Vip Net кабелски Интернет (Blizoo/Cabletel) - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Македонски интернет провајдери' започната од Swifty, 18 мај 2007.

  1. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    590
    Допаѓања:
    155
    Слика стига веднаш.
    --- Споено дупло мислење, 10 јули 2018 ---
    @Mr Bean ^.-
    20180710_223250.jpg 20180710_223211.jpg 20180710_223226.jpg
    (Иначе вака изгледа мојот, а за линк не успеав да најдам од сетек, па провери ги оние на Dexter што ги прати погоре)
     
    Последно уредено: 10 јули 2018
    На Mr Bean ^.- му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mr Bean ^.-

    Mr Bean ^.-

    Член од:
    12 јуни 2017
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    118
    Тоа некако скапо ми е 790 ден , дали ова би вршело работа?

    http://s.aliexpress.com/UnE7fQ3a?
     
  3. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    7.831
    Допаѓања:
    6.792
    Е па нека не ти биде скапо, ете ти го и поевтиниот свич за 460 денари.

    Во основа било каков свич ќе ти заврши работа, без разлика колку ќе те чини, поскапиот свич од 790 денари е подобар бидејќи нуди поголеми мрежни брзини.
     
    На The Wild Boy и Mr Bean ^.- им се допаѓа ова.
  4. Mr Bean ^.-

    Mr Bean ^.-

    Член од:
    12 јуни 2017
    Мислења:
    198
    Допаѓања:
    118
    Фала ви и на двајцата ќе земам еден од овие што ми ги препорача
     
    На The Wild Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mr.47

    Mr.47 Juve Fan

    Член од:
    29 јули 2008
    Мислења:
    8.459
    Допаѓања:
    4.545
    1 дел. - напишано околу 12 тука.

    Да не има некој проблем со брзината на интернетов? Од вчера нешто заебава. Симнува со 1.8 мб/с, а треба со 10х од ова.
    Само кај мене е, или има уште некој проблем со спорт нет?
    Реон Карпош 4.

    455гб иам трансфер, така да брзината треба уште да е default.
    За оваа која сега ја имам, треба да сум со 2х од моменталниот трансфер.
    -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Апдејт 1 - дополнето околу 17:00

    Се јавив и добив одговор дека сум на ПАКЕТ 15 интернет, наместо 150/5

    СС од последна сметка, електронска


    ДОбивам одговор сум сменил пакет, и сега гледам следно
    СС 2
    upload_2018-8-23_17-49-5.png

    Идеја? Решение?

    Стои датум вчерашен, а не сум сменил пакет, ниту планирав, ниту планирам, само затоа што ВИП има 100, додека овој од близу што уште го имам 150/5.
    ------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Апдејт 2

    После 10минутно чекање на линија, ми викаат се десила грешка......Има налог за корекција, направен по поплаката.....
    Сакам да прокоментирам нешто, но не знам што.....

    п.с. Фала до належните за „акцијата“ :)
     
  6. TopceTopcevski

    TopceTopcevski

    Член од:
    5 февруари 2018
    Мислења:
    11
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    од 1ви се селам во Скопје во Аеродром веднаш на почетокот па сакав да ве прашам колку сте задоволни од студентскиот пакет дали вреди да го земеме?
    -------------------
    ЕДИТ:
    ако не е добар пакетот дали е можна оваа варијанта? кабелска од ВИП,а кабелски интернет од телекабел?
    .Благодарам однапред.
     
    Последно уредено: 13 септември 2018
  7. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    7.831
    Допаѓања:
    6.792
    Ако се селиш конкретно во населба Аеродром, а не во некои од населбите/селата кои спаѓаат под општина Аеродром, подобро поврзи се на Неотел.

    Доколку ви треба само фиксна телефонија и Интернет, Нет 20 пакетот со месечна претплата од 790 денари, или Нет 30 пакетот со месечна претплата од 990 денари ќе ги задоволи твоите потреби.

    https://neotel.mk/net-20/

    https://neotel.mk/net30/

    Лично би ти го препорачал Фибер 50 пакетот бидејќи доаѓа преку оптички телекомуникациски приклучок, со што имаш загарантирани симетрични Интернет брзини и стабилен сигнал, но тој чини 1.090 денари месечно.

    https://neotel.mk/fiber50/

    Слободно игнорирај ги намалените цени прикажани на веб сајтот на Неотел, бидејќи тоа се привремени попусти кои траат само до крајот на 2018 година, а од 1 јануари 2019 ќе продолжат да важат редовните месечни претплати кои ги спомнав.

    И се разбира, сите пакети кои ги посочив се достапни за спомнатите месечни претплати само под услов да потпишеш 2 годишен обврзувачки договор со Неотел.

    Друга алтернатива ти е Телекабел, кои ти нудат аналогна и дигитална кабелска телевизија по редовна месечна претплата од 450 денари, а најевтиниот пакет за кабелски Интернет го нудат по редовна месечна претплата од 500 денари.

    http://telekabel.com.mk/index.php/mk/телевизија/ценовник-за-телевизија/скопје

    http://telekabel.com.mk/index.php/mk/интернет/кабелски-интернет/lightspeed

    Најевтиниот пакет за оптички Интернет, Телекабел го нудат по месечна претплата од 600 денари, истиот доаѓа со послаба брзина во споредба со нивниот најевтин пакет за кабелски Интернет, ама затоа па доаѓа со симетрични Интернет брзини и со стабилен сигнал.

    http://telekabel.com.mk/index.php/mk/интернет/оптички-интернет/optic-20

    Не знам дали Телекабел дозволуваат да користиш само кабелски Интернет или само оптички Интернет од кај нив, без притоа да користиш и кабелска телевизија.

    Доколку дозволуваат, а истовремено доколку ти треба и фиксен телефон, тогаш одбери го или најевтиниот пакет за кабелски Интернет, или најевтиниот пакет за оптички Интернет, и додај на редовната месечна претплата дополнителни 100 денари за фиксната телефонија - не земајќи ги во предвид и телефонските повици од фиксниот телефон кон други оператори, кои секако се наплаќаат дополнително.

    http://telekabel.com.mk/index.php/mk/телефонија/ценовник-за-телефонија

    И се разбира, најдобрата предност кај Телекабел е тоа што не те врзуваат за нив со потпишување на обврзувачки кориснички договор, односно можеш да се исклучиш од нив кога сакаш без воопшто да плаќаш било какви пенали.

    Јас лично би одел со Неотел, но сепак парите се твои и ти треба да направиш математика кој пакет од кој оператор ти е` најисплатлив и најприфатлив, но прими го мојот совет и држи се настрана од Вип, од почетокот на 2018 година почнаа да се прикажуваат себеси како најголеми измамници, поголеми дури и од Македонски Телеком - кои барем не се обидуваат да глумат дека задоволството на корисниците им е` на прво место, со оглед на фактот дека нивните пакети за Интернет и телевизиски услуги и понатаму остануваат меѓу најскапите во Македонија.
     
    На TopceTopcevski и Anon им се допаѓа ова.
  8. TopceTopcevski

    TopceTopcevski

    Член од:
    5 февруари 2018
    Мислења:
    11
    Допаѓања:
    1
    Благодарам на опширниот и многу корисен одговор. Инаку, доколку кабелскиот интернет на Телекабел е задоволително стабилен би одела со тоа затоа што искрено во мојот сегашен дом имам интернет со брзина 10Mbps што ми е задоволителна со оглед на тоа дека има стабилност која ми е многу побитна моментално . Ако веќе би требала да бирам кај Неотел сигурно би одбрала малку поскапо ,фибер си е фибер ,но сеуште немам потреба од такво нешто. Ми останува уште утре да прашам дали Телекабел даваат можност за нивни кабелски интернет со комбинација со кабелска од друг оператор.
    Благодарам уште еднаш
     
  9. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    590
    Допаѓања:
    155
    Го доби одговорот.
    Неотел имаат 50% попуст, а ако сакаш врски одма у пп, може тој 50% да се дуплира, без проблем.
    Иначе, доста имам напишано за тоа како одат работите, и колку тоа Неотел се навистина добри, во темата за Неотел. Слободно провери, и ќе видиш.
     

Сподели преку: