Зошто на едниот ТВ кога ќе пуштам Discovery Showcase HD,Discovery Science HD,Animal Planet HD не се слуша Англиското аудио а кога ќе го префрлам на Турско аудио се слуша,пишува Dolby ENG а на Discovery Idxtra HD,Discovery Dtx HD исто пишува Dolby Eng а си работи звукот .Да не знае некој до што може да биде?
Најверојатно измешани лончиња, истиот проблем го има и кај Телекабел, треба да одбереш унгарски или не знам каков друг аудио јазик, за да испадне дека всушност добиваш англиски аудио јазик.
CBS Drama, односно поранешна Zone Romantica така функционираше, даваше аудио јазик на чешки и на 2 други аудио јазика, од кои едниот беше израелски, а третиот не знам кој беше, но дефинитивно не беше ниту англиски, ниту шпански. Но ако одбереш израелски јазик, всушност го добиваш оригиналниот јазик од филмот/серијата, во зависност од тоа дали станува збор за американски/англиски филм или за американска/англиска серија, или станува збор за латиноамерикански/шпански филм или за латиноамериканска/шпанска серија.
Ако ти функционира дигиталниот ТВ канал со исправен аудио јазик, но по грешка аудио јазикот не го дава како англиски, туку како турски, остави го така и биди задоволен.
Ако им се јавиш на Вип ТВ за да го решат проблемот, биди сигурен дека само ќе ја усложнат работата и решавањето на проблемот ќе го направат уште потешко.
Но бидејќи ги гледаш ТВ каналите на LCD телевизор со кабелски CA модул, можно е и самиот телевизор да го препознава јазикот по грешка како турски, особено ако е од некој евтин шкарт бренд - Вивакс, Фуего, Куарт, СТ и останата фалсификат кинеска багра.
LCD телевизорите од Филипс имаат слични проблеми со преводите, кај некои дигитални ТВ канали всушност не го препознаваат ниту македонскиот, ниту српскиот, ниту хрватскиот превод, туку го даваат како непознат, односно Unknown превод. Се разбира, и тука можно е проблемот да не е во самиот LCD телевизор, туку во кабелскиот оператор.