A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Кај мене менито има македонска подршка а за титлови нема, тоа ми е некако нејасно.
Денес сите нови телевизори доаѓаат со мени на македонски, српски, хрватски јазик и останати локални јазици, локализацијата веќе е секојдневие, но тоа не значи дека телевизорот сепак знае да ги препознава сите преводи од дигиталните ТВ канали и да ги прикажува автоматски.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284

Ок е дека на автоматски не го препознава преводот, ама чудно ми е да има македонско мени што значи наменет и за наш пазар а да нема опција во избор на примарен превод македонски, лаички размислувам.[DOUBLEPOST=1520465713][/DOUBLEPOST]
Можеш да се обидеш, баба ми користи LCD телевизор од Филипс, но таа живее во друга населба, па никако да ми текне и на мене да се обидам да го решам проблемот со инсталирање на најнов firmware за телевизорот кога одам кај нејзе, можеби ќе ти го реши проблемот.

И за жал да, доколку нов firmware не го реши проблемот, секој пат кога ќе менуваш канал, ќе мораш рачно да го бираш непознатиот превод Unknown subtitle, бидејќи телевизорот може да се намести автоматски да прикажува само превод што го препознава, додека за непознат превод Unknown subtitle, секогаш мора рачно да се бира истиот кога ќе се менува канал.
Дури и нема опција unknown, изгледа и на потешкиов начин нема да имам мак титлови.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Ок е дека на автоматски не го препознава преводот, ама чудно ми е да има македонско мени што значи наменет и за наш пазар а да нема опција во избор на примарен превод македонски, лаички размислувам.
Тоа е проблем на Филипс, тие си знаат како и зошто ги прават нивните телевизори такви какви што ги прават.

Дури и нема опција unknown, изгледа и на потешкиов начин нема да имам мак титлови.
Не знам кој модел на телевизор го имаш, но знам дека на далечинскиот управувач треба да го притиснеш копчето со трите линии или Options, и од менито што ќе се отвори, под Subtitles има опции On и Off - за вклучување и исклучување на преводот, а потоа под Subtitle language ги дава јазиците на преводите.

Во менито Subtitle language треба да ти ги дава јазиците на преводите кои се достапни за конкретниот ТВ канал. Ако не го дава Unknown subtitle или било кој друг превод, тогаш не знам во што може да биде проблемот.

Пробај со FOX каналите, кај нив го има или само македонскиот превод, или ги дава и македонскиот и словенечкиот превод, го препознава словенечкиот превод, додека македонскиот превод или треба да го дава како непознат превод Unknown subtitle, или со некоја друга ознака, но битно одбери го и види дали ќе го прикажува преводот.
 
Сепак проблемот бил софтверски, овластениот сервисер уште пред месец дена ги информирал филипс за проблемов и имаат изработено нов софтвер што официјално ќе го има за десетина дена. Инаку овластениов сервисер веќе го имаат софтверот и може да се тркне до кај нив за инсталација. Конкретно проблемот е во јазици пошто го нема македонскиот.
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.408
Поени од реакции
2.748

Кои серии на ТВ модели се опфатени? Бидејќи сепак не пуштаат абдејт за сите наеднаш само за 1 јазик....

Sent from my HUAWEI CUN-L01 using Tapatalk
 
Ја прашував за 4000
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Сепак проблемот бил софтверски, овластениот сервисер уште пред месец дена ги информирал филипс за проблемов и имаат изработено нов софтвер што официјално ќе го има за десетина дена. Инаку овластениов сервисер веќе го имаат софтверот и може да се тркне до кај нив за инсталација. Конкретно проблемот е во јазици пошто го нема македонскиот.
Ако е овластен сервисер и ти го реши проблемот, тогаш во ред, во спротивно немој многу да очекуваш од неговите ветувања.

Инаку, овој проблем се влечка со години, а не од пред месец дена.

Мој роднина во Охрид исто така има Филипс телевизор и одлично помнам дека пред 2 години, ако не и порано, бев кај него и инсталиравме најнов firmware бидејќи и онака неговиот LCD телевизор од Филипс беше безжично поврзан со неговиот домашен Интернет, се инсталираше најновиот firmware, но проблемот остана неотстранет.

Баш ќе биде интересно да видиме дали за 10 дена од сега проблемот ќе ти биде решен со инсталирање на најнов firmware.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.408
Поени од реакции
2.748
Овие ги измешале лончињата. На местото на Sport Klub 1 HD го даваат Sport Klub HD што се сосема различни канали, т.е. вториов воопшто и го немаат во понудата. Од контакт центар ми викаат до СК е, така прават они. :unsure:
 
Член од
8 јуни 2014
Мислења
703
Поени од реакции
157

da taka e I na neotel e isto
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Овие ги измешале лончињата. На местото на Sport Klub 1 HD го даваат Sport Klub HD што се сосема различни канали, т.е. вториов воопшто и го немаат во понудата. Од контакт центар ми викаат до СК е, така прават они. :unsure:
Најверојатно ги измешале каналите, бидејќи нели го отстранија прво Sport Klub HD каналот, а авторските права им истекоа на 28 февруари 2018, но според официјалниот список на дигитални ТВ канали на Вип ТВ на официјалниот веб сајт на АААВМУ од 14 март 2018, сосема очекувано Вип ТВ ги обновиле авторските права заклучно со 28 февруари 2021, но сега во списокот пишува дека освен за Sport Klub 1 HD, 2 HD и 3 HD, исто така се регулирани авторските права и за Sport Klub HD каналот заклучно со 28 февруари 2018.

http://avmu.mk/wp-content/uploads/2017/06/ONE-VIP-3.pdf

Ако имаш нерви, повели ресетирај го кабелскиот рисивер, па повторно рачно подредувај ги дигиталните ТВ канали во распоредот, или оди во менито и под Барање на канал одбери Рачно пребарување, па обиди се со рачно внесување на дигиталната фреквенција да ја ажурираш истата без потреба од ресетирање на кабелскиот рисивер.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Најверојатно ги измешале каналите, бидејќи нели го отстранија прво Sport Klub HD каналот, а авторските права им истекоа на 28 февруари 2018, но според официјалниот список на дигитални ТВ канали на Вип ТВ на официјалниот веб сајт на АААВМУ од 14 март 2018, сосема очекувано Вип ТВ ги обновиле авторските права заклучно со 28 февруари 2021, но сега во списокот пишува дека освен за Sport Klub 1 HD, 2 HD и 3 HD, исто така се регулирани авторските права и за Sport Klub HD каналот заклучно со 28 февруари 2018.
И на Телеком го нема СК1 ХД, се јавив и рекоа дека кај нив бил проблемот, го решавале веќе.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Сега со власта на Зајко ништо чудно.Еве и Сител 3 го нема на Макс ТВ,а ја мислам дека е због Јанко.Пошо многу г***а му изеде на Зајко.
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
407
Поени од реакции
162
Сител3 повеќе не постои а јанко е на тв сонце
 
Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.100
Поени од реакции
5.839
Сега со власта на Зајко ништо чудно.Еве и Сител 3 го нема на Макс ТВ,а ја мислам дека е због Јанко.Пошо многу г***а му изеде на Зајко.
И Канал 5+ го нема на вип ?!

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom