A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.674
Поени од реакции
4.783
луѓеее катастрофа се близуво, да не ве лажи памет да им продолжувате договор
Шо е катастрофа?Година дена од коа потпишав договор 1 ден нема снемато интернет,константно брз интернет ,0 проблеми.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Шо е катастрофа?Година дена од коа потпишав договор 1 ден нема снемато интернет,константно брз интернет ,0 проблеми.
И кај мене исто, со разликата што веќе 2 години по ред не сум обврзан со договор.

Тие кои не се задоволни од квалитетот на услугата треба да се јават во контакт центар и да се пожалат, а ако проблемот не биде решен, да се јават повторно, и повторно, и повторно... се` додека не им биде решен проблемот.
 
Последно уредено:

IzzY_R0CkeR59

аудофил, металофил, емофил, чоколаденфил
Член од
9 септември 2014
Мислења
118
Поени од реакции
31
И кај мене исто, со разликата што веќе 2 години по ред не сум обврзан со договор.

Тие кои не се задоволни од квалитетот на услугата треба да се јават во контакт центар и да се пожалат, а ако проблемот не биде решен, да се јават повторно, и повторно, и повторно... се` додека не им биде решен проблемот.
[/sarcasm] ееј, стварно, како мене не ми текна ова [sarcasm]
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
[/sarcasm] ееј, стварно, како мене не ми текна ова [sarcasm]
Очигледно не знаеш како да им се качиш на глава, бидејќи тоа е клучот за да те сфатат сериозно.

Еден пријател мој никогаш не пропушта шанса да им се јави и да им се пожали за било што. До бескрај ги демнееше јавувајќи им се во контакт центарот на кабелската телевизија, па потоа и на Македонски Телеком, односно тогашен Ти-Хоум, кога користевме АДСЛ Интернет од кај нив, па сега повторно и со Вип ТВ, не ги остава да дишат на раат, за да го сфатат сериозно и го решат проблемот, или во спротивно ќе продолжи да ги демнее телефонски.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
641
Поени од реакции
510
Крајот на јули зедов комбо 4с и ми дадоја гратис 1 месец балкан+ и пинк пакетите. Помина месец ама уште се активни. Автоматски ми е продолжено со доплата или има грешка? Да не ми наплатат?
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Крајот на јули зедов комбо 4с и ми дадоја гратис 1 месец балкан+ и пинк пакетите. Помина месец ама уште се активни. Автоматски ми е продолжено со доплата или има грешка? Да не ми наплатат?
Најверојатно автоматски ти се продолжени и ќе треба да ги доплатиш, врти или иди во салон да ти ги деактивираат, иначе ќе ти земат 200 денари како ништо :)
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
641
Поени од реакции
510
Најверојатно автоматски ти се продолжени и ќе треба да ги доплатиш, врти или иди во салон да ти ги деактивираат, иначе ќе ти земат 200 денари како ништо :)
Се јавив ми рекоја требало да се деактивират сами сум имал среќа демек немало ништо да се доплаќа дур тера да тера
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Се јавив ми рекоја требало да се деактивират сами сум имал среќа демек немало ништо да се доплаќа дур тера да тера
Сомнително, не им верувам :D Ама терај ако така ти рекле.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Дали рутерите што ги даваат со комбо пакетите можат да се користат како мрежен харддиск ако им се стави УСБ стик?
Веројатно мислиш на NAS (Network attached storage) што е многу фин принцип, и мене ме заитересира со ова.
Да, може.

Се разбира, ќе мора компјутерот да е директно поврзан со рутерот преку мрежен кабел или безжично - ова се подразбира секако, но мора да се потенцира доколку планираш да користиш свој втор рутер за појак безжичен мрежен сигнал, бидејќи преку вториот рутер нема да можеш да пристапиш до USB меморијата или USB хард дискот.

И се разбира, ќе треба да го конфигурираш рутерот за да дозволува пристап до податоците на USB меморијата или USB хард дискот.
 
D

deli

Гостин

Во кој дел конкретно треба да поднесам сетинзи кај рутерот да е достапна УСБ меморијата до сите уреди кои ми се у мрежа?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Во кој дел конкретно треба да поднесам сетинзи кај рутерот да е достапна УСБ меморијата до сите уреди кои ми се у мрежа?
Ќе отвориш http://192.168.100.1/ со лозинка admin, без корисничко име, и на почетната страница што ќе се отвори, ќе кликнеш најдесно на линкот USB.

Од листата од лево ќе кликнеш на Storage Advanced и во табелата Protocols каде што под Access Method дава Windows Network Connection, десно под линк ја дава мрежната адреса на USB уредот, секогаш започнува со две коси црти \\ .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom