A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

Член од
29 август 2008
Мислења
5.199
Поени од реакции
3.581
Техничката брзина на уредот - на хартија - изнесува 30 мегабита во секунда, односно 3 мегабајти во секунда.

Тоа е технички највисока брзина, а ако уредот може да постигне и повеќе, биди благодарен и немој да го спомнуваш тоа, за да не им текне од централа да го ограничат на максимум 30 мегабита во секунда, односно 3 мегабајти во секунда на секој Циско кабелски модем, па после да жалиш бидејќи си се пофалил. :D

Има автомобили кои не поминуваат ни 5 години пред да им се случи некој посериозен дефект, а ги има и автомобили кои и после 30 години се како нови и без ниту еден дефект. Златен 101, легенда над легендите, му нема рамен. Кога би можел да зборува и да каже што се истрпил и извозил пред татко ми да го продаде пред 2 години за ситни 200 евра, ни Шехерезада со нејзините приказни за 1001 ноќ не му е рамна. :D
Se izvinuvam moja grska -mene od pocetok mi postavija Cisco epc3208, eden od najdobrite docsis modemi, jas ne pobarav da go zamenuvaat no spored mojot paket morase da imam modem so vgraden wi-fi, a tie prvite cbn,imale mnogu problemi pa zatoa mi postsvija cisco so zyxel ruter,koj sto po 2/3 meseci migo izvadija i go postavija Technicolorot TC7200- koj sto za volja na vistinata nema nikakov problem, osvem sto e malce poslab na wi-fi so signal , no mene mie postaven na cetralno i visoko mesto pa nemam takov tip problemi- ve i 1 speed test na wi-fi preku 1 zid od modem
 
Attachments

Член од
13 мај 2013
Мислења
40
Поени од реакции
12
Кој модел од Cisco?
Тие ги фалеа (за употреба со свој рутер), или некој постари модели?
Cisco EPC2425(За интернет и телефон),EPC2202(Фиксен телефон),EPC2203(Фиксен телефон) (DOCSIS 2.0)и Cisco EPC3208 (DOCSIS 3.0) (За интернет и телефон) По нова метода на ВИП.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.408
Поени од реакции
2.750
Полуделе овие или што? Теоретски не е можно 67 TB да сум направил во 24 часа со оваа брзина која ја имам. :confused::eek: Дали би можеле и другите да проверите дали и кај вас дава вакви бројки?
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Прегледај го приврзокот 178511
Полуделе овие или што? Теоретски не е можно 67 TB да сум направил во 24 часа со оваа брзина која ја имам. :confused::eek: Дали би можеле и другите да проверите дали и кај вас дава вакви бројки?
Кликни од десно за да ти прикаже по денови колку си потрошил, во просек би требало да имаш потрошено 11.3 терабајти дневно од почетокот на месецов. :D

Несомнено станува збор за техничка грешка, треба да се јавиш телефонски во контакт центарот на Вип и да им се пожалиш.

Јас во изминативе 12 месеци имам потрошено едвај нешто повеќе од 1.000 гигабајти, поточно 1.07 терабајти.

Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.408
Поени од реакции
2.750
Кликни од десно за да ти прикаже по денови колку си потрошил, во просек би требало да имаш потрошено 11.3 терабајти дневно од почетокот на месецов.

Несомнено станува збор за техничка грешка, треба да се јавиш телефонски во контакт центарот на Вип и да им се пожалиш.

Јас во изминативе 12 месеци имам потрошено едвај нешто повеќе од 1.000 гигабајти, поточно 1.07 терабајти.

И од тоа за по денови прикачив слика, денеска само се потрошени тие 60+ ТБ, претходните денови си е ОК.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
И од тоа за по денови прикачив слика, денеска само се потрошени тие 60+ ТБ, претходните денови си е ОК.
А бе да не си купил HTC Vive шлем за виртуелна реалност, па сега симнуваш порничи или видео игри за виртуелна реалност ? :D Тие вообичаено се многу големи. :D

Шегата на страна, несомнено станува збор за технички проблем кај Вип, треба да им се јавиш и да им се пожалиш.
 
Последно уредено:
T

Trajce Vasilev

Гостин
Да ве прашам,како иде оптика на вип(поранешен близу)знам дека имаат коаксијални кабли и дека не користат бакарна DSL мрежа која што е по стабилна но по спора.Имам еден другар од кај баба ми у маало во Радовиш кој што (мислам дека)е на оптика на вип но во зградата има коаксијален приклучок со ормари со коаксијални кабловски кабли и има Technicolor рутер кој што не е 5ghz туку е 2,4 (мислам)и брзината за Download му иде над 80 а за Upload повеке од 15 mb/s ако не се грешам.Ме интересира дали имаат FTH како што нуди Телеком и/или имаат оптички кабли до бандера или одредено место па од таму до зграда со коаксијален кабел и/или само коаксијален кабел користи вип?Може некој да ми објасни по детално бидејки за едно 2 години планирам да сменам ISP
Фала однапред.
 
Оптичките кабли на Вип ТВ завршуваат во нивните локални централи, од каде што сигналот се пренесува кај крајниот корисник преку коаксијален кабел.

Аеродром, исто како и целото централно градско подрачје во Скопје, уште од кога Кејблтел почна да купува кабелски телевизии во Македонија пред 10 години, е покриен со оптички кабли од поранешен Кејблтел/Близо, односно денешен Вип ТВ.
 
Значи тогаш кога ке дое вип да мести интернет кај мене у зграда ке биде FTH како телеком,бидејки кажа имало оптика во Аеродром,или на Коаксијален кабел?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Значи тогаш кога ке дое вип да мести интернет кај мене у зграда ке биде FTH како телеком,бидејки кажа имало оптика во Аеродром,или на Коаксијален кабел?
Прочитај уште еднаш:

Оптичките кабли на Вип ТВ завршуваат во нивните локални централи, од каде што сигналот се пренесува кај крајниот корисник преку коаксијален кабел.

Значи оптичкиот кабел завршува во локалната централа, односно не завршува кај крајниот корисник.
 
Аааа добро.Ја па мислев нудат и FTH како Телеком.Моја грешка.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.483
Поени од реакции
11.539
Денес работата ме однесе во Влае на улица Кленоец, каде што бев пријатно изненаден откако открив повеќе помали ормари за оптички разделници кои дефинитивно не се на Македонски Телеком, не само бидејќи се помали и не го имаат логото на T-Home или логото T на Дојче Телеком, туку и бидејќи како што забележав на почетокот од улицата веќе има голем ормар со оптички разделници на Македонски Телеком и веќе има приклучени корисници на оптички Интернет од Македонски Телеком на таа улица.

Неколку подетални прегледи низ помалите ормари за оптички разделници низ улицата - кои ги има бајаги повеќе, во просек по еден ормар на секои 10 до 15 метри - и открив дека станувало збор за заедничка инвестиција на Близо, оне.Вип, Неотел и Телекабел, кои платиле приватна компанија за да ја раскопа улицата и за да пушти оптички кабли низ истата во текот на август 2017 и септември 2017.

Сега улицата е вратена во првобитна состојба, но ако не пред секоја куќа, тогаш пред секоја втора или пред секоја трета куќа има црева низ кои ќе поминуваат оптички кабли.

Ормарот на средината е за струја, не е за оптички разделници.

Но како што може да се види од наредната слика, големиот ормар со оптички разделници на Македонски Телеком веќе има свои комшии и несомнено идни конкуренти.

Несомнено причината за повеќето ормари за оптички разделници, е бидејќи Близо и оне.Вип, исто како и Неотел и Телекабел, имаат свои оптички телекомуникациски мрежи, па така има ормари кои се` на Близо и оне.Вип, ормари на Неотел, и ормари на Телекабел. Како и зошто Близо и оне.Вип се водат како различни фирми во известувањето од фирмата изведувач на градежно-земјените работи, кога општо е познат фактот дека Близо е во сопственост на оне.Вип, не знам, но знам дека присуството на повеќе вакви ормари за оптички разделници и повеќе црева за оптички кабли пред куќите, може да говори само една работа, а тоа е - дека жителите на оваа улица ќе можат во блиска иднина да користат оптички Интернет од овие телекомуникациски оператори, така што оптичкиот кабел ќе завршува директно кај крајниот корисник, исто како што е и кај оптичкиот Интернет на Македонски Телеком.

Секако дека ова е позитивен развој на настаните, но сеуште мислам дека е прерано за да очекуваме нови пакети со оптички Интернет од Вип, бидејќи оваа градежно-земјена интервенција која ја направиле во Влае ќе треба да се направи во сите населени места каде што не се пуштени оптички кабли на Вип, а во населбите од централното градско подрачје како мојата, каде што оптичките кабли на Вип завршуваат во локалната централа, можеби ќе мора да се копа за пуштање на дополнителни оптички кабли, но дури и да не мора, сепак ќе мора да се копа за пуштање на оптички кабли од локалната централа до станбените згради и правење на нова внатрешна оптичка инсталација на Вип за потребите на корисниците на оптичкиот Интернет на Вип во тие станбени згради.

Како и да е, секоја им чест на Вип и на останатите спомнати телекомуникациски оператори за нивните инвестиции во нивните оптички телекомуникациски мрежи (y) , изгледа Македонски Телеком за 2 до 3 години од сега ќе имаат полни раце работа ако сакаат да ги задржат постоечките корисници.
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.408
Поени од реакции
2.750
Денес работата ме однесе во Влае на улица Клеонец, каде што бев пријатно изненаден откако открив повеќе помали ормари за оптички разделници кои дефинитивно не се на Македонски Телеком, не само бидејќи се помали и не го имаат логото на T-Home или логото T на Дојче Телеком, туку и бидејќи како што забележав на почетокот од улицата веќе има голем ормар со оптички разделници на Македонски Телеком и веќе има приклучени корисници на оптички Интернет од Македонски Телеком на таа улица.

Неколку подетални прегледи низ помалите ормари за оптички разделници низ улицата - кои ги има бајаги повеќе, во просек по еден ормар на секои 10 до 15 метри - и открив дека станувало збор за заедничка инвестиција на Близо, оне.Вип, Неотел и Телекабел, кои платиле приватна компанија за да ја раскопа улицата и за да пушти оптички кабли низ истата во текот на август 2017 и септември 2017.

Сега улицата е вратена во првобитна состојба, но ако не пред секоја куќа, тогаш пред секоја втора или пред секоја трета куќа има црева низ кои ќе поминуваат оптички кабли.

Ормарот на средината е за струја, не е за оптички разделници.

Но како што може да се види од наредната слика, големиот ормар со оптички разделници на Македонски Телеком веќе има свои комшии и несомнено идни конкуренти.

Несомнено причината за повеќето ормари за оптички разделници, е бидејќи Близо и оне.Вип, исто како и Неотел и Телекабел, имаат свои оптички телекомуникациски мрежи, па така има ормари кои се` на Близо и оне.Вип, ормари на Неотел, и ормари на Телекабел. Како и зошто Близо и оне.Вип се водат како различни фирми во известувањето од фирмата изведувач на градежно-земјените работи, кога општо е познат фактот дека Близо е во сопственост на оне.Вип, не знам, но знам дека присуството на повеќе вакви ормари за оптички разделници и повеќе црева за оптички кабли пред куќите, може да говори само една работа, а тоа е - дека жителите на оваа улица ќе можат во блиска иднина да користат оптички Интернет од овие телекомуникациски оператори, така што оптичкиот кабел ќе завршува директно кај крајниот корисник, исто како што е и кај оптичкиот Интернет на Македонски Телеком.

Секако дека ова е позитивен развој на настаните, но сеуште мислам дека е прерано за да очекуваме нови пакети со оптички Интернет од Вип, бидејќи оваа градежно-земјена интервенција која ја направиле во Влае ќе треба да се направи во сите населени места каде што не се пуштени оптички кабли на Вип, а во населбите од централното градско подрачје како мојата, каде што оптичките кабли на Вип завршуваат во локалната централа, можеби сепак ќе мора да се копа за пуштање на дополнителни оптички кабли, но дури и да не мора, сепак ќе мора да се копа за пуштање на оптички кабли од локалната централа до станбените згради и правење на нова внатрешна оптичка инсталација на Вип за потребите на корисниците на оптичкиот Интернет на Вип во тие станбени згради.

Како и да е, секоја им чест на Вип и на останатите спомнати телекомуникациски оператори за нивните инвестиции во нивните оптички телекомуникациски мрежи (y) , изгледа Македонски Телеком за 2 до 3 години од сега ќе имаат полни раце работа ако сакаат да ги задржат постоечките корисници.
Wait wait, можеби и немам овде споменато Вип исто така ископа низ цела Партизанска од страна на Сити Мол па се до мостот пред Влае и пуштаа црева за оптички кабли, ама пак веќе сите корисници од тој реон веќе имаат мрежна покриеност од Вип. Е сега кога ги прашав што ќе биде мајсторите што ги прашав ми кажаа дека нема да приклучуваат односно се пушта за понатаму. Инаку кај мене во Карпош 4 и Телекабел и Телеком имаат оптика, а Вип се шлепа преку нивнатa FTTC мрежа. Реално мислам би било потребно и тие да ги следат Телекабел и да понудат оптика односно симетрични брзини, ама тешко ова дека ќе бидне. Повеќе мислам дека би инвестирале во ДОКСИС отколку да пуштаат оптика до секој објект.
 
Ти држи вода теоријата, и јас помислив на истото, но на улица Кленоец во Влае едноставно има премногу ормари за оптички разделници, можно е сите да се од Телекабел и од Неотел, а оптичките кабли на Вип да одат кон локалната централа, но и цревата за оптички кабли на Вип ги има на повеќе места каде што излегуваат за да бидат поставени ормари за оптички разделници на тие места.

По логика на нештата, ако оптичкиот кабел оди само кон локалната централа, тогаш воопшто нема потреба од ормар со оптички разделници, бидејќи оптичките разделници се користат за делење на сигналот од оптичките кабли на оптички влакна кои завршуваат кај крајните корисници - таква е праксата на Македонски Телеком, таква е праксата и на Телекабел, а претпоставувам дека таква е праксата и на Неотел.

И баш човекот кај кого работев на улица Кленоец во Влае користи кабелска телевизија од Вип ТВ со Gospell кабелски рисивер, единствено не ми текна да го прашам дали користи и кабелски Интернет од нив и дали е со брзина од 5 мегабајти во секунда, но не верувам дека користи Интернет човекот, ги има над 80 години. :D

Се согласувам дека поголема е веројатноста во блиска иднина да дочекаме симетрични брзини на кабелски Интернет преку DOCSIS 3.1 Full Duplex - за кој допрва треба да бидат воведени меѓународни технички спецификации, што значи дека и светот сеуште чека за симетрични брзини на кабелски Интернет, а ние сигурно уште подолго време ќе чекаме, но сепак кога ги видов цревата за оптички кабли на Вип во Влае на повеќе места на една иста улица, а и @Trajce Vasilev во неговиот пост #10904 во темата Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми) има објавено слики од црева за оптички кабли на Вип во Аеродром, а знам дека таму уште пред 10 години Кејблтел пушташе оптички кабли кои завршуваат во тамошните локални централи, дојдов до заклучок дека можеби и ние корисниците на Вип ќе дочекаме оптички Интернет во блиска иднина, иако се разбира, симетричен кабелски Интернет преку DOCSIS 3.1 Full Duplex исто така ќе биде добредојден.
 
Последно уредено:

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Едно техничко прашање, што е толку разликата помеѓу оптичкиот интернет и интернетот што ќе биде Docsis 3.1. Full Duplex.
Од моето лаичко познавање, знам дека и кај двете брзините се симетрични и кај двете брзините ќе идат до 1Gbps...
Што точно ќе менува кој стандард ќе биде употребен?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom