивна страна.

Инаку, Сони експериментира со зачувување на дигитални податоци на видео ленти и открија дека старите видео ленти можат да имаат иднина во 21-от век, што го потврдува тоа што го спомнав погоре - дека видео лентите до денешен ден не се застарени.

Но додека Сони експериментира со видео лентите, алтернативно решение ти е` поскапа телевизиска картичка, еве овој конкретен продавач на Амазон го продава тоа што одлично ќе ти заврши работа, но затоа заедно со испораката во Македонија ќе те чини околу 181 американски долар, кои ни јас не би ги дал освен ако останам без Интернет, па да морам да снимам од телевизија се` што сакам и друг пат да го гледам на компјутер.

https://www.amazon.com/AVerMedia-Definition-Composite-Component-C027/dp/B002SQE1O0/ref=sr_1_4?m=A4UCFL9LU89NR&s=merchant-items&ie=UTF8&qid=1522365595&sr=1-4&refinements=p_4:AVerMedia

Но важно во овој случај е дека мораш да имаш работен компјутер, односно компјутер со куќиште - или desktop, како што ги нарекуваат, што во превод значи работен компјутер - бидејќи ваква телевизиска картичка нема да можеш да ја поврзиш со лаптоп.

За волја на вистината, постојат и надворешни PCI порти кои можат да се поврзат со лаптоп преку USB кабел, но тоа е посебна приказна, да не навлегувам во детали.
 
Последно уредено:

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Момче, супер што си научил англиски, но одговорот е беспредметен и не соодветствува со она што го кажав. Се обидуваш да ја одбраниш лошата програма на Дискавери со тоа дека таа е на англиски јазик, а тоа и не е баш некој аргумент. Си можел да научиш англиски од многу други канали, но тебе ти се допаѓал Дискавери и си го гледал тој. Во ред е, никој не те нарекува глупав. Особено затоа што ти си го гледал Дискавери за забава и те уверувам дека не си му обрнал толку внимание колку што сум му обрнал јас - затоа што сум морал. Едно е да гледаш епизода во времетраење од 40 минути, друго е да застануваш на секоја секунда и минута и да го толкуваш тоа што сакаат да го кажат, што велиш? :) Така што, сум гледал Дискавери, и тоа многу, со денови, со месеци, со години. И те уверувам дека таа програма, иако можеби навидум забавна, е претежно многу, многу лоша. Се разбира дека не е единствен случај таа телевизија. Ги има на претек, реков и погоре, но чинам Дискавери го почна тој тренд на поп-документаристика и псевдонаука што потоа фатија да го копираат сите. А твојот англиски е супер и баш ми е мило што ти помогнала таа програма да го усвоиш. Сега можеш да се посветиш и на некои емисии во кои има поубав, почист и побогат англиски од оној што си го слушал на дотичните телевизии - и уште повеќе да си го доусовршиш.
Океј е,те сватив...крај краишта секој си има свои мислења (y)
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.096
Поени од реакции
5.836

Да не си работел како преведувач на Дискавери затоа што викаш секоја минута и секунда си ја стопирал програмата ?

Инаку да се согласувам потполно со тебе. Каналот последниве години стана ужасно реалити шоу.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
29 март 2018
Мислења
8
Поени од реакции
6
Кабелскиот рисивер може да даде подобри резултати во однос на сликата, а речиси 100% сум сигурен дека ќе го дава и преводот.
Пробав и - да, преку ресиверот е све во ред. :) Има и логика. Фала уште еднаш.

Да не си работел како преведувач на Дискавери затоа што викаш секоја минута и секунда си ја стопирал програмата
?

Инаку да се согласувам потполно со тебе. Каналот последниве години стана ужасно реалити шоу.
Остај. Така ја забележуваш секоја фалинка, секој нивна непотполна реченица, нелогична, што мора со сета своја креативност да ја претвориш во нормална македонска реченица. Потоа го гледаш сето она што ти бега при брзинско гледање - нелогичностите, невистините, бескрајните повторувања на едното исто, лажната драма. Тоа е за јазикот и за формата. А, најстрашното е тематиката, тоа што се обидуваат да ни го протнат под знакот на наука и документаристика - вечна потрага по заработка преку СВЕ, само не преку наука. Заработка преку аукции, преку поправање коли, препродавање, барање злато, продавање делови, имоти, куќи, возење камиони, возење брзи коли (да, 90 отсто е за коли). Да не звучам конспиративно, ама на моменти сум помислувал и дека не се само за забава правени емисиите. И сето тоа ќе беше во ред ако одеше на некој друг канал (нека си постои секаква програма, тамам работа), но НЕ и на канал што порано беше декларативно научен, историски.

ТЛЦ е наводно „канал за животот“, женскиот канал од мрежата (бидејќи главниот е апла „машки“, ама оваа шовинистичка поделба на интересите е друга тема). Таму, пак, емисиите веќе го допираат секое можно дно на светов. Немаат никаква врска со животот. Да одвоиме нешто од денешната програма што, за жал, нема да ја гледаме зашто се изгасени програмите? Paralysed and Pregnant with Twins, Long Island Medium, Fat and Trapped in my House (!!!), My 600lb Life, My Extreme Excess Skin. Забава на ниво.

ДТХ продолжи со коли, бидејќи на Дискавери немаше доволно. Сајенс е псевднонаука во својата најчиста форма. Инвестигејшн не се занимава толку со истраги колку со тоа да ја задоволи нашата морбидна потреба по gore, крв и насилство. Енимал Планет понекогаш вистински се занимаваше со животни, но и тука имаше тешки пофрлувања.

Дојдов на форумов да прашам за друго и не планирав да се разврзам олку за ова, но кога видов некои коментари, се почувствував приморан. :) Не сакам поранешните гледачи на каналов да се чувствуваат навредено - сите некогаш сме го гледале. Само сакам да се обидам барем малку да ги поместам од закоравените становишта по однос на тој, пред се, шуплив бренд и убаво, звучно име. Не вреди кабелските да ни ги трошат парите на тоа и искрено се надевам дека нема да ги вратат. Може да направат некој пеј-пер-вју, на пример, некој пакет како ХБО, па тие што сакаат нека си го купат. А за замена, можат да ни пуштат уште нешто поквалитетно како BBC Earth.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Пред малку отварам на АААВМУ листата регистрирани канали и пишува за Sport klub каналите дека има титлови на српски, хрватски, албански. Истото го има пишано и на IDJ, GRAND 2, PIKABOO.

Грешка ова или нешто ново ?:D
 
Член од
12 јуни 2017
Мислења
379
Поени од реакции
245

Грешка најверојатно на Pikaboo има македонска синхронизација додека на Sportklub нема логика превод да има а на Grand 2 не може да има превод дека песни само има исто и на IDJ (мислам и оваа е музичка) а и сеуште не е пуштена.
 
Член од
8 јуни 2014
Мислења
702
Поени од реакции
156
Пред малку отварам на АААВМУ листата регистрирани канали и пишува за Sport klub каналите дека има титлови на српски, хрватски, албански. Истото го има пишано и на IDJ, GRAND 2, PIKABOO.

Грешка ова или нешто ново ?:D
pikaboo na neotel esum so makedonska sihronizacija
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
403
Поени од реакции
160
Najverojatno e greska kako sto pisivase vo nekoi operator I deka kanalot SciFi ima makedonski prevod i za nekoi drugi kanali sto nemaa prevod pisuvase deka ima makedonski prevod
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Пошто нас државата ни е отидена... Ај да не кажувам. Нормално е дека ке има грешки, али нема ни кој да ги среди :/
Многу сме назад....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom