Vip Net кабелски Интернет (Blizoo/Cabletel) - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Македонски интернет провајдери' започната од Swifty, 18 мај 2007.

  1. 123456

    123456

    Член од:
    6 септември 2007
    Мислења:
    5.643
    Допаѓања:
    3.172
    18 е денес веке мене брзината ми е намалена на е.ени 30мбпс која клошарана испадна вип од кај да знам сега дека пак не е укочен бројчаникот.
     
  2. ts01

    ts01

    Член од:
    29 август 2008
    Мислења:
    1.599
    Допаѓања:
    651
    ccccc.... kako be ne mozi da se proveruva ......pa od kade jas da znam deka sum potrosil 500gb zada mi ja mavnat nivnata fer politika na koristejne so namaluvajne na brzini ..... ccccc
    dajte na 1234 da gi maltretirame non/stop .....
     
  3. dace@mkd

    dace@mkd

    Член од:
    7 април 2015
    Мислења:
    1.236
    Допаѓања:
    620
    Знам дека има ограничување од 500ГБ на кабелксиот интернет, но дали важи истото ограничување и за Лите пакетите, односно Л пакетот со 40/40 брзина?
     
  4. Гејминг

    Гејминг

    Член од:
    26 јули 2014
    Мислења:
    140
    Допаѓања:
    26
    Всушност кај сите интернет пакети пишува ''неограничен интернет'' и мислам дека е така, само што ако искористиш повеќе од 500 гб во месецот - ти земаат многу од брзината, мене тоа не ми се случило ама на другарче од вип знам откако го премина лимитот имаше едно 10мбпс даунлоад и 1 уплоад додека не се ресетира во новиот месец и одма му се врати
     
  5. Apple

    Apple It's good to be good

    Член од:
    11 октомври 2009
    Мислења:
    2.648
    Допаѓања:
    1.004
    После 500гб на колку ја спуштаат брзината?
     
  6. 123456

    123456

    Член од:
    6 септември 2007
    Мислења:
    5.643
    Допаѓања:
    3.172
    Од брзината на пакетот што ја имаш после 500гб на 70%, после 750гб на 90%.
     
    На Гејминг му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Apple

    Apple It's good to be good

    Член од:
    11 октомври 2009
    Мислења:
    2.648
    Допаѓања:
    1.004
    Глупост... Дали некој може да ми каже дали можам да го изгасам wifi од Техниколорот? Имам микротик па не ми треба wifi од тој уред.
     
  8. 123456

    123456

    Член од:
    6 септември 2007
    Мислења:
    5.643
    Допаѓања:
    3.172
    од десна страна имаш дугме за вифи исклучиго
     
  9. Јефто

    Јефто @JeftoMKD | Јефто™

    Член од:
    30 октомври 2011
    Мислења:
    2.532
    Допаѓања:
    1.163
    Еве на две места да чепнеш треба: http://192.168.100.1/wlanRadio.asp и на http://192.168.100.1/wlanPrimaryNetwork.asp и кај двете направи disabled и нема да зрачи ви-фи од техниколорот.
     
  10. Јефто

    Јефто @JeftoMKD | Јефто™

    Член од:
    30 октомври 2011
    Мислења:
    2.532
    Допаѓања:
    1.163
    Дечките од Випосаниве изгледа почнале нешто да менуваат во поглед на брзините за прикачување.

    Случајно чепкајќи видов дека од поранешните 2 upstream канали, сега се достапни 4.
    [​IMG]
    Исто прочепкав и видов дека во делот за скенот, од порано 2 сега ми беше подесено на 3 upstream channel ID. Ја си ги подесив сепак на 4 да бидат.
    [​IMG]

    После промениве и со 3 додека беше и сега со 4, имам подобрување минимално во однос на upload брзините.
    upload_2019-7-9_16-50-46.png
    Од претежно 3Mbps, сега се качуваат и до скоро 5Mbps што не ми ги испорачуваа, иако ми следуваа...
    Е сега пред извесно време кога пријавував дефект, дечкото од техничка поддршка, ми рече дека теоретски во еден upstream канал брзината може да биде и до 10Mbps, па си се запрашав сеа, дали може да се очекува во блиска иднина зголемување барем до 40Mbps? Ако се работи на тоа, сигурно би било со ребрендот, ама дали и промените би биле и за старите корисници?

    ps: проверете си како е кај вас и подесете си ако имате и вие мака со брзините за прикачување.
     
    На ts01 и Lurtz им се допаѓа ова.
  11. JB00F

    JB00F DDoS

    Член од:
    21 јануари 2014
    Мислења:
    2.720
    Допаѓања:
    1.650
    Хмммм, дефинитивно имаат работено, што и редно беше после толку време бидејќи се повеќе корисници им се жалеа на ,,гушење,, на мрежата во поглед на аплоуд сообраќајот. Не верувам дека ќе има зголемување на брзините, ни на download ни на upload, туку сега ќе бидат стабилни 3 или 5 Mbps за оние кои го имаат најголемиот пакет. Поголеми брзини не очекувам засега да пуштат.

    Башка деновиве у маало пуштаа кабли низ подземните црева што скоро ги поставија, и низ ормарите ставаа опрема, но тоа беа само ДОКСИС појачала и коаксијални кабли, никаде не видов оптика барем засега, така да најверојатно ништо од оптика од Вип :(
     
    На Јефто му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    8.038
    Допаѓања:
    6.979
    Сепак тоа е добра вест, појачалото од локалната централа ќе ти биде пред влезната врата на зградата, што значи дека ќе се добие техничка можност за DOCSIS 3.1 Full Duplex во не толку далечната иднина.

    Всушност тоа е далеку поисплатлива инвестиција за кабелски оператор, бидејќи со DOCSIS 3.1 Full Duplex за прв пат се добиваат симетрични Интернет брзини до 10 гигабита (1.25 гигабајти) во секунда, па конечно ќе им станат сериозна конкуренција на Македонски Телеком, Неотел и Телекабел - ма да за Телекабел од лично искуство со нивниот тапа сигнал воопшто не ги сметам за ничија конкуренција, тие се шампиони во сопствена аматерска лига без никаква конкуренција.

    Коаксијалниот кабел никаде не си заминува, новите технологии го прават и понатаму корисен за употреба, а и полесен е` за сервисирање и одржување.

    Скинат оптички кабел или комплетно се менува со нов оптички кабел, или се прави спојка на местото каде што кабелот е скинат. Поправката не е баш лесна, а спојката треба да се фиксира и да се обезбеди за да биде заштитена од надворешни влијанија.

    Од друга страна, скинат коаксијален кабел речиси секогаш се поправа со поставување на спојка на местото каде што кабелот е скинат, менување со нов коаксијален кабел многу ретко се практикува, само ако кабелот е ептен сериозно оштетен. Поправката е далеку полесна во споредба со поправката кај оптичкиот кабел, а на спојката не и` пречат надворешните услови - се` додека е во затворен простор.

    Да не ме разберат погрешно членовите и посетителите на форумов, Вип ги молат корисниците да ги треснат од земја веќе од поодамна, но секако дека е за поздрав фактот дека почнале да инвестираат во поквалитетна кабелска мрежа. Ако инвестираат во DOCSIS 3.1 Full Duplex ќе имаат можност сериозно да му ја нарушат удобноста на Македонски Телеком - се разбира, доколку планираат да понудат добри пакети со добри цени, во спротивно навистина ќе биде залудна нивната инвестиција.

    И секако дека оптичкиот кабел секогаш ќе биде светлосни години пред коаксијалниот кабел, но истовремено за жал оптичкиот кабел ќе остане многу полесен за оштетување и многу потежок за нова инсталација низ улица - без разлика дали станува збор за воздушна инсталација преку бандера, или подземна инсталација.
     
    Последно уредено: 10 јули 2019
    На santelli и Јефто им се допаѓа ова.
  13. JB00F

    JB00F DDoS

    Член од:
    21 јануари 2014
    Мислења:
    2.720
    Допаѓања:
    1.650
    Телекабел го батали кабелискиот интернет, дефинитивно не е за земање на таа работа од кај нив веќе. Ако сакате квалитетна услуга само оптика од ТК. Секако дека е полесен за крпење, поврзување и се тоа, но дефинитивно не може да парира со оптичките влакна.

    Сум бил корисник и на бакар од Вип, и сега оптика од Телеком. Дефинитивно не е споредливо, особено во поглед на аплоуд сообраќајот и латенцијата. Порано на Вип доколку се закачев да аплоудирам некој поголем фајл со мизерниве аплоуд брзини, пингот скокаше до небо, па дури над 1000ms, што ужасно нервира при отварање страници и слично. На оптика тоа оди до некои 100-150ms што не прави толкави проблеми како кај бакарот. Вип ќе мора нешто значително да направи и интензивно да работи во поглед на усовршување на ДОКСИСот, што еве гледам дури сега почнаа, или воведување оптика (засега не ми изгледа реална можност).

    Скоро и Телеком им извршија притисок со новава Магента, и фала богу веќе не нудат 8/1 и 12/1 брзини, па ги зголемија и сега имаат 30/5 што мислам е доволно за обични корисници. Секако цената на оптиката сеуште ќе паѓа, Телеком веќе нуди реални цени за брз интернет но само во Магента пакетите, башка сега пакетот 50/50 што им беше е 100/100, што Вип може да сонува само за ова со постоечката опрема и инфраструктура.
     
    Последно уредено: 11 јули 2019
    На Јефто му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    8.038
    Допаѓања:
    6.979
    За оптичкиот Интернет на Телекабел слушам само поплаки, а за нивната кабелска мрежа од лично искуство знам дека е` тапа.

    Убаво што си задоволен со симетричните Интернет брзини преку оптичкиот Интернет на Македонски Телеком. Доколку Вип навистина инвестира во DOCSIS 3.1 Full Duplex, тогаш истите симетрични Интернет брзини ќе ти бидат достапни и преку кабелскиот Интернет на Вип.

    Како што веќе спомнав, воопшто не планирам да им правам маркетинг на Вип, ниту па да ги бранам со оглед на идиотизмите кои ги прават изминативе 2 години.

    Но исто така спомнав дека секаква инвестиција во понова и посовремена Интернет технологија е добредојдена, без разлика дали таквата инвестиција доаѓа од Вип или од било кој друг телекомуникациски оператор.
     

Сподели преку: