A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Хммм од кога?
(Не е Оф-Топик, има причина зошто е сликано ова)
Прегледај го приврзокот 191868
Ги има стотици, ако не и илјадници такви ормари низ Скопјево и низ Македонија.

И што ти значи фотографијата, не ја пратиш дискусијата на темава ?

Ако ја имаш пратено дискусијата на темава, ќе знаеше дека низ тие ормари поминуваат, односно ќе поминуваат коаксијални кабли, а не оптички кабли.

А што се однесува до траката од Македонски Телеком околу цревата, очигледно ја ставиле од градежната компанија која ги пуштала цревата и која го поставила ормарот, а која несомнено врши такви услуги и за Македонски Телеком, па затоа ја ставиле таа трака околу цревата бидејќи прва им се нашла при рака.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931

Да, пошто таа градежна компанија што копаше оптички кабли, за Телеком сигурно направила договор и со Vip па кога копаа, ископаа и поставија кабли и за Vip
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Ај да прашам нешто.
Дали може јас со lan кабел да си земал од на Вип technicolor-от да си пуштам lan кабел до кај мене во соба и таму да си го поврзам мојот TP-link, за да можам да фаќам посилен Wi-Fi во дел од станот, а воедно и со кабел да биде поврзам рутеров со лаптопот, со цел поголема брзина да добијам?
Се продава некаде кабел и колку би ме чинело?
 
Не мислиш дека доцниш со ова априлилили твое ?

Вакви прашања поставуваат луѓе кои прв пат во живот ставиле Интернет по дома.

Секако дека можеш со мрежен кабел да го поврзиш Техниколор рутерот од Вип со втор рутер.

Мрежниот кабел ќе го купиш од Анхоч, Сет, Нептун, Техномаркет или најблиската продавница за компјутери и компјутерска опрема. Ма да во пракса треба да добиеш мрежен кабел и со самиот втор рутер што го имаш купено, но може да биде премногу краток за да стигне до просторијата во која планираш да го поставиш вториот рутер.

Едниот крај од мрежниот кабел ќе го поврзиш со една од 4-те мрежни порти на Техниколор рутерот од Вип, а другиот крај од мрежниот кабел ќе го поврзиш со WAN или Internet портата на вториот рутер што го имаш купено.

За понатамошно конфигурирање на вториот рутер што го имаш купено - име на безжичната мрежа, лозинка, тип на енкрипција на лозинката - ќе се информираш од соодветното упатство кое доаѓа со самиот рутер.

Доколку сакаш лаптопот преку мрежен кабел да го поврзеш со вториот рутер, ќе купиш втор мрежен кабел, така што едниот крај од мрежниот кабел ќе го поврзиш со мрежната порта на лаптопот, а другиот крај од мрежниот кабел ќе го поврзиш со една од 4-те мрежни порти на вториот рутер што го имаш купено.
 
Последно уредено:

Океј, имам ТП-линкче, од кабел ми фали само еден долг за да биде доволно за да го поврзам од една соба до другата за двата уреди... Е сега, каде можам да најдам таков, се купува по должина, сечат или како? :unsure:
 
Веќе го доби одговорот - во Анхоч, Сет, Нептун, Техномаркет или во најблиската продавница за компјутери и компјутерска опрема.

http://www.anhoch.com/category/368/kabli-i-pasivna-mreza

http://setec.mk/index.php?route=product/category&path=10019_10037#category_id=10037&page=0&path=10019_10037&sort=p.price&order=ASC&limit=500&min_price=3&max_price=19499&option_value[13][]=668

Во Анхоч - а најверојатно и во Сет - можат да ти направат мрежни кабли по мерка каква што ти сакаш. Исто и во Логинг Електроникс во трговски центар Беверли Хилс.
 
Океј, фала ти многу.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Ви отвара https://www.reddit.com? Последниве денови како пак да имаат проблеми со интернет сообраќајот.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Ви отвара https://www.reddit.com? Последниве денови како пак да имаат проблеми со интернет сообраќајот.
Отвора. Неам приметено проблеми, мада не го отворам често. 3 пати у денот на 10тина минути.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Теоријата на Dexter се потврди.
Заборавете оптички интернет (до дома) од вип.
Вчера поминував низ воените кули у Аеродром, и наидов на кабли што одеа дури до кровот на кулата. Блазеси им на тие што успеале да довлечкаат кабли на толкава висина. И тоа во една кула имаше дури две (од вип) пошто тоа не е обична зграда. На едниот кабел со црвени линии пишуваше Fibre, а на другите во другата кула каде што имаше црни кабли со бели линии пишуваше Coaxial.
Сигурно не би бил некој будала да стави оптика до дом во едната кула, а во другата коаксијален интернет во едната, а во другата оптички.
Со ова се доаѓа до заклучок дека вип нема никогаш да користи оптика до дом, бидејки така е и кај западните држави (Telekom Austria).
Искрено мислам дека вип ќе мора да воведе Docsis 3.1 мрежа... Е сега дали ќе биде со оптички кабли или коаксијални до одредено место сеуште не се знае. Но ако сакаат да останат на врвот, вип ќе мора да го воведат ова па макар и цената да кошта многу.
А кога сме кај цената, сигурно ќе биде доста висока, но корисниците на вип ќе имаат сигурно повисок аплоад од 10mb/s гарантирано. Ја би рекол минимум 40mb/s, а можно е и да има и А-Симетрични брзини.
Заборавете оптика до дом од вип.
 
Вип веќе нуди оптички Интернет до краен корисник, но преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - а во такви околности поисплатливо е користење на оптички Интернет од Неотел, отколку од Вип.
 
The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.549
Поени од реакции
931
Вип веќе нуди оптички Интернет до краен корисник, но преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком - а во такви околности поисплатливо е користење на оптички Интернет од Неотел, отколку од Вип.
Тоа им е колку да се оддржат дур да дојде Docsis 3.1
Не верувам дека перманентно ќе биде, и сигурно оптички кабли влечат или од Телеком, или од Телекабел за тоа.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Абе, го решил некој ова со double NAT? Истиот проблем го имам, неможам да се врзам преку ssh на домашниот пц надвор од мрежа никако.

Имам модем Cisco ep2202 на 192.168.100.1, мојот рутер вика Wan IP дека е 100.65.XX.XX
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.210
Поени од реакции
3.594
Абе, го решил некој ова со double NAT? Истиот проблем го имам, неможам да се врзам преку ssh на домашниот пц надвор од мрежа никако.

Имам модем Cisco ep2202 на 192.168.100.1, мојот рутер вика Wan IP дека е 100.65.XX.XX
jas go resiv zvonev 1234 edno 10~15 pati vo tekot na edna nedela, i mi stavija javna ip adresa 212.110 xxx xxx i nemam poveke problem ....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom